Отворена линија кај Народниот правобранител за повреда на избирачкото право


Граѓаните на првиот круг од Локалните избори денеска можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија 0800-54321, која ќе функционира во периодот од од 7:00 до 19:00 часот во канцеларијата на Народниoт правобранител. Од Омбудсманот, исто така, информираат дека отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител […]

Мистериозна болест во американските амбасади. Што знаеме за неа?


Во Колумбија се регистрирани пет случаи на таканареченот „Хавански синдром”. Кон крајот на август, потпретседателката на САД, Камала Харис ја одложи посетата на Виетнам заради случаите кои се појавија таму. Во американската амбсада во Богота се појавија случаи на таканаречениот „Хавански синдром”. Претседателот на Колумбија Иван Дуке за новинската агенцина АФП, ја потврди информацијата првично […]

Тифани свадба во Венеција: Бијонсе и Џеј-Зи на втората венчавка на синот на Бернар Арно


Италија– Бијонсе (40), 28-кратната добитничка на Греми и нејзиниот сопруг Џеј-Зи (51) беа фотографирани како пристигнуваат вчера на втората венчавка на Александар Арно со невестата Жералд Гајо во Венеција, Италија. Арно, извршен потпретседател на Тифани за производи и комуникации, е син на извршниот директор на LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton, Бернард Арно ( еден од […]

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти Автомото сојузот Сообраќајот на регионалниот пат 1202 Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти Хотел „Дебарски Бањи“, како што се посочува, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]

Комисија на ЈО ќе ги следи евентуалните нерегуларности на изборниот процес


Јавното обвинителство информира дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – „кривични дела против изборите и гласањето“, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на […]

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа


Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 […]

Идентитетот на гласачот задолжително ќе се проверува со отпечаток од прст


Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК од германската компанија „Дермалог“ набави 4000 терминали. Со уредот за биометриска идентификација на гласачите ќе управуваат само претседателот или заменик претседателот на Избирачкиот одбор кои ќе имаат посебни картички што […]

За локалните избори акредитирани 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи


За Локалните избори 2021 што се одржуваат денеска акредитирани се вкупно 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи. Според податоците од Државната изборна комисија, изборите ќе ги мониторираат 714 домашни набљудувачи. Акредитирани се 512 набљудувачи од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 Скопје, 190 набљудувачи од Здружението ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје, како и 12 набљудувачи […]

Во Скопје најмногу активни и новозаразени со Ковид-19


Во земјава има вкупно 6.813 активни случаи на КОВИД-19 од кои најголемиот број 3.413 се во главниот град по што следат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 2018, Прилеп со 212  и Штип со 211. Најмалку активни случаи, по еден има во Демир Капија и Пехчево, следи Дојран со два и Македонски Брод […]

Се гласа од 7 до 19 часот


Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им […]

Променливо облачно, на планините дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а понекаде во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб […]

Гласале 10.653 лица од болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците


Без проблем помина гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор. Денеска вкупно гласале 10 653 гласачи, информираше вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа. -На гласачките места во КПУ своето гласачко […]

Русија развива вакцина против повеќе вируси одеднаш


  Специјалисти од рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, почнаа со претклиничка студија за вакцина, која истовремено треба да пружи заштита од повеќе различни вируси или неколку соеви на ист вирус. „Зборуваме за вакцина која почнавме да ја тестираме на мајману“, велат од таму. Целта на оваа технологија е да може истовремено […]

Уште еден земјотрес во близина на Петриња во Хрватска


Околу 18.46 часот, сеизмографите од Сеизмолошката служба забележаа послаб потрес со епицентар на 7 километри јужно од Петриња во Хрватска. Магнитудата на земјотресот изнесува 2,6 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е III степени според ЕМС, јави Сеизмолошката служба. На ова подрачје веќе речиси една година се јавуваат повремени земјотреси, по првиот силен […]

Момчето што почина на 22 години било болно од ковид само шест дена и не било вакцинирано


22-годишното момче од Битола кое денеска е впишано во црната статистика на Ковид-19 не било вакцинирано и имало прекумерна тежина, информираат од Министерството за здравство. Од таму потврдуваат дека единствено како коморбидитет е забележано само обезитас. Од позитивниот тест и потврдата дека е заразен од вирусот до денот кога починал поминале само шест дена.   „Пациентот […]

Дали популизмот е антиелитизам?


Пред околу година и пол извонредниот американски магазин „Атлантик“ објави една исто така извонредна статија на неговиот новинар Јасмин Серхан, во која се образложуваше тврдењето дека популизмот е бесмислен. Има неверојатни примери на фантастично новинарство, па така е и овој. Вака оди почетокот на таа опширна статија: „Еден пролетен викенд, десетици академици од целиот свет […]

Поплаки за кршење на изборниот молк, Рамиз Мерко денес асфалтирал улица


  Во паника од изборниот пораз, кандидати за градоначалници и советници од ВМРО-ДПМНЕ, го кршат изборниот молк, тврдат од СДСМ.    -Носителот на советничката група за Штип, Владко Захариев, го крши молкот со објави на социјалните мрежи, а кандидот за градоначалник на општина Ресен од ВМРО-ДПМНЕ Јован Тозиевски објавува фотографии со малолетни лица во партиски […]

Кривична пријава за поткуп за гласови во Делчево


Во полициската станица во Делчево на информативен разговор е повикан 35-годишниот  Н.С. од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори, односно сторено кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“, како и К.С. (35) кој примил 3.000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори. Како што […]

Истрагата за смртта на четворицата руски туристи во Албанија се проширува и во Македонија


Албанија – Истрагата околу смртта на четворицата руски туристи, кои синоќа беа понајдени мртви во сауна во хотелот “Глорија“ во турстичката зона Ќерет кај Каваја, се проширува и во Северна Македонија. Тоа, спорд агенцијата Балкан веб, од причина што тие во текот на вчерашниот ден престојувале во Охрид. – Откривањето нови детали, ја прошири истрагата. Во […]

Од Ковид починаа 14 лица, пријавени и седум од изминатиот месец, регистрирани и нови 395 позитивни


Во последните 24 часа од 3.595 тестирања регистрирани се 395 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 245 пациенти, а починати се 14 пациенти, пријавени се и седум пациенти преку „Мој термин“ со датум на смрт од 5 септември до 10 октомври годинава, информира Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од ново […]