Талибанците бараат нивниот кандидат да биде амбасадор на Авганистан во ОН


Меѓународно непризнаената талибанска влада во Кабул повторно ги повика Обединетите нации да го признаат нивниот кандидат за претставник на Авганистан во таа меѓународна организација. Талибанскиот кандидат Сухаил Шахин синоќа на Твитер објави дека местото авганистански амбасадор во ОН треба да му биде доделено на претставник на талибанската влада. „ОН се големо светско тело и нивниот […]

Меѓународна изложба „Сè што ни е заедничко“ во МСУ


Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“. Ќе бидат изложени дела од 11 интернационално признати уметници: Францис Алис (Белгија), Марва Арсаниос (САД), Шерон Хејс (САД), Артур Џафа (САД), Хива К (Ирак), Јонас Стаал (Холандија), Ву Цанг (САД), Дардан Жегрова (Косово), како и македонските уметници Кристина Божурска, ОПА (Опсесивно […]

Опозицијата бара техничка влада и предвремени избори, власта е за редовни во 2024 година


Опозицијата бара актуелната власт да замине, да се формира технички кабинет кој би управувал до распишување предвремени парламентарни избори на пролет следната година. Смета дека актуелната власт лошо менаџира за државата. Од власта пак велат дека парламентарното мнозинство е стабилно, Владата има полн мандат, а следните избори треба да се одржат во редовниот термин во […]

Променливо облачно, студено и ветровито, на места ќе провејува снег


Времето во земјава ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување снег. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени. Во Скопје претежно облачно и студено со засилен северен ветер. […]

Антикризните мерки спречија поголеми отпуштања, но поради пандемијата неизвесноста се уште постои


Меѓународниот монетарен фонд излезе со оценка дека антикризните мерки во земјава го ублажиле влијанието на пандемијата врз економијата и спречиле да дојде до поголеми отпуштања од работните места. Од оваа меѓународна финансиска институција очекуваат економското заздравување да продолжи и во 2022 година, но предупредуваат дека се уште постои неизвесност поради пандемијата поради што препорачуваат политиките […]

Кевин Дурент најдобар кошаркар во САД за 2021 година


Откако го освои својот трет олимписки златен медал изминатото лето на Игрите во Токио, Кевин Дурент е прогласен за кошаркар на годината во САД за 2021 година. – Толку многу големи спортисти произлегуваат од кошарката во САД и општо репрезентациите во сите спортови, и затоа да се биде избран за еден од врвните спортисти е […]

Фаучи вели дека редефинирањето на целосно вакцинираните е „на маса“


Редефинирањето на тоа што значи да се биде целосно вакциниран против Ковид-19 е секако „на маса“, рече д-р Ентони Фаучи во петокот. Зборувајќи за „Squawk Box“ на CNBC, главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден рече дека нема сомнеж дека оптималната вакцинација е со засилена доза. Во моментов, се смета дека поединците се целосно вакцинирани […]

Груевски од Будимпешта фрла громови и дрвја за процесот „Плацеви на Водно“


Изгледа дека бегалецот во Будимпешта најревносно го следи процесот за плацевите на Водно од сите во Македонија. Како да нема никаква друга работа во унгарскиот главен град и некако се претставува како адвокат на самиот себеси во овој случај. Денеска по исказите на двајца сведоци во случајот „Плацеви на Водно“ тој нашироко преку Фејсбук го […]

Белата куќа ги разгледува предлозите испратени од Москва за гаранции за безбедност во Европа


САД се запознаа со предлозите што Русија вчера ги испрати до НАТО и САД и моментално ги разгледуваат со европските сојузници, изјави денеска Џен Псаки портпаролката на Белата куќа. Псаки одговараше на прашања на новинари во претседателскиот авион кој полета за Јужна Каролина, истакнувајќи дека „преговори за европска безбедност не може да има без учество […]

СЗО ја одобри вакцината на „Новавакс“ против корона вирус


Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри вакцината против коронавирус на американската компанија Новавакс и Серум институтот во Индија, што ја отвори вратата за нејзино вклучување во програмата Ковакс. . Вакцината позната како Ковавакс (CovavaxTM) е деветта одобрена од СЗО за итна употреба. Иако долго се очекуваше дека вакцината Ковавакс ќе придонесе за зголемување на […]

Опскурна фирма во Македонија шпионирала луѓе преку Фејсбук


  Фејсбук откри компании кои шпионирале новинари и политичари, а меѓу државите каде што тоа се случувало се и Македонија и Србија. Во својот извештај од 16 декември, компанијата „Мета“, која е сопственик на социјалната мрежа Фејсбук, откри неколку платенички компании за шпионирање на корисници, новинари и политичари. Седумте компании кои „Мета“ ги идентификуваше во […]

Досега највисока казна затвор за бунтовник од Капитол – 5 години


  ВАШИНГТОН – Бунтовник од Капитол, кој на 6 јануари ги нападна полицајците кои се обидуваа да ја задржат гневната толпа, беше осуден во петокот на повеќе од пет години зад решетки, најмногу досега за сите осудени во бунтот. Роберт Палмер (54) од Ларго, Флорида, плачеше кога ѝ кажуваше на американската окружна судијка Тања Чуткан […]

Британија трет ден по ред со нов рекорд – 93.045 нови ковид случаи


  Велика Британија денеска пријави 93.045 нови случаи на ковид, соборувајќи го дневниот рекорд трет последователен ден. Пријавени се и 111 нови смртни случаи од ковид и 7.611 пациенти во болница, од кои 875 биле на респиратори. Тоа доаѓа откако вчера беа пријавени 88.376 нови случаи и 78.610 нови случаи претходниот ден, и двата ги […]

(Видео) Драматично бегство од пожар: Тинејџери се спуштаа по олук од четврти кат


  Во станбена зграда во Њујорк, САД на Менхетен изби голем пожар, пренесе РТС. Момче на возраст од 13 години и 18-годишна девојка успеаја да побегнат од огнената стихија спуштајќи се низ олукот на зградата. FDNY Assistant Chief Michael Ajello provides an update from this morning’s 2-alarm fire at 118 Avenue D in Manhattan. Read […]

Британски научници ги утврдија симптомите на омикрон варијантата на корона вирус


Најчести симптоми на новата варијанта на корона вирус, омикрон, се течење на носот, главоболка, кивање, замор и болка во грлото, тврдат британски научници и предупредуваат дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на овие симптоми за да не се припишуваат само на настинка туку и на можна зараза со омикрон сојот. Научниците посочуваат дека симптомите […]

Ферстапен продава еден од своите автомобили за добротворни цели


Светскиот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, собира пари за добротворни цели продавајќи еден од болидите што ги возел во своето слободно време. Холандскиот тркач ја продава својата Honda Civic Type R на CarNext, платформа за онлајн продажба на автомобили и еден од неговите спонзори. Автомобилот на Ферстапен ќе се продава на 23 декември во […]

МАЛМЕД: Рокот на вакцините на „Фајзер“ е продолжен од шест на девет месеци


Европската Агенција за лекови (EMA) го продолжи рокот на употреба на вакцината Comirnaty од шест на девет месеци. -Согласно, извршената промена, носителот на одобрение Pfizer SRB d.o.o поднесе документација за одобрување на варијацијата и во Република Северна Македонија и истата е одобрена на 20.10.2021 година од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства. На 29.11.2021 година, Комисијата за безбедност и огласување при […]

Агенцијата за филм ќе ги поддржи долгометражните играни филмови на Игор Алексов и Сабедин Али


На конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм (втор рок на одлучување) аплицираа вкупно 53 проекти (играни, документарни и анимирани), од кои 35 долгометражни и 18 краткометражни, информираат од Агенцијата за филм на Северна Македонија. Поддршка за реализација на мнозински долгометражни играни филмови добија дебитантските проекти на режисерот […]

Франција ќе бара ЕУ да покрене тужба против Британија поради риболовните дозволи


Француските власти денеска најавија дека ќе побараат од Европската унија да покрене тужба против Велика Британија поради повеќемесечниот спор меѓу Лондон и Париз за правото на риболов. По средбата меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и претставниците на француските рибари, Париз соопшти дека ќе побара состанок меѓу Партнерскиот совет ЕУ-Велика Британија, политичкото тело задолжено за прашањата […]

Алтернатива: Благодарност до Мицкоски, но ние сме дел од еден друг процес


Предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидерот на Алтернатива Африм Гаши да биде мандатар за состав на нова Влада, наместо новиот лидер на СДСМ Димитар Ковечевски, за Алтернатива е неприфатлив од причина како што велат за МИА, партијата е дел од еден друг процес. – Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон […]