Поткупувал гласачи во Лозово, обвинителството поведе постапка


Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривичното дело „поткуп при избори и гласање“. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот. Осомничениот, како што наведуваат од Јавното обвинителство, на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари […]

Холандската влада ќе им ги намали на граѓаните сметките за енергија, вложува три милијарди евра


Холандската влада ќе ги надомести зголемените сметки за енергија на домаќинствата со приближно 400 евра во просек, објави во петокот весникот „Де Телеграф“, повикувајќи се на владини извори. Се очекува владата да одвои повеќе од три милијарди евра за намалување на даноците за енергија за приближно осум милиони домаќинства во Холандија, пишува „Де Телеграф“. Владата, […]

Почина избодениот британски парламентарец Дејвид Емес


Конзервативниот британски парламентарец Дејвид Емес (69), кој порано денеска беше неколкупати избоден во црква во Велика Британија, почина неколку часа по нападот. Скај њус јави дека непознат маж влегол во црката во која Емес разговарал со своите бирачи и му задал повеќе убодни рани. Полицијата веднаш стигнала на местото и ги затворила околните патишта, по […]

(Фото) Автобус со работници пропадна во дупка во Солун


Автобус кој превезувал работници од нафтена рафинерија во Солун, пропаднал во дпка на патот, која ја поткопале обилните дождови, но никој не е повреден. Во моментот на несреќата, во автобусот имало 15 лица, пренесе АП. Обилните дождови предизвикаа поплави во Атина и во други делови на Грција, а поради бурата, бројни патишта беа затворени.

Бил Гејтс ја мажи најстарата ќерка-семејството се собра во Њујорк


САД-  Бил Гејтс (65) е подготвен да ја испрати најстарата ќерка до олтарот. Милијардерот ко-основач на Мајкрософт беше виден како пристигнува во Њујорк  пред свадбата на Џенифер (25) со Најел Насар (30) викендов. Бил беше фотографиран како се смее додека излегува од хеликоптер заедно со членовите на семејството. Неговото пристигнување дојде еден ден откако Џенифер […]

Кипар поништи 45 „златни пасоши“


 Кипарските власти соопштија дека поништиле пасоши на 45 лица, кои добиле државјанство со укинатата инвестициска програма, која беше во сила повеќе од 10 години до 2020 година. Околу 7.000 луѓе добиле кипарско државјанство со програмата наречена „пари за пасош“. Програмата имаше поддршка од десничарската Влада се додека не се појавија обвинувања за можна корупција. Не […]

Заев: Има најави за зголемување на парламентарното мнозинство по изборите


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска истакна дека веќе има најава за зголемување на парламентарното мнозинство, заради самата поставеност во Парламентот, но и како што посочи, заради националистичка реторика што ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива.   -Живееме во втората деценија од 21 век, сите треба да бидат еднакви граѓани […]

Мицкоски бара поддршка од земјоделците и пензионерите


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на посседниот ден од кампањата побара поддршка од земјоделците и од пензионерите.  -Сакам да се обратам до земјоделците, до работниот народ на Македонија , луѓето кои заслужуваат многу повеќе почит и повеќе поддршка од Македонија. Не и верувајте на власта и на нивните убави зборови, тие сакаат и овој пат […]

Заев од Шуто Оризари: За нас нема важна и неважна општина


Денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со кандидатот за градоначалник Ферат Асан и носителката на листата за советници Нежмие Саитова се обрати пред граѓаните на Шуто Оризари. Заев пред граѓаните истакна дека за СДСМ нема важна и неважна општина, а доказ за тоа се бројните инвестиции во Шуто Оризари.    „Овозможивме целосна вклученост на […]

Протокот на лава од вулканот на Ла Палма станува посилен и побрз


Протокот на лавата од вулканот на шпанскиот остров Ла Палма денеска стана посилен и многу побрз, јави ДПА. Вулканолошкиот институт на Канарските острови, Инволкан информира за „цунами од лава“, коментирајќи видеа од вулканот. Сепак, геологот Хозе Мангас, професор на Универзитетот во Лас Палмас де Гран Канарија, нагласи дека оваа слика е донекаде искривена. – Во […]

Иселеник од Центар Жупа несреќно го загубил животот во Италија


Четириесет и осумгодишен градежен работник, по потекло од општина Центар Жупа бил усмртен од меракен панел на местото каде што работел. -Тоа е нашиот сограѓанин Назиф Ајдароски, кој со години работи во градежништво во областа Тревизо, каде што живее голема заедница од нашата општина. Родум е од селото Бајрамовци а подолг период живееше во село […]

Македонија на 64-то место во светот според Индексот за владеење на правото 


Северна Македонија се најде на 64 место меѓу 139 држави на листата според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда за 2021 година, задржувајќи ја истата оценка од 0,54 индексни поени како и при ланската класификација. Меѓу земјите од регионот од нас подобро рангирани се Словенија на 29-то место со индекс 0,68, […]

СЗО испраќа експерти во Конго да ја спречат сексуалната експлоатација


Швајцарија – Светска здравствена организација (СЗО) вети дека ќе испрати експерти кои би требало да ја спречат сексуалната експлоатација на 10 локации. Одлуката е донесена по големиот скандал во Конго, каде персонал на СЗО е обвинет за сексуално злоставување на жени. Голем број западни донатори на хуманитарна помош побараа од СЗО да покрене детална независна истрага, […]

(Галерија) Финишира изградбата на мостот кој треба да поврзе две населби и три општини во Скопје


Скопјани со нетрпение го очекуваат завршувањето на новиот мост кој треба да поврзе две населби и три општини во метрополата. Од едната страна е населбата Јане Сандански, во Општина Аеродром, а од другата Керамидница во Гази Баба, но мостот ќе има исклучително значење и за Општина Центар бидејќи значително ќе го скрати патувањето и ќе […]

Макрадули: Вработените во Пошта да не се грижат за работните места и за платите


Вработените во Пошта не треба да бидат загрижени за своите работни места и за редовната исплата на платите, порача денеска генералниот директор на АД „Пошта“ Јани Макрадули, по средбата со двата синдикати во компанијата. До средбата дојде откако денеска вработените во Пошта излегоа на предупредувачки протест, незадоволни од доцнењето на исплата на септемврискаат плата и […]

Тврдењата за оштетување на споменикот на бугарски војници се злонамерни шпекулации, соопшти МНР


Македонското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ниту е оштетен споменикот на 193 загинати бугарски војници во Првата светска војна, ниту дека е загрозен од избедбата на експресниот пат Градско-Прилеп, туку дека тие информации се злонамерни шпекулации и повика на внимателност при нивното објавување без да се проверат. Во Бугарија се крена голема врева […]

Потпишани договори за грант за консултантски услуги и надзорен инженер за интензивирање на работите на железницата на Коридор 8


Договор за грант за консултантски услуги, како и Договор за надзорен инженер за претстојната изведба на градежните работи на источниот дел од железничкиот Коридор 8, фаза 1, што се однесува на делницата Куманово – Бељаковце и на фаза 2 која ја опфаќа делницата Бељаковце – Крива Паланка, денеска беа потпишани во Владата. Како што информираат […]

Шахпаска во САСА: Се работи на решение со кое рударите со 40 години стаж ќе одат во пензија


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на Рудникот за олово и цинк – Саса во Македонска Каменица. По средбата со генералниот директор Скот Јелланд и дел од раководството на САСА, се сретна и со рударите кои работат во внатрешноста на рудникот. Посетата ја предводеа лица кои се дел од […]

Сите Германци го сакаат Олаф Шолц за канцелар


Истражувачките разговори на СДП, Зелените и либералите завршија во петокот на заедничко задоволство. Новата влада е поставена на шините, сега следат коалициските преговори   Според анкетата „Политибарометар“ на телевизијата ЗДФ дури три четвртини од анкетираните Германци (75%) сакаат да го видат политичарот на социјалдемократите (СПД), Олаф Шолц, како канцелар. Јасни мнозинства од поддржувачите на СПД, […]