Александар Наумоски е горд што го препородил Ѓорче Петров
„Потврда за тоа е ова наше Корзо, нов, модерен јавен простор наменет за сите генерации. Потврда за тоа е најмодерната градинка во Волково, доказ е ова модерно, смарт лед осветлување, доказ за тоа е спортската сала и новиот кружен тек во Волково и првиот затворен базен кој се гради во Ѓорче Петров. Тоа е потврдено и со поставени 40 километри фекална канализација, со 40 километри асфалитарни и пет километри поплочени улици, пет километри водоводи и 7.700 квадратни метри нови паркинзи“, рече Наумоски.
Како најбитен иден проект Наумоски го посочи Клиничкиот центар во Ѓорче Петров, инвестиција вредна 500 милиони евра, најголема гринфилд инвестиција во државата и најголема инвестиција во македонското здравство, а ги промовираше и останатите проекти кои се во тек и оние кои се дел од неговата програма за идниот четиригодишен мандат.