Жито Лукс со донација се вклучи во кампања на Црвен крст


Жито Лукс денес во Организацијата на Црвениот крст донираше 50 пакети со брашно од по 5кг и 100 тост лебови како придонес на компанијата во кампањата „Помислете и на нас“ која традиционално ја организира Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје, со цел поттикнување на компаниите да се вклучат во обезбедување парични средства или материјални добра, односно храна, за најранливите категории семејства.

Оваа акција истовремено е дел од глобалните акции за борба против гладта чија цел е подигање на свеста на јавноста за проблемите со сиромаштијата, како и за поттикнување поддршка од општествено одговорните компании за помош на ранливото население.

Кампањата „Помислете и на нас“ започна на 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладот и ќе трае до 22 октомври. Во овие денови, донациите со намирниците кои се потребни, ќе се достават до лица со социјален ризик.

„Социјално загрозените семејства се редовно во фокусот на нашите општествено одговорни активности. Она што им е најпотребно на овие луѓе е храната, а најнеопходни животни намирници секако се брашното и лебот. А тоа е токму она што го нуди нашата компанија. Затоа и се трудиме што може повеќе да помогнеме за да им го олесниме животот на оние кои имаат потреба од помош, а со тоа и да бидеме дел од активната борба против гладот и посветеноста кон подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани“, изјавија од Жито Лукс.

Компанијата постојано е активна со општествено одговорни активности насочени кон помагање на семејства со социјален ризик, како и кон подигање на свеста за потребата од поактивно вклучување на компаниите и граѓаните во вакви слични иницијативи.

Жито Лукс и претходно со Црвениот крст има остварено соработка и повеќепати досега донирано свои производи кои волонтерите на Организацијата ги распоредуваа таму каде што е најпотребно.