329 нови случаи на Ковид-19, 13 починати лица


Фото: Б. Грданоски

Нови 329 позитивни случаи на Ковид-19 од 3.045 тестирања, 200 оздравени и 13 починати се регистрирани во изминатите 24 часа. Дополнително, има пријавено уште пет починати со дијагноза Ковид-19 од системот „Мој термин“ во периодот од 20 септември до 2 октомври 2021.

Како што соопшти Министерството за здравство од новодијагностицираните 329,  во Скопје се 178, Велес – 27, Куманово – 20, Прилеп – 16,  Штип – 13, Струмица – 10, Охрид – девет, Tетово, Пробиштип и Кочани имаат по осум нови случаи, Битола – седум, Кочани и Гевгелија – по пет, Свети Николе – три, Струга, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по два и по еден нов случај на коронавирус имаат Кавадарци, Виница, Македонска Каменица и Дојран.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: шест од нив се од Скопје (91, 88, 79, 78, 69 и 68), три починати лица се од Велес (86, 72 и 57) и по едно починато лице од Прилеп (57), Тетово (64), Крива Паланка (78) и Куманово (74). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
 
Од оние пет лица согласно Регистарот на умрени лица со ковид дијагноза со датум на смрт од 20 септември до 2 октомври 2021 година двајца се од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Гостивар и Демир Хисар, и се на возраст од 49 до 86 години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови, а тројца во домашни услови.
 
Регистрирани сe 200 оздравени пациенти: Скопје – 103, Куманово – 15, Битола – 12, Штип – 11, Велес и Прилеп – по девет, Крива Паланка – седум, Кичево – шест, Кочани и Свети Николе – по пет, Кавадарци – четири, Берово – тројца оздравени, Радовиш, Кратово и Богданци имаат по двајца и по еден оздравен има во Пробиштип, Гевгелија, Ресен, Гостивар и Крушево.
 
Вкупниот број на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 197.091. Оздравени се 183.227 пациенти, починати 6940, а активни случаи во целата држава има 6.924.