Облачно и топло, од утре локален дожд
Денеска времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 19 Целзиусови степени, Маврово 17, Охрид 20, Битола 21, Крива Паланка и Кавадарци 20, Берово 22, Дојран 24. […]