(Видео) Драматично бегство од пожар: Тинејџери се спуштаа по олук од четврти кат


 

Во станбена зграда во Њујорк, САД на Менхетен изби голем пожар, пренесе РТС.

Момче на возраст од 13 години и 18-годишна девојка успеаја да побегнат од огнената стихија спуштајќи се низ олукот на зградата.

Пожарот, како што соопштија од њујоршката противпожарна служба, зафатил стан на четврти кат во станбена зграда на Менхетен, а пожарот го гаселе 180 поожарникари.

Двајца тинејџери, кои биле заробени во една од просториите од станот, одлучија да излезат низ прозорец и да се спуштат низ олукот. Од пожарникаската служба рекоа дека момчето и девојката успешно се спуштиле.

Покрај напорите на пожарникарите, во пожарот загина едно лице, а седум се повредени.