Регистрирани нови 454 случаи на коронавирус, 14 починати лица


Фото: Б. Грданоски

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.019 тестирање, а регистрирани се 454 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 187, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 30, Штип – 29, Кавадарци – 25, Велес и Тетово – по 17, Охрид – 12, Кочани и Пробиштип – по 9, Крива Паланка и Ресен – по 7, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Богданци, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Струга и Струмица – по 3, Берово и Кичево – по 2, Виница, Гостивар, Дојран, Македонски Брод и Пехчево – по 1.