СДСМ обвинува дека веднаш почнало бркање од работа од општините


СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека едно зборува а друго прави наведувајќи примери дека уште во првите денови на мандатот новите градоначалници почнале да бркаат од работа луѓе кои се неистомисленици.
 
„Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини. Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел. Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром.
 
Останува фактот дека за разлика од пред четири години кога општините беа заглавени во долгови,  денес општините се во одлична финансиска состојба. Ако на градоначалниците на ВМРО- ДПМНЕ им се потребни јавни насоки за да работат, јасно е дека за нив поважен е Мицкоски од интересот на граѓаните“, велат од СДСМ.