СДСМ маршираше во Прилеп на Денот на востанието
Социјалдемократскиот сојуз денеска на Денот на востанието одржа марш во Прилеп со кој ја одбележа и годишнината од почетокот на антифашистичката борба и ја претстави понудата за локалните избори.
„Жртвите што ги даде Прилеп во борбата против фашизмот никогаш не се забораваат и тие не се залудни, тие жртви ја донесоа слободата, независноста и еднаквоста кои 80 години ги живееме и ќе ги живееме и понатаму нашата генерација, генерациите пред нас но и генерациите по нас им должат многу на партизаните, за луѓето кои се кренаа против фашистичкиот окупатор и донесоа слобода по цена и на сопствените животи“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Ако пред 80 години патриотизам беше да се земе пушка и да се води борба против окупаторот, денес патриотизам е да се креираат мерки и да се води борба против невработеноста“, рече тој.
Осврнувајќи се на понудата за претстојните избори претседателот Заев истакна дека по бројните сработени проекти, на Прилеп му треба континуитет на успесите, а гаранција за тоа е Горан Сугарески и советничката листа на СДСМ и Коалицијата.
Зборуваше и кандидатот Горан Сугарески кој рече дека „држава се гради со љубов, со искрено чувство со патриотизам, со почитување на сопствениот народ и припадниците на другите етнички заедници, кои живеат во неа, држава се гради, не се разградува“
Тој нагласи дека е дојдено времето своето политичко, професионално, животно искуство и стекнато знаење да го посвети на родниот Прилеп и на прилепчани.