Пронајден починат Авганистанец во Демиркаписко


Во село Дрен, демиркаписко, вчера околу 8 часот бил пронајден починат Ш.У.(24) од Авганистан, информираат од Министерството за внатрешни работи. Смрта со видливи повреди на телото е констатирана од екипа од Итна медицинска помош, а по извршениот увид и по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција. 

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал


Шест фудбалски федерации од северот на Европа изразија противење на намерата на ФИФА на секои две години да организира Светско првенство во фудбал, порачувајќи и оти „со таква радикална одлука не треба да избрзува“. Претставниците на нордиските фудбалски федерации истакнаа дека евентуална таква одлука на ФИФА би го „уништила“ постојниот систем на натпреварувања, би го […]

Можна е нова голема криза за гас во Европа, предупредува потпретседател на руската влада


Потпретседателот на руската влада задолжен за енергетски прашања, Александар Новак денеска изјави дека Русија не ја исклучува можност за нова криза со гас во Европа и ја повика Европска Унија на преговори. – Не ја исклучувам можноста таквата ситуација да се повтори. Подготвени сме за дијалог, истакна Новак. Тој истакна дека во европските складишта недостасуваат […]

Тројца силувале една жена во Радовишко


  Тројца мажи на возраст од 22 до 29 години, приведени се во полиција, под сомнение дека слувале 33-годишна жена од радовишко село. Имено, во петокот, во 4.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги привеле В.Ј.(29) од с.Конче, С.Р.(30) и Ѓ.М.(22) двајцата од с.Ракитец, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека извршиле […]

Скопјанец си ја убил мајката во Аеродром


Шеесет и двегодишен жител на Скопје е уапсен утрово во 7.50 часот на ул.„23 Октомври“, поради сомневање дека ја убил неговата 84-годишна мајка во нејзиниот дом во скопската населба Аеродром. -Полициски службеници од Полициската станица Аеродром денеска во 7.50 часот на ул.„23 Октомври“, го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека утрово околу […]

Повеќе од 6.000 новозаразени во Србија, починаа 56 пациенти


  Во Србија, во последните 24 часа регистрирани се 6.051 новозаболени со Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа 56 лица. Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 5.984.140 примероци, а вирусот е потврден кај 1.043.758. На респиратор се наоѓаат 278 пациенти, додека на болничко лекување има 6.641 пациент. За денешниот пресек, тестирани […]

Анкета: Граѓаните на Бугарија најголема доверба имаат во ГЕРБ и во БСП


Бугарија – На почетокот на изборната кампања за претседателските и парламентарните избори во Бугарија што се закажани на 14 ноември, најголем рејтинг има партијата ГЕРБ, покажуваат резултатите од анкетата на „Сова Харис“, јави дописникот на МИА од Софија. Според анкетата шест или седум партии и коалиции ќе освојат пратенички места. За ГЕРБ се изјасниле 24,2 проценти […]

Тони Брекстон со прв парфем : „ Breathe“ мириса како милион долари


САД- Ар-ен-би ѕвездата Тони Брекстон  (54) која ја освои публиката со својот посебен глас и хитовите како “Unbreak my heart” (1996), и која во својата кариера продаде повеќе од 60 милиони албуми, по двата преживеани банкрота, се враќа во шоубизнисот, со парфем, прв во нејзината кариера „Breathe“  по хит песната што се појави на нејзиниот […]

Што поскапе најмногу во светот – кафето 54 отсто, гасот 110, маслото 38, горивото 70 проценти…


Во последната година, според податоците на неколку сајтови кои го следат движењето на цените на светските берзи, природниот гас поскапе за 110,9 проценти, нафтата за речиси 70 проценти, алуминиумот за 53,09, калајот за 79,84, памукот за 40 проценти, кафето за 54 проценти, маслото за 37,9 проценти, шеќерот 32 проценти … Остриот скок на побарувачката, по […]

Арматури паднаа врз работник кај Стара железничка, со тешки повреди пренесен е во болница


Градежен работник е во животна опасност откако на градилиште позади трговскиот „Рамстор“ во Скопје, врз него паднале арматури кои се кревале со кран, дознава „Макфакс“. Според неофицијални информации, тешко повреден е млад скопјанец кој работел на градилиштето. Сведоци од градилиштето велат дека причина за несреќата е кинењето на сајла со која се кревале арматурите. Работниот […]

Во Франција три дена се трага по „голема мачка“


Од 13 октомври „голема мачка“е на слобода во Па-де-Кале, а властите одобрија нејзина елиминација, јави дописникот на МИА. Префектурата на Па-де-Кале вчера одобри да се застрела животно што се бара од 13 октомври. Според оставените траги се претпоставува дека е „голема мачка или диво животно“. Властите соопштија дека никој досега не пријави исчезнување на диво […]

Евростат: Романците и Бугарите најсиромашни во ЕУ


Според најновите податоци на Евростат во четири земји-членки на Европска Унија, во Бугарија, Романија, Грција и во Шпанија повеќе од една-четвртина од населението е изложено на ризик од сиромаштија. Во Романија 35,8 отсто од населението е изложено на ризик од сиромаштија, потоа следи Бугарија – 33,6 проценти, Грција – 27, 5 отсто и во Шпанија […]

Уште едно италијанско село продава 250 куќи по едно евро


Уште едно италијанско село нуди домови по симболични цени со цел да привлече нови жители, а овој пат тоа е селото Пратола Пелиња, оддалечено околу 150 километри од Рим. Во ова село, властите продаваат околу 250 домови по едно евро со надеж дека ќе привлечат нови жители да ги реновираат и да живеат во нив. […]

Даштевски контра ЦИВИЛ: Гласањето на затворениците за локалните избори тече без проблем


 Во тек е гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица, кое, како што информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на денешната прес-конференција, тече без проблем. – […]

Стево Карапанџа во Охрид: Готвач мора човек да се роди


Нема правило ниту рецепт за тоа како се станува шеф-готвач, но оти тоа мора човек да го носи во себе – таа страст кон готвењето добра храна, вели најславниот готвач од ју-просторите кој деновиве е во Охрид каде е повикан да предава на студентите по гастрономија на Факултетот за туризам и угостителство Стево Карапанџа е […]

Во Крушево пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески


Во Крушево денеска пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески и се поклонија во спомен обележјето на Гумење. Крушевчани ултрамаратонците ги пречекаа со црвени рози.   Петмина ултрамаратонци пред два дена го започнаа симболичното истрчување на 15 километри од Нова Градишка, од местото на големата трагедија, а уште 10 ултрамаратонци, својот маратон до […]

Ескобар: САД имаат одговор на влијанието на Русија во регионот


Заменик -помошникот државен секретар и специјален пратеник на претседателот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека новата американска администрација ќе биде многу активна во регионот, и дека САД имаат одговор на влијанието на Русија. Говорејќи за ангажманот на новата американска администрација во регионот, Ескобар вчера во онлајн обраќање до учесниците на форумот 2БС […]

Битолскиот театар освои Гран при на фестивал во Крагуевац


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола освои награда Гран при на фестивалот „Јоакимфест“ што се одржа во Крагуевац, Србија. Највисокото фестивалско признание е за театарската претстава „И коњите ги убиваат, зар не?“ од Хорас Мек Кој во режија на Мартин Кочовски. Во одлуката на меѓународното стручно жири во состав Нада Кокотовиќ, режисер од Хрватска, Радмила Петковиќ, […]

Скулпторот Жарко Башески ќе изложува во миланската Кралска палата


Македонскиот скулптор Жарко Башески ќе претстави две свои дела на меѓународната концептуална изложба што ќе се одржи во Кралската палата во Милано, под насловот „Тело Господово: Од глорифицираното тело до урнатините на душата“, како постаква на реномираната италијанска кураторка Франческа Алфано Миљети. Изложбата, која за публиката ќе биде отворена на 27 октомври оваа година и […]

Маричиќ го претстави Предлог-законот за вонредна состојба пред Венецијанската комисија


Министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска учествуваше на сесија на Венецијанска комисија, каде го претстави предлог-законот за вонредна состојба, кој на оценување пред ова тело на Советот на Европа. Како што објави на министерот Маричиќ на својот фејсбук-профил, мислењата на Венецијанската комисија за овој и за другите закони се особено важни, со цел подобрување на […]