Ф1: Објавен календарот за новата сезона со рекордни 23 трки


Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го објави календарот за новата сезона во Формула 1 во кој се запишани рекордни 23 трки. Новата сезона ќе стартува во Бахреин на 20 март 2022 година, по што следуваат трките за Големата награда (ГН) на Саудиска Арабија (27 март) и ГН на Австралија (10 април), која се враќа во календарот за прв пат по 2019 година. Нова трка во календарот е ГН на Мајами […]

Рекорден број новозаразени и починати од Ковид-19 во Русија


  Денеска, втор ден по ред во Русија истовремено се бележат рекордни дневни бројки на нови случаи во Ковид-19, како и рекорден број починати од оваа болест. Во Русија денеска пријавени се 33.208 нови случаи, што е рекорден број на заразени во еден ден и тоа се случува трет ден по ред, а рекордни 1.002 […]

Аларм во Италија: Повеќето на интензивна нега се невакцинирани


  Повеќето пациенти заболени од Ковид-19 кои се наоѓаат на интензивна нега во една римска болница не се вакцинитни, па многумина ги повикуваат антиваксерите во Италија да се вакцинираат. Франческо (40), пациент во ковид-болницата „ИЦЦ Касалпалоко“, рече дека се противел на вакцинацијата, но дека би се вакцинирал да може да го врати времето наназад. „Вакцинацијата […]

Приведени четири лица за давање поткуп за гласови во скопско


Во петокот, околу 19 часот на подрачјето на ПС Драчево, на место викано Аџево, биле забележани лица кои давале пари во замена за глас на претстојните локални избори односно вршеле кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“. Од страна на полициски службеници приведени се четири лица. Е.Б. (26), С.М. (27) Н.Б. […]

Платформата за поврзување на мали бизниси „Акселера“ еден од победниците на регионалниот Балкатон 2021


Платформа за поврзување на занаетчии, мали бизниси, социјални претприемачи со големи организации, корпорации и инвеститори – accelera.mk е македонскиот победник на вториот регионален натпревар Балкатон 2021 за најдобро дигитално решение, организиран од Советот за регионална соработка (РЦЦ). Зад идејата, претставена на четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан, што се одржа од 11 до 13 октомври […]

Порака на генералниот директор на ФАО по повод Светскиот ден на храната


Светскиот ден на храната годинава не затегнува во критичен момент – пандемијата на Ковид-19 останува глобален предизвик, предизвикувајќи невидени загуби и потешкотии, а влијанијата на климатската криза се насекаде околу нас, вели Чу Донгју, генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) по повод Светскиот ден на храната. – Посевите уништени […]

Прилепчанец заработи осумдневен притвор за закани упатени кон кандидат за градоначалник преку Фејсбук


Осумдневен притвор му е одреден на 27-годишен прилепчанец поради закани упатени кон кандидат за градоначалник на Прилеп и неговото семејство преку социјалната мрежа Фејсбук. Основното јавно обвинителство Прилеп информира дека повело постапка за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ против осомничениот, кој биле приведен вчера на граничниот премин Табановце при влез во државава и предаден […]

Во Врање досега вакцинирани 13.657, а ревакцинирани 11.966 македонски државјани


Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани вкупно 100.066 граѓани од Врање, од другите градови во Србија и државјани на Северна Македонија и други држави, соопшти денеска Здравствениот центар (ЗЦ) во Врање. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според порталот Врање њуз, прва доза вакцина во […]

Недостасуваат околу 40 лица на Избирачкиот список во казнено-поправните установи


Мониторингот на ЦИВИЛ утврди дека денешното гласање на лицата во притвор и на издржување казна затвор започна навремено во сите казнено-поправните установи (КПУ), освен во КПУ Идризово. Гласањето во КПУ Идризово започна во 8.20 часот. Од ЦИВИЛ изразија надеж дека управата и Избирачкиот одбор во КПУ Идризово ќе го почитуваат принципот според кој треба да […]

Најмалку тројца загинати во земјотрес на Бали


Најмалку три лица загинаа, а седум се тешко повредени по земјотресот со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди индонезискиот туристички остров Бали. Портпаролот на локалната агенција за справување со катастрофи, Абдул Мухари, информира дека се урнати неколку куќи и други згради во областа Карангасем. Земјотресот се случил во 4.18 часот по локално време, со епицентар на осум километри […]

Олга Панкина добитник на наградата за превод „Златен витез“


Олга Панкина е овогодишниот добитник на највисоката награда за превод „Златен Витез“ на истоимениот Дванаесетти меѓународен книжевен форум во Русија. На оваа голема меѓународна манифестација се доделуваат награди за повеќе уметнички области. За номинација за литература, оваа година пристигнале над 400 дела. – Се радувам што го добив „Златниот Витез“ токму како преведувач чиј труд […]

Арктичка лисица испешачила од Норвешка до Канада


Кога норвешките научници од Норвешкиот поларен институт пред две години обележаа 50 арктички лисици со алки за следење на нивните движења на мразот, тие не очекуваа дека ќе бидат сведоци на епско патување. Една лисица за 76 дена го премина патот од норвешкиот остров Шпицберген до островот Елешмер кој припаѓа на канадската територија Нунавут. Ова […]

Единаесет индонезиски ученици се удавија во извидничка несреќа


Единаесет средношколци се удавија додека се обидувале да преминат река за време на извидничка акција во индонезиската провинција Западна Јава. Учениците пешачеле покрај река во областа Сијамис, како дел од воннаставни активности, кога се случила несреќата, соопшти шефот на локалната полиција Хердиат Сунарија. Учениците на возраст од 12 до 15 години биле повлечени од силна струја додека ја преминувале реката, рече тој. – Екипите за […]

Денеска гласаат болните, осудениците и лицата во изолација


Седмите локални избори официјално почнуваат од денес. Денеска своето право на глас ќе може да го остварат болните и изнемоштените, внатрешни раселените лица, војниците, осудениците и лицата кои се во изолација поради Ковид – 19, под посебни однапред утврдени протоколи. Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе гласаат 7.921 болни и немоќни […]

Елон Маск сега е побогат од Бил Гејтс и Ворен Бафет – заедно


Богатството на Елон Маск, благодарение на растот на вредноста на Tesla и SpaceX, расте незапирливо и се зголеми за повеќе од 66 милијарди долари оваа година. Листата на милијардери на Блумберг открива дека денес има дури единаесет луѓе во светот кои тежат повеќе од 100 милијарди долари. На листата доминираат богатите од технолошкиот сектор, а […]

Есен


Ја отвараме сезоната на нови мириси, нови бои, нови звуци, нови радости, нови дилеми, нови надежи и очекувања, на нови модни и политички трендови, нови амбиции, нов елан и енергија… Есента е доба на нови предизвици, ни топло ни ладно, ни таму, ни ваму, ни со тие, ни со оние, уште мислиме на море, а […]

Традиционален Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители


Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска е отворен традиционалниот Централен меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето им оддаде почит на загинатите бранители, изразувајќи благодарност што има можност како и претходните години да биде дел од овој традиционален меморијален спортски турнир мотивиран од благородната […]

Гостиварец осомничен за физички напад врз сопругата и ќерката


Основното јавно обвинителство – Гостивар поведе постапка против 43-годишен гостиварец, за кој постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1 и „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈО, осомничениот синоќа […]

ЈО преку Комисија за следење на евентуални нерегуларности ќе го мониторира изборниот процес


Јавното обвинителство информира дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – „кривични дела против изборите и гласањето“, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на […]

Четворица руски туристи пронајдени мртви во сауна во хотел во Албанија


Албанија– Четворица руски туристи синоќа се пронајдени мртви во хотел во зоната Ќерет, во познатото албанско приморско гратче Каваја. Нивните тела биле пронајдени во хотелската сауна. Основано се сомнева дека причина за смртта е задушување. Нивното отсуство ги загрижило другите туристи од групата со која биле заедно пристигнати, по што го известиле персоналот на хотелот. – Околу […]