Инфлуенсери – вредноста на оваа индустрија само расте, а сега потпишан важен документ


Во Хрватска потпишан е првиот етички кодекс за инфлуенсерите.

Кодексот го потпишаа девет хрватски инфлуенсери и со тоа станаа прва светска генерација „добри инфлуенсери“, односно прво “The Good influense Movement” воопшто.

Ника Илиќ, Фран Лауѓ, Алма Буниќ, Матеа Фрајсбергер, Јелена Марковиќ, Ана Уде, Марио Рот, еон Зриле и Марина Орсаг се амбасадори на проектот, се веселат на своите друштвени одговорности и се надеваат дека наскоро ќе им се придружат многу инфлуенсери, пишува Пословни дневник.

„Горда сум што овој прокет не само што успеа да ги собере инфлуенсерите на работилници, туку и да ги одушеви на сите нивоа. Едвај чекам да не има полно во „војската“ добри инфлуенсериза да што побрзо, посилно и пошироко би можеле да донесеме позитива и да го менуваме нашиот свет на подобро“, вели Марина Орсаг.

Инаку, The Good influense Movement ги мотивира и ги обврзува инфлуенсерите да се посветат на одговорно општествено длеување низ процес на сертификација кој вклучува едукација во подрачјето на психологијата, социологијата, етиката и јавните комуникации. Движењето ќе има и група стручњаци кои може да пружат поддршка, интерпретација и да доделат или одземат сертификат.

Според податоците на Hype auditor, вредноста на инфлуенсерскиот маркетинг и понатаму расте – од 2019 година до денеска порасна во светот од 6,5 на 13,8 милијарди долари. Тоа докажува дека бренфовите не треба повеќе да се премислуваат околу користењето на инфлуенсерите во својата промоција.

Во огдината пред нас “social commerce” ќе отвори нови можности за спонзорирана содржина. Брендовите ќе се фокусираат на изградба долгорочни односи, нано и микро инфлуенсерите ќе привлечат повеќе внимание. Иако, виртуелните инфлуенсери можеби не се вистински, нивното влијание дефинитивно е, а примери на добра пракса имаат брендови како UGG, Prada и Diesel.

Очекувано е да продолжи трендот на вработени инфлуенсери, поради постојаната потреба од автентична содржина. Брендови како H&M и Starbucks, веќе се свесни кога вработениот го поддржува брендот, потврдата за неговиот квалитет или посакуваност го прави поискрен, што има поголема сила отколку кога некој работи платена промоција.