Земјите од Северна Европа не веруваат во безбедносните гаранции на Русија


  Скандинавските и балтичките министри за одбрана оценија дека западните земји во никој случај не треба да се согласат со руските предлози за безбедносни гаранции во Европа, се вели во соопштението на естонското Министерство за одбрана. На состанокот присуствуваа воените министри на Финска, Естонија, Шведска, Данска, Норвешка, Летонија, Литванија и Исланд. „Министрите за одбрана на […]

Анализа: Швајцарскиот франк, јенот и данската круна се најстабилните валути во светот


Франкот, јенот и данската круна се најстабилните валути во светот и не им се заканува девалвација, изјави Михаил Шулгин, шеф на глобалното истражување во рускиот Откритие инвестментс. Американскиот долар останува доминантна резервна валута. Од почетокот на 1970-тите, индексот на доларот во однос на кошницата на главни валути ретко се зголемуваше или опаѓаше за повеќе од […]

ССМ бара минимална плата од 18.000 денари од 1 јануари, ако нема ќе повика на генерален штрајк


Сојузот на синдикатите на Македонија денеска соопшти дека во рамките на активностите кои следат по одржаниот голем работнички протест, до Министерството за труд и социјална политика и Координаторите на пратеничките групи во Собранието доставил Предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата во […]

Во САД отпуштени од работа 103 маринци, одбиле вакцина против Ковид-19


Маринскиот корпус во САД отпушти 103 припадници на службата затоа што одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19, откако војската почнува да спроведува извршни дејствија за спроведување на одлуката за задолжителна вакцинација на војниците, јави Си-Ен-Ен. Досега, 95 отсто од активните маринци се вакцинирани, покажуваат најновите податоци од Маринскиот корпус, но службата сè уште ги […]

Општина Илинден почна со изградба на фекална канализација во делот на населба Јака и околината


Општина Илинден почна со реализација на капиталниот проект за изградба на фекална канализација во делот на населба Јака и околината, во должина од околу 7600 метри, а со изградбата на фекалната канализација ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината. Како што се наведува во соопштението на Општината, според градоначалникот на Илинден, Александар […]

Инфлуенсери – вредноста на оваа индустрија само расте, а сега потпишан важен документ


Во Хрватска потпишан е првиот етички кодекс за инфлуенсерите. Кодексот го потпишаа девет хрватски инфлуенсери и со тоа станаа прва светска генерација „добри инфлуенсери“, односно прво “The Good influense Movement” воопшто. Ника Илиќ, Фран Лауѓ, Алма Буниќ, Матеа Фрајсбергер, Јелена Марковиќ, Ана Уде, Марио Рот, еон Зриле и Марина Орсаг се амбасадори на проектот, се […]

Мигрантите сочинуваат 3,6 отсто од светското население


Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мигрантите, а според Меѓународната организација за миграција (ИОМ) лани имало повеќе од 280 милиони луѓе со статус на меѓународен мигрант, што претставува 3,6 отсто од светското население. Меѓународниот ден на мигрантите се одбележува на 18 декември со одлука на Генералното собрание на ОН во 2000 година и […]

Колку ќе поскапи струјата – РКЕ анализира, политичарите лицитираат


За колку ќе се зголемат сметките за електрична енергија по Нова година, е едно од најжешките прашања што ги преокупираат граѓаните, кои и онака секојдневно се соочуваат со нови повисоки цени за основните производи и услуги. Прогнозирањето, или поточно лицитирањето  на новата цена на струјата стана омилена тема на политичарите – опозицијата ја заплашува јавноста […]

Над 20 загинати во тајфун на Филипините


Најмалку 20 луѓе загинаа во налетот на супертајфунот Раи на Флипините, утрово го соопшти локалната служба за итни случаи новиот биланс. Повеќе од 300.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови од четвртокот, кога ветерот на островот Сијарго достигна 195 километри на час. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат 18.000 припадници на армијата, крајбрежната […]

Германскиот министер за здравство лично вакцинираше две деца против Ковид


Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах лично вакцинираше две деца за време на посетата на центарот за вакцинација во Хановер, јави телевизијата Велт. Оваа недела во Германија започна вакцинацијата на деца на возраст од 5 до 11 години. Вакцинацијата беше одобрена од Европската Унија и Германскиот експертски совет за вакцинација. Лаутербах го посети центарот за […]

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку Стража


Забрана за тешки товарни возила поради интензивни врнежи од снег е воведена изутринава во 04:50 часот на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Стража. Како што соопшти АМСМ од 03:45 часот на патниот правец Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. На 15 декември од 10:00 часот, патниот […]

Порошенко ја напушти Украина набргу по обидот да му се достави покана за распит


Поранешниот украински претседател Петро Порошенко ја напушти Украина откако Државното истражно биро се обиде да му достави покана за сослушување за случајот со испораки на јаглен од дел на Донбас, кој не е под контрола на Киев. Оваа информација, која претходно се појави во украинските медиуми, ја потврди и Европската партија за солидарност на Порошенко. […]

Кој продаде најмногу автомобили во ЕУ


Во ноември 2021 година, регистрациите на нови автомобили во Европската унија паднаа петти последователен месец оваа година (-20,5 проценти), на вкупно 713.346 продадени единици. Во однос на обемот, овој резултат го означи најнискиот вкупен износ од 1993 година. Двоцифрен пад е забележан на многу пазари во ЕУ, вклучувајќи три од четирите главни: Германија (-31,7%), Италија […]

Немало отстапки, туку надградба на бугарската позиција кон Македонија, вели Петков


Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за неделната емисија Панорама на Бугарската национална телевизија во врска со спорот меѓу Софија и Скопје, вели дека не станува збор за процес на отстапки, туку за процес на надградба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на прашањето дали Бугарија треба да направи отстапки за Република Северна […]

Вучиќ за Македонците: Ние го прифаќаме нивниот јазик и нација, им посакуваме се најубаво


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа најави дека претстојната средба „Отворен Балкан“ во Тирана ќе донесе многу добри и важни заклучоци, многу придобивки за сите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. -Веруваме дека се приближуваме до она што многу ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и […]

Косово: Уапсени две лица кои му се заканувале на новинарот кој ги нарече криминалци членовите на „Кумановската група“


Косовската полиција уапси две лица кои упатиле смртни закани кон новинарот Вехби Кајтази, поради тоа што ги нарече криминалци членовите на таканаречената „Кумановска група“, односно косовските државјани кои ги предизвикаа крвавите инциденти во мај 2015 година во кумановско Диво Насеље, јави дописникот на МИА од Приштина. Во допис до Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК), […]

Силен земјотрес на југот на Грција, се почувствувал од Атина до Крит


Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала погоди делови од јужна Грција. Епицентарот на земјотресот бил меѓу Пелопонез и Крит. Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центарот на земјотресот бил на длабочина од 58 километри. Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван на целиот потег од Атина до Крит. Нема извештаи за повредени […]

„Ритамот во себе“ мултимедијална продукција за млади во Филхармонија


„Ритамот во себе“ е мултимедијална продукција за млада публика на возраст од 11 до 14 години која премиерно ќе биде изведена денеска напладне во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се делата за перкусии во изведба на Антоние Весковски, Благоја Антовски, Атанас Алексов, Влатко Митев, Иван Узунов, Теодор Теодосиевски, Зорица Здравковиќ и Кораб Хајдари . […]

Словенечкиот парламент ја отфрли интерпелацијата против министерот за животна средина


Словенечкиот парламент ја отфрли интерпелацијата против министерот за животна средина и просторно планирање Андреј Визјак, по повеќечасовна расправа што траеше до доцна синоќа. За негова смена гласаа 43 пратеници од опозициската партија, три помалку од потребното мнозинство, во нов обид на левичарската опозиција да ја ослабне владата на Јанез Јанша пред парламентарните избори што претседателот […]

Дисциплинирањето на децата не значи и нивно казнување


Родителите често не прават разлика помеѓу дисциплинирање и казнување на децата. Додека, дисциплината подразбира подучување и охрабрување на детето кон размислување пред делување и градење самоконтрола, казната, од друга страна, која најчесто се подразбра како физичко казнување преку удирање, испраќа пораки кои водат до деструктивни заклучоци на детето за себе и за другите, вели во […]