Мицкоски: Ми се гади од луѓето кои шират омраза меѓу Македонците и Албанците


Христијан Мицкоски на митингот во Кичево

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Кичево изјави дека е „лага оти Македонците и Албанците се мразеле меѓу себе. Ниту јас, ниту било кој околу мене мрази некого. Обичните Македонци и Албанци, исто како и Турците, и Србите и сите останати одлично се разбирале меѓу себе. Ѕидовите биле поставувани од оние политичари кои во тоа гледале бизнис и лични интереси. И мене ми се гади од таквите луѓе. Треба да градиме заеднички патриотизам, модерен, нов, обединувачки, патриотизам на 21 век“, рече тој.

„Затоа драги пријатели, браќа и сестри ве повикувам сите заедно да се обединиме околу човекот кој што пред мене говореше на оваа говорница и кој што рече дека нема да зборува ниту за градинки, ниту за реновирање на училишта, водоводи, канализации бидејќи тоа е основна и елементарна работа која на што сите нас ни следува во 21 век. Но, тој го има тоа во својата програма“, рече Мицкоски за кандидатот за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски.

Поддржувајќи го кандидатот на партијата за градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, тој рече дека градоначалник кој што е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ има реална програма и остварлива.