Филипче: Разговаравме со „Мерк“ за лекот против Ковид-19


Македонските здравствени власти разговарале со претставници на компанијата „Мерк“ за набавка на антивирусниот лек против Кови-19, за кој се очекува во петок Американската агенција за за храна и лекови  да дозволи употреба

– Разговаравме за новиот антивирусен лек со „Мерк“. Таков лек разива и „фајзер“, но за него не се завршени клиничките испитувања. Ова се лекови кои никако не ја менуваат вакцината. Не се одобрени. За лекот на „Мерк“ завршени се клиничките испитувања, а в петок американскиот центар ќе каже дали дозволува употреба. За „Фајзер“ клиничките испитувања не се завршени – рече министерот Венко Филипче, на денешната прес конференција.

Се работи за „молнупиравир“, за кој Министерството за здравство информираше дека ќе го набави  уште во октомври. Министерството проактивно стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе почнат преговорите за негова набавка.

Лекот „молнупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат. Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот Ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2.