Шекеринска и Брнз ќе се обратат пред припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група


Фото: Б. Грданоски

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод започнувањето на обуката на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група, армиската НАТО единица, со американски инструктори од 4-тата Бригада за поддршка на безбедносните сили во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Свое обраќање, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе има и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнз.