Банките и штедилниците ќе ги изгасат светлечките реклами во наредните 30 дена


Банките и штедилниците, членки на Македонската банкарска асоцијација во наредните 30 дена ќе ги изгасат светлечките реклами на нивните објекти и на тој начин ќе придонесат за заштеда на електрична енергија, соопшти МБА.  „Откако на 9. 11. 2021 година Владата на Република Северна Македонија прогласи кризна состојба во енергетската енергетскиот сектор во траење од 30 […]

Работилница за улогата на граѓаните во планирање на јавните простори и придонес за подобри општини


Здружението КАЖИ КОГА – Центар за инклузивен развој Скопје денеска организира работилница во рамки на проектот „Наш град“, поддржан од Амбасадата на САД. Проектот има за цел да им овозможи на граѓаните преку примери како можат на различни начини да бидат вклучени во планирањето на јавните простори и како можат да придонесат за подобри општини. […]

Милошоски бара Заев да обезбеди „мирна транзиција на власта“


Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ порача денес дека времето на Зоран Заев помина и дека  во текот на утрешниот ден во Собранието на Владата ќе и биде изгласана недоверба. -Му порачуваме на Заев, премиерот во заминување, и на неговите најблиски соработници Филипче и Оливер Спасовски да се спремат за мирна транзиција на власта, за испорачувањето на […]

Од Ковид-19 во моментот боледуваат 1.068 деца


Од 8.006 активни случаи со Ковид-19, 1.068 се деца, потенцира денеска министерот за здравство Венко Филипче. „Во врска со состојбата кај децата и во училиштата, на ниво на цела држава активни случаи на заразени деца со ковид-19 има 1.068 и тие се на возраст до 18. Во болницата во Козле хоспитализирани се 23 деца, а […]

Филипче: Не размислувам за оставка


Министерот за здравство Венко Филипче не размислува да поднесе оставка поради актуелните случувања во СДСМ. -Не, не размислувам во таа насока, кусо одговори Филипче на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која соопшти детали за КОВИД-состобата во земјава. На прашањето, пак, дали некој ќе понесе одговорност, морална или кривична, за трагедијата во тетовската модуларна болница […]

Муцунски го осуди вандалскиот чин во Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, го осуди уништување на автомобилот на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Муцунски на својот фејсбук профил напиша дека како градоначалник  и како граѓанин го осудува овој вандалски чин и вакви нешта во општината не смее да се случуваат.  Според него, сепак проблемот е во Министерството […]

Во петок состанок на Комисијата за заразни болести, Филипче смета дека не се потребни нови мерки


Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во петок, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на КОВИД-состојбата во земјата, но Филипче лично смета дека нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација. Министерот […]

Елон Маск загуби 50 милијарди долари за два дена


Елон Маск загуби 50 милијарди долари оваа недела откако акциите на неговата компанија Tesla Inc. имаа пад на вредноста втор ден по ред. Тоа е најголемиот пад за два дена откако се мери личното богатство според индексот на милијардери на Блумберг и најголемиот еднодневен пад кога Џеф Безос изгуби 36 милијарди долари веднаш по разводот […]

Матичните лекари ќе повикуваат на вакцинација против Ковид-19


Матичните лекари треба да пратат известување до своите пациенти кои досега не се вакцинирале против Ковид-19, да се јават на вакцинација. – Во однос на мерките, со оглед на ситуацијата во регионот, треба целокупните процеси да продолжат со превентивните мерки и вакцинација. Денеска пративме барање до сите матични лекари да ги поканат сите невакцинирани, да […]

Кандидат за претседател на Бугарија во посета на Македонија


 Независниот кандидат за претседател на Бугарија предложен од иницијативата „Правда за секого“ и поддржан од Демократска Бугарија, Лозан Панов, денеска ќе го посети Скопје, каде според најавите ќе има средби „со пријателите на Бугарија и со претставници на македонските Бугари на кои ќе се разговара за иднината на бугарско-македонските односи“. Предвидено е Панов да биде […]

Филипче: Разговаравме со „Мерк“ за лекот против Ковид-19


Македонските здравствени власти разговарале со претставници на компанијата „Мерк“ за набавка на антивирусниот лек против Кови-19, за кој се очекува во петок Американската агенција за за храна и лекови  да дозволи употреба – Разговаравме за новиот антивирусен лек со „Мерк“. Таков лек разива и „фајзер“, но за него не се завршени клиничките испитувања. Ова се […]

„Ко + егзистенција, со + чувство“ – изложба на Мице Јанкуловски и Јоргос Ксенос во Солун


Од утре до 9 декември годинава во галеријата „Лола Николау“ во Солун ќе биде поставена изложбата „Ко-егзистенција, со + чувство“ на уметниците Мицко Мице Јанкуловски од нашата земја и Јоргос Ксенос од Грција. Куратор на изложбата е Манос Стефанидис.   – Мислам дека никогаш не ми ни паднало на памет да пишувам предговор за уметничка […]

Германскиот извоз падна втор месец по ред, увозот стагнира


Германскиот извоз повторно падна во септември, втор месец по ред, додека увозот речиси стагнираше, покажа во вторникот извештајот на заводот за статистика Дестатис. Сезонски прилагодениот извоз на тој начин се лизна за 0,7 отсто во однос на август, на 117,8 милијарди евра. Истовремено, увозот пораснал за 0,1 отсто на 101,6 милијарди евра. Во август извозот […]

ИФИМЕС: Албанците ја даваат Македонија во руски раце?


Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) го анализира гласањето за доверба на Владата во Македонија и притоа оценува дека пред очите на македонската и меѓународната јавност се одвива завршната фаза од тајната разузнавачка операција „Коњички скок“, која има крајна цел враќање на Никола Груевски  и соборување на актуелната власт. Еве што пишува ИФИМЕС: […]

Јавен повик за ангажирање невработени за проектот „Образование за сите“ во Центар


Во тек е јавниот повик на Општина Центар за ангажирање на невработени лица во проектот „Образование за сите“. Проектот има за цел да ангажира невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат за работно ангажирање како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, кои се вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија […]

До недела стабилно време, во понеделник врнежи од дожд


До недела во земјава ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата. Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд.

Студенти преведоа помалку познати текстови од Достоевски – достапни се онлајн


Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и Рускиот центар при УКИМ во периодот од 11 до 16 ноември организираат ред настани по повод 200 години од раѓањето на еден од најпознатите руски писатели од 19 век – Фјодор Михајлович Достоевски. Од Рускиот центар при УКИМ соопштија дека одбележувањето на јубилејот ќе […]

ТИРЗ ги претстави можностите за инвестиции и новиот концепт пред водечките луѓе од автомобилската бранша


ТИРЗ се претстави на петнаесеттиот конгрес на автомобилската индустрија во организација на престижниот германски магазин „Аутомобилвохе“ на кој се среќаваат водечките луѓе од автомобилската бранша. На конгресот во Лудвигсбург, ТИРЗ го презентира новиот концепт за поттикнување на инвестиции и можностите за инвестирање во Северна Македонија. На штандот на ТИРЗ  посетителите изразија посебен интерес за новиот […]

Телеком Србија отвора филијала во Македонија на 16 ноември


Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, денеска најави дека Телеком на 16 ноември ќе ја отвори првата експозитура во Северна Македонија и најави отварање на редакција на Блумберг Адрија за бизнис вести во Скопје, јави дописникот на МИА од Белград. -Почнуваме со сателитска телевизија, а во март или април почнуваме и со мобилна телефонија […]