Полиција во ГТЦ – откриена операција за нелегално копање криптовалути


Голема полициска операција е во тек во подрумот во Градскиот трговски центар во Скопје, каде според засега неофицијални информации,  се спроведувала операција за нелегално копање криптовалути. Десетина компјутери биле на диво приклучени без дозвола на струја во ГТЦ а самиот процес на ‘”копање” криптовалути троши големо количество струја. Се очекуваат повеќе информации во текот на […]

Што облече Адел за интервјуто со Опра и за „камбек“ концертот?


САД– Моќното дуо се сретна за прв пат за време на неделната специјална емисија на CBS за Adele One Night Only во домот на британската поп-ѕвезда во Лос Анџелес, а подоцна седна да разговараат во градината со ружи на Опра Винфри за сè што е поврзано со Адел, од нејзината нова вита става, до разочарувањето […]

Образовните асистенти ќе може да се вработуваат на неопределено време


Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, со цел, меѓу другото, да се подобри квалитетот на инклузивното образование преку допрецизирање на постапката за вработувањето на образовните асистенти, како и можноста да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време. Со предложените измени се пропишува […]

Нови 524 случаи на Ковид-19 од 3.126 тестирања, деветмина починати


Нови 524 случаи на Ковид-19 од  3126 тестирања, 565 оздравени и девет починати пациенти се регистрирани во изминатите 24 часа. Министерството за здравство информира дека дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се и осум починати лица со датум на смрт од 24 октомври до 13 ноември 2021. Од […]

Нов апел до јавноста да внимава на лажните профили во име на првата дама Ѓоргиевска


Лажен профил на Фејсбук со име на сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски повторно бил отворен деновиве, пак со името Елизабета Пендаровска, а не Ѓоргиевска. Од овој профил се злоупотребуваaт лични информации на граѓаните и на него има објавено повеќе лажни постови, со кои се манипулира народот дека ќе се изберат 100 добитници по […]

Обезбедени дополнителни 284,9 милиони денари за поддршка на нови 1.216 вработувања во реалниот сектор


Владата денеска го разгледа и прифати ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година. Со ревидираниот Оперативен план обезбедени се дополнителни средства за активни програми и мерки за вработување со ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 284.960.000 денари за да […]

Во Истанбул уапсен осомничениот за атентатот на претседателот на Хаити


На аеродромот „Истанбул“ во Турција денеска е уапсен Самир Хандал, осомничен за атентатот на претседателот на Хаити Жовенел Моиз, јави Анадолија. Хандал, за кого Интерпол распиша црвена потерница, патувал од САД во Јордан преку Истанбул, а приведен е на аеродромот во 6:55 часот по локално време. Според инструкциите од Министерството за правда, осомничениот со налог […]

Речиси 90 отсто од граѓаните не го виделе општинскиот буџет


Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) на денешната панел дискусија „Подобрување на процесите на локално буџетирање во Северна Македонија“ презентираше наоди од истражување и индексот на отвореност на општините. Фокусот на истражувањето беше ставен на афирмирање на четири главни компоненти: транспарентност, отчетност, вклученост и поддршка на маргинализираните групи во процесот на планирање и реализирање на […]

Охрид најотворена општина во државава, најзатворена Пласница


Најотворени општини во државава се Охрид со индекс од 51 отсто, Василево со 48 отсто и Кочани со 48 проценти, додека најзатворена општина е Пласница со индекс од три отсто, покажуваат резултатите од Индексот на отвореност на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за 2021 година, презентирани денеска од Фондацијата Метаморфозис во рамки на […]

Измени во Законот за здравствена заштита – специјалистите ќе заработуваат повеќе, нема трчање по нова ординација ако се пензионира матичниот лекар


Крупни промени во здравствениот систем, гарантираат новите измени на Законот за здравствената заштита, кој денеска беше усвоен на седница на Владата, соопшти Министерството за здравство. Со новините во законската регулатива, како што се посочува, се отвора можноста лекарите да заработат уште повеќе, а услугите за пациентите да бидат подостапни. Од Министерството информираат дека сега со […]

Фајзер ќе им дозволи на други компании да направат сопствен лек


Швајцарија– Фајзер соопшти дека ќе ја даде лиценцата за лекот против Ковид-19 на организацијата Медисинс Патент Пул (Medicines Patent Pool) од Женева, која дополнително ќе даде дозволи на компаниите да го произведуваат лекот за употреба во 95 земји. Фармацевтската компанија Фајзер потпиша договор со организацијата на Обединетите нации да им дозволи на други производители да го прават […]

Епидемија на популизам: И Новаци нема да се украсува за Нова Година


Советот на Општина Новаци ја прифати иницијативата на градоначалникот Стевче Стевановски, буџетските средства планирани за новогодишно украсување на општината да се пренаменат и употребат за добротворни цели. Средствата ќе ги користат социјално загрозени семејства и жители на Општина Новаци, информираа од тамошната локална самоуправа. Советот на Општина Новаци одлучи да набави таблети за 14 деца […]

Македонија најотпорна на странско влијание во регионот


Евро – Атлантскиот Совет на Македонија беше дел од новото опширно истражување на ГЛОБСЕК поддржано од Стејт Департментот на САД кое ги анализираше точките на ранливост кон странско влијание во осум држави од Централна Европа и Западен Балкан: Северна Македонија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словачка.  Според наодите, Северна Македонија […]

Invest North Macedonia: За раст на компаниите е неопходен поголем извоз, Србија огромен потенцијал


Околу 20 отсто од потрошувачите во Србија купуваат македонски производи, најчесто вино, ајвар и свежо овошје и зеленчук, покажа истражувањето на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. Извештајот од Истражувањето на ставовите и перцепцијата на потрошувачите во Србија за македонски производи за широка потрошувачка достапни на српскиот пазар денеска го презентираше директорот на […]

Македонска бизнис делегација на деловни средби во Санкт Петербург во Русија


По речиси двегодишна пауза заради пандемијата со Ковид 19, бизнис делегација од земјава неделава престојува во Санкт Петербург на директни средби со руските добавувачи и купувачи на храна. Во организација на Македонско-руската стопанска комора и во соработка со „Центр закупок сетеи“ од денес до 18 ноември ќе се одржат разговори и билатерални бизнис средби со […]

Препродажбата на парцели за фотоволтаични централи води до опкружувањето на Мицкоски


СДСМ обвини денес дека препродажбата на парцели за фотоволтаични централи води до човек од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.   -Излегува на површина нов скандал во кои се поврзани функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Лица купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево и истите парцели само неколку денови подоцна ги продале и за 40 пати […]

Во февруари почнува со работа центарот за итни повици 112


Во февруари, место во декември ќе почне да функционира европскиот Центар за итни повици 112, во Македонија, најави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Во случај на несреќа, граѓаните ќе можат да се јават на овој број и да го пријават настанот. Во исто време, преку координација од Центарот за управување со […]

Дигитализацијата и забрзан економски развој во фокус на годинешниот Самит на Македонија 2025


Овој четврток, 18. ноември, во Скопје ќе се одржи десеттото јубилејно издание на Самитот на организацијата Македонија2025. Годинешниот Самит е организиран преку пет панели и едно главно интервју, а ќе има можност да се слушнат 28 одлични говорници. Истиот ќе биде организиран во хибридна форма, со публика од околу 100 гости во хотелот „Мариот“, каде […]

Алтернатива следната недела ќе одлучува за можно влегување во Владата


Алтернатива следната недела ќе реши дали ќе биде дел од новото парламентарно мнозинство, а одлуката за тоа дали партијата ќе влезе во Владата ќе биде донесена по најавената средба на партискиот лидер Африм Гаши со премиерот Зоран Заев. Гаши во изјава за „МКД.мк” посочува дека е започната внатрешна дебата во партијата од која треба да […]

Бесими повика на консензус и носење на законите од кои зависат инвестициите и економскиот раст


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на вториот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2022 година, уште еднаш апелира пратениците побрзо да ги усвојат законите кои подолго време се заглавени во собраниска процедура зашто од нив зависи, како што нагласи, реализацијата на повеќето инвестициски проекти. Неопходен е консензус, истакна Бесими. Политички поени нема да […]