Препродажбата на парцели за фотоволтаични централи води до опкружувањето на Мицкоски


Фото: Б. Грданоски
СДСМ обвини денес дека препродажбата на парцели за фотоволтаични централи води до човек од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.
 
-Излегува на површина нов скандал во кои се поврзани функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Лица купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево и истите парцели само неколку денови подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност за да на нив се изградат фотоволтаични централи.
 
Меѓу лицата опфатени со предистражната постапка на Управата за финансиска полиција е и таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.Според информациите од истрагата објавени во медиумите, едно од лицата кои препродало земјиште е и извесен Влатко И. кој е дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.
Другото лице кое препродавало ниви по 40 пати повисоки цени е извесен Дарко Т. советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево од 2013 до 2017 година.Мицкоски мора да одговори каква е неговата поврзаност и поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со овој скандал? Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања, прашуваат од владеечката партија.