Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци неповолни, залихите на готови производи зголемени


Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на септември 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Како што соопшти Државниот завод за статистика, повикувајќи се на оценките на раководителите на деловните субјекти, состојбата на обезбеденоста на производството […]

Зеленото време во Норвешка: Нафта и уште повеќе нафта


Новиот премиер, социјалдемократот Јонас Гар Сторе, се откажа од левичарската поддршка во кампањата и новата влада ја сврте кон стариот образец: повеќе нафта и повеќе гас   Повеќе наставници, бесплатни училишни оброци, бесплатни траекти до островите, повисоки даноци за СО2 – тоа е програмата на новата малцинска влада во Норвешка составена од социјалдемократите и Партијата […]

Умерен земјотрес регистриран во југозападна Полска


Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Полска. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри северно од градот Легница. Нема податоци за евентуални жртви и предизвикана материјална штета.

Отворени предмети за евентуални изборни нерегуларности


До Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на Локалните избори до 15:00 часот пристигнаа информации за постапувањата по предметите во основните јавни обвинителства, како […]

Голем број жители од Македонија гласаа во две држави


За разлика од другите гранични премини, денеска беше мошне фреквентно и на моменти со застој на граничниот премин „Блаце“, за што сведочат видео-камерите. Ваквата причина се должи на тоа што истовремено денеска и во Косово, како и во Македонија, се одржуваат локални избори. За разлика од претпладнето кога застојот беше за излез од Македонија, попладнево […]

Ќе се гласа и по 19 часот таму каде што гласачите не дошле на ред


Метежот на дел од избирачките места ја натера Државната изборна комисија да донесе едногласна одлука дека на сите гласачи кои најдоцна до 19 часот ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место ќе им се овозможи да гласаат и по 19 часот, кажа претседателот на Државната изборна комисија, Алекандар Даштевски на прес-конференција […]

До 12 часот 39 отсто помалку нарушувања на изборниот процес од ланските избори


 Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми. До 12.00 часот, денеска, има за 39 проценти вкупно намалување на бројот на настани во споредба со изборите во јули 2020 година. Покрај настаните за кои претходно информираше МВР, регистрирано […]

Жито Лукс со донација се вклучи во кампања на Црвен крст


Жито Лукс денес во Организацијата на Црвениот крст донираше 50 пакети со брашно од по 5кг и 100 тост лебови како придонес на компанијата во кампањата „Помислете и на нас“ која традиционално ја организира Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје, со цел поттикнување на компаниите да се вклучат во […]

329 нови случаи на Ковид-19, 13 починати лица


Нови 329 позитивни случаи на Ковид-19 од 3.045 тестирања, 200 оздравени и 13 починати се регистрирани во изминатите 24 часа. Дополнително, има пријавено уште пет починати со дијагноза Ковид-19 од системот „Мој термин“ во периодот од 20 септември до 2 октомври 2021. Како што соопшти Министерството за здравство од новодијагностицираните 329,  во Скопје се 178, […]

„Луси“ на НАСА ја почна историската истражувачка мисија на астероидите – тројанци


Тројанците се астероиди кои орбитираат околу Сонцето пред и зад Јупитер и се движат еден по друг Вселенското летало „Луси“ на НАСА во саботата ја започна мисијата да ги истражи астероидите на Јупитер. Лансирана со ракетата Атлас В од Кејп Канаверал, Флорида, „Луси“ тргна во 12-годишна мисија, за време на која ќе помине речиси 6,5 […]

Германија: Социјалдемократите ја зголемија предноста пред ЦДУ/ЦСУ во анкетите


Три недели по федералните избори, популарноста на социјалдемократите (СПД) истражувањата покажуваат уште поголема предност во однос на Унијата (ЦДУ/ЦСУ). Во анкетата од неделата, која ја прави институтот „Инса“ секоја седмица за „Билд ам Зонтаг“, социјалдемократите достигнаа 28 проценти. Унијата падна во споредба со претходната недела за еден процентен поен на 19 проценти. Зелените освоија еден […]

Збогум, Силиконска Долино


Елон Маск ќе го премести седиштетот на „Тесла“ од Калифорнија во Тексас. Но не е само тој. Таму веќе се префрлија и „Оракл“, „Хјулит пакард“, „Епл“ гради нов кампус во Остин   Елон Маск нанесе сериозен удар за Силиконската долина: тој сака да го премести седиштето на производителот на електрични автомобили „Тесла“, со кој управува, […]

Излезноста се зголеми – до 13 часот гласале 20,76 отсто


Излезноста на гласачите до 13 часот на локалните избори е 20,76 отсто, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Податоците на ДИК се од 2.519 гласачки места односно 72,39 отсто. На гласање излегле 237.476 гласачи. Даштевски соопшти дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со […]

Тана де Зулуета од ОБСЕ: Го набљудуваме гласањето и примената на новата технологија


Kанцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР ги мониторира локалните избори на покана на Владата. Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи, кои се распоредени низ земјата. Ова ќе ни овозможи систематско набљудување на гласачките места, што минатата година не бевме во можност да го спроведеме, изјави […]

МВР: Гласањето генерално се одвива мирно, без проблеми


Министерството за внатрешни работи (МВР) досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави на денешната прес-конференција портпаролот во МВР, Тони Ангеловски. По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрирани се по два настана на подрачјата на СВР Скопје, и по […]

Амбасада на САД: Слободни, фер и транспарентни избори суштински за демократијата


Слободни, фер и транспарентни избори се суштински за секоја силна демократија, објави Амбасадата на САД на својата Фејсбук страница. – Денеска им аплаудираме на граѓаните на Северна Македонија, кои своето право на овој витален демократски принцип го остваруваат на локалните избори ширум земјата, стои во објавата на американската Амбасада. Во Северна Македонија денеска се одржуваат […]

Изложба на Пабло Пикасо во Домот на културата во Ѓорче Петров


Изложбата на Пабло Пикасо- керамики, цртежи и графики од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж, ќе биде поставена во Домот на културата во Ѓорче Петров само еден ден:на 20 октомври 2021 од 12 – 22 часот | официјално отворање 19 часот. Влезот е бесплатен. Во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои […]

И во Битола редици за гласање, проблеми со апаратите за отпечатоци


БИТОЛА – Во редици се чека за гласање во Битола, особено во избирачките места во централното градско подрачје, слика која ретко може да се види на денот на изборите. Гужвите се прават заради проблеми со апаратите за отпечатоци, но додека гласачите чекаат со маски на лицето никој не одржува растојание од метар и пол. Проблемот […]

Утре локален дожд и температури до 21 степен


Следува период на стабилно и потопло време, освен утре кога ќе има услови за локален краткотраен дожд. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Врнежи од дожд се очекуваат во сабота, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури утре ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 12 до 21 […]

ЗОИ: Утре ќе биде запален олимпискиот оган


Грција– Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари, ќе биде запален утре на античкиот стадион во грчката Олимпија без присуство на гледачи поради пандемијата на коронавирус, како што беше случај и за летните Игри во Токио. Трет пат во трите децении на традиционалното палење на олимпискиот оган во […]