Кој продаде најмногу автомобили во ЕУ


Во ноември 2021 година, регистрациите на нови автомобили во Европската унија паднаа петти последователен месец оваа година (-20,5 проценти), на вкупно 713.346 продадени единици. Во однос на обемот, овој резултат го означи најнискиот вкупен износ од 1993 година.

Двоцифрен пад е забележан на многу пазари во ЕУ, вклучувајќи три од четирите главни: Германија (-31,7%), Италија (-24,6%) и Шпанија (-12,3%). Франција забележа поскромен пад од -3,2% минатиот месец. Бугарија, Ирска и Словенија беа единствените пазари на ЕУ кои забележаа раст, пренесува Банкар.ме.

Влијанието на недостигот на чипови врз производството на возила резултираше со пад од -0,04 отсто во првите 11 месеци од оваа година, и покрај рекордно ниското основно ниво во 2020 година.
Најмногу возила во ноември продаде Volkswagen Group 152.848, но ова е огромен пад од 33,7 отсто во однос на истиот месец лани. Истата група е во водство кога станува збор за вкупниот резултат за 11 месеци годинава со 2.251.970 продадени автомобили (-1,6 отсто).

Следат Stellantis (Peugeot, Fiat, Citroen…), Renault Group, Hyundai Group, BMW, Toyota, Daimler…

Целосната палета на автомобили продадени во ЕУ во ноември, како и во 11 месеци од оваа година, погледнете ја табелата: