Александар Наумоски е горд што го препородил Ѓорче Петров


Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров и актуелен градоначалник, Александар Наумоски од СДСМ, на денешната граѓанска трибина ‘‘Најдоброто за мојата општина‘‘ истакна дека во изминатите 4 години со реализирани  над 200 проекти општината Ѓорче Петров се препородила, а следуваат нови 200 во следните 4 години. „Потврда за тоа е ова наше Корзо, нов, модерен […]

Мицкоски: Ми се гади од луѓето кои шират омраза меѓу Македонците и Албанците


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Кичево изјави дека е „лага оти Македонците и Албанците се мразеле меѓу себе. Ниту јас, ниту било кој околу мене мрази некого. Обичните Македонци и Албанци, исто како и Турците, и Србите и сите останати одлично се разбирале меѓу себе. Ѕидовите биле поставувани од оние политичари кои во […]

Претставници на талибанците и на ЕУ на состанок утре во Доха


Талибански претставници ќе се сретнат со претставници на ЕУ во Доха утре, објави денеска нивниот министер за надворешни работи. Тоа е уште еден чекор во напорите на новиот авганистански режим да ја прекине дипломатската изолација. „Утре (вторник) ќе се сретнеме со претставници на ЕУ. Имаме позитивни средби и со претставници на други земји”, рече Амир […]

Дачијан Чиолош доби мандат за состав на романска влада


Романскиот претседател Клаус Јоханис го предложи Дачијан Чиолош, лидер на центристичката Унија за спас на Романија, за мандатар за формирање влада. До минатата недела Чиолош беше шеф на парламентарната група на либералите во Европскиот парламент, Обнови ја Европа. Тој се откажа од местото европратеник за да се вклучи во домашната политичка сцена.  Минатата недела, малцинската […]

Приведено лице во Сингелиќ барано со централна потерница


Осуденик кој се барал со потерница за издржување казна затвор, денеска попладне е уапсен  во село Сингелиќ во општина Гази Баба. Од МВР соопштија дека во 14:30 часот полициски службеници од Оперативниот тим Потраги и Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Н.Р. (30) од Скопје. За него биле распишани централна потерница и наредба […]

Нова регионална мрежа за дигитално јавно здравство СЗО Европа – Западен Балкан


Јакнење на регионалната соработка во насока на дигитална трансформација на здравствените системи на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово има за цел новата суб-регионална мрежа за дигитално јавно здравство СЗО Европа – Западен Балкан, што беше најавена денеска во рамки на Дигиталниот самит на Западен Балкан во Подгорица. Лансирањето на […]

Вучиќ посла црвен тепих за приближување кон Москва


Русија го користи, а се чини дека го злоупотребува, собир на Движењето на неврзаните, бидејќи никогаш не беше членка на Движењето. За Лавров е испружен црвениот тепих за да дојде во моментов и да профитира од неуспехот на самитот ЕУ -Западен Балкан во Словенија и да му каже на Белград да не се грижи затоа […]

Петровска: Учествував во дел од студијата за гасоводот на Водно, но не застанав целосно зад неа


Кандидатката за градоначалник на Скопје, Ана Петровска, по објавата на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот Гасовод на Водно, призна дека била дел од неа, но и дека не застанала целосно зад сите мислења во Студијата. „Ова е една Студија работена пред една деценија, не сум потпишала ништо ниту сум била […]

Уште 51 починати и 5.700 новозаболени во Србија


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 5.700 нови случаи на корона вирусот и 51 смрт. Вкупно 1.010.868 луѓе се заразени со вирусот во Србија досега, а регистрирани се 8.788 смртни случаи. Во моментов има 6.597 пациенти во болница, од кои 260 се на респиратор. Во последните 24 часа беа тестирани 19.360 луѓе, што […]

СЗО – Дополнителна доза на вакцина против Ковид-19 се препорачува за лица со ослабен имунитет


Стручната комисија на Светската здравствена организација (СЗО) препорача денеска „умерено и значително имунокомпримирани“ луѓе да добијат дополнителна доза вакцина  против Ковид-19, одобрени од агенцијата на ОН. Експертите на СЗО сакаа да посочат дека не станува збор за препорака на трета доза за општата популација, за што организацијата се уште предлага мораториум до крајот на годината […]

Отстранети одроните на патот од Гевгелија до Смрдлива вода


Патниот правец од Гевгелија кон планинското одморалиште „Смрдлива вода“ и кон планинските села Конско и Ума попладнево е повторно приспособен за сообраќај откако претпладнето поради обилните врнежи од дожд беше блокиран од одрони. Одроните ги отстранија екипи на ЈПКД „Комуналец“ и вработени од турската компанија кои се ангажирани за изградба на браната Конско. Патот е повторно […]

Словенија ќе вакцинира само со „фајзер“ и со „модерна“


Во иднина, имунизацијата на населението против Ковид-19 во Словенија ќе се извршува со mRNA вакцини (Фајзер/Бионтех и со Модерна), а со векторска (Астра Зенека и Џонсон и Џонсон) само во исклучителни случаи, односно по лично барање, потврди  министерот за здравство на таа држава Јанез Поклукар. Ова го препорачаа група медицински експерти откако девојка неодамна почина […]

Семејни тепачки, пресметки меѓу малолетници и силувана девојка


  Син тепал татко, старец нападнат кај Бит Пазар, тепачки меѓу млади лица, но и пријавено силување на малолетничка денеска може да се прочита во билтенот на МВР. Во неделата, во 19 часот 60-годишен жител на Скопје пријавил дека во 18 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од неговиот […]

Почина бебе од околу еден месец во Шуто Оризари


Во неделата, околу 10 часот било пријавено дека во дом на подрачјето на Шуто Оризари има починато бебе на возраст од околу еден месец. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

„АстраЗенека“ тврди дека има лек со антитела против Ковид-19


  Терапија со антитела, која ја разви „АстраЗенека“, ефикасна е во превенцијата и лекувањето на кроона вируст, покажуваат податоците од фармацевтската компанија. „АстраЗенека“ поднесе барање со американската Агенција за храна и лекови ФДА, за итна авторизација на превентивниот лек AZD7442, кој се состои од две антитела. Во истражувањето учествуваа 900 луѓе Истражувањето на комапнијата покажа […]

Германија: Кој може и нема да се вакцинира од денеска, плаќа за тестирање за Ковид-19


Од денеска, во Германија нема бесплатни брзи тестови за Ковид-19 за оние кои можат или нема да се вакцинираат, јавија германските медиуми наведувајќи дека иако владата се надева дека голем број неопределени луѓе ќе бидат мотивирани да вакцинираат, некои лекари ја критикуваат мерката. Досега, во Германија секој граѓанин можеше да се тестира еднаш неделно бесплатно […]

Пуштен во употреба новиот мост, каде требаше да има панорамско тркало


Од денеска, прооден е пешачкиот мост на реката Вардар кој се изгради без панорамско тркало, предвидено со проектот Скопје 2014. Со пренамената на тркалото и изградба на модерен пешачки мост граѓаните заштедија 10 милиони евра, уверува градоначалникот Петре Шилегов. „Овој мост е симбол на битката со проектот Скопје 2014 и драго ми е што конечно […]

Шаленберг како канцелар сака „тесна соработка“ со Курц


Претседателот Александар ван дер Белен изјави дека владината криза е завршена   Два дена откако Себастијан Курц поднесе оставка, Австрија има нов шеф на владата. Претседателот Александар ван дер Белен во понеделникот му даде заклетва на 52-годишен поранешен министер за надворешни работи Александар Шаленберг за канцелар. Шаленберг и вицеканцеларот Вернер Коглер сакаат да ја продолжат […]

СДСМ маршираше во Прилеп на Денот на востанието


Социјалдемократскиот сојуз денеска на Денот на востанието одржа марш во Прилеп со кој ја одбележа и годишнината од почетокот на антифашистичката борба и ја претстави понудата за локалните избори. „Жртвите што ги даде Прилеп во борбата против фашизмот никогаш не се забораваат и тие не се залудни, тие жртви ја донесоа слободата, независноста и еднаквоста […]

Нобеловата награда за економија за тројца експерти за пазарот на трудот


Нобеловата награда за економија за 2021 година ја добија Дејвид Кард, роден во Канада, Американецот Џошуа Д. Ангрист и Гвидо В. Имбенс од Холандија-Америка. Кралската шведска академија на науките рече дека наградата е за работата на „извлекување заклучоци од несакани експерименти“. Се наведува дека работата на лауреатите „целосно ја преобликувала емпириската работа во економските науки“. […]