Од Ковид-19 во моментот боледуваат 1.068 деца


Фото: Б. Грданоски

Од 8.006 активни случаи со Ковид-19, 1.068 се деца, потенцира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Во врска со состојбата кај децата и во училиштата, на ниво на цела држава активни случаи на заразени деца со ковид-19 има 1.068 и тие се на возраст до 18. Во болницата во Козле хоспитализирани се 23 деца, а само две деца се на кислородна поддршка. Хоспитализирано е и едно 2 месечно бебе, но нема дете во критична состојба. Нема значајно отстапување на бројот на прегледи. Скринингот е завршен во најголемиот дел од училиштата и само 15 ученици биле позитивни на вирусот”, соопшти Филипче.

Уверува дека онаму каде што се почитуваат протоколите, односно дека носењето маска, дистанцата и вакцинацијата штитат од вирусот.