Муцунски го осуди вандалскиот чин во Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, го осуди уништување на автомобилот на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Муцунски на својот фејсбук профил напиша дека како градоначалник  и како граѓанин го осудува овој вандалски чин и вакви нешта во општината не смее да се случуваат.  Според него, сепак проблемот е во Министерството за внатрешни работи оти полицијата не врши редовни патроли.

„Почитувана госпоѓа Јанчева, досега неколку пати реагираме како општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром и слабите контроли, неприсуството на полиција на терен и не добиваме никаков одговор. Во мојата програма нема опции од една или друга страна, сите се исти и затоа работиме со сите сили за една поинаква општина, на која сите ќе сме горди. Ги повикувам институциите да преземат мерки, а ние ќе ги интензивираме нашите соработки со институциите за безбеден Аеродром за сите“, напиша Муцунски.