САД: За 12 месеци приведени над 1,7 милиони мигранти на границата со Мексико


САД објавија дека повеќе од 1,7 милиони мигранти биле приведени во претходните 12 месеци на границата со Мексико, што е највисока цифра досега. Повеќе од милион од нив биле протерани во Мексико или во земјите од кои побегнале, покажуваат податоците на американската Царинска и гранична заштита. Припадниците на безбедносните служби уапсија луѓе од повеќе од […]

Австрија најавува нови ограничувања за невакцинираните, ако има пораст на заболени од Ковид-19


Невакцинираните луѓе во Австрија би можеле да се соочат со нови ограничувања доколку бројот на заразени со коронавирус продолжи да расте, изјави канцеларот Александар Шаленберг. – Доколку бројот на заболени од Ковид на интензивна нега достигне 500 или 25 отсто од вкупниот капацитет на земјата, влез во ресторани, хотели ќе биде дозволен само вакцинирани или […]

Во вториот круг ќе се гласа во 44 општини, ДИК ги соопшти конечните резултати од првиот круг


Во вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи на 31 октомври 2021 година, ќе се гласа во вкупно 44 општини. Во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се повтори гласањето, бидејќи не е исполнет законскиот цензус на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. Државната изборна комисија во рок од […]

МНР: Не е најдена никаква трага за злоупотреба на дипломатска пратка


Министерството за надворешни работи соопшти денеска дека не нашло никаква трага за злоупотреба на дипломатска пратка. Реакцијата на МНР доаѓа по написите во неколку медиуми дека камион кој бил управуван од возач со македонски пасош при влез во Италија од Словенија бил запрен како сомнителен. Контролата открила дека наместо дипломатска пошта, за што биле приложени […]

Честитка од премиерот Заев: Да се обединиме околу создавањето прогресивно и праведно општество за сите


Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, како што напиша на својата Фејсбук-страница, денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација.   – Како припадници на денешните генерации, со гордост се сеќаваме на македонските револуционери и на прогресивната интелигенција, собрани околу Македонската револуционерна организација, која […]

Хакери го нападнале системот за зелени сертификати за Ковид-19 во Бугарија


Голем хакерски напад е извршен во Бугарија врз Националниот систем за издавање зелени сертификати. Ова го потврдија од „Информативни служби“ кои во изминатите три денови неутрализирале над 400 непријателски кампањи против здравствениот сајт, јавија бугарските медиуми. Во моментите на пикови на големиот кибер напад, системот не беше достапен и корисниците не можеа да влезат на […]

Во Хрватска регистрирани 3.585 нови случаи на Ковид-19, починале 25 лица


Во Хрватска во саботата се регистрирани 3.585 новозаразени лица од корона вирус, а починале 25 лица, јавија хрватските медиуми. Бројот на активни случаи во Хрватска е 17.319 лица. Од нив, 1.033 пациенти се во болница, од кои 128 се на респиратор. Бројот на лица во самоизолација е 27.714. Инаку, во Хрватска до денес се тестирани […]

Во Словенија 2.270 нови случаи на Ковид, најмногу во последните 10 месеци


Во Словенија вчера биле регистрирани 2.270 нови случаи на Ковид, што е најголем број заразени во претходните речиси 10 месеци, додека осум лица починале во истиот ден. Од вкупниот број на тестирани, 30,2 отсто биле позитивни, според официјалните податоци, јави СТА. Моментно хоспитализирани 440 лица, а на интензивна нега се 123 пациенти. Бројот на нови […]

Историската комисија во челуста на политиката


Историчарот Ванчо Ѓорѓиев беше инстантно злоупотребен од лидерот на опозицијата, а Владата му врати со уште понизиок удар од неговиот за „виткање на кичмата“. Бугарските историчари се инструментализирани веќе две години од тамошната политика, сега дојдоа на ред и некои од македонските   Љупчо Поповски Оставката на членот на македонско-бугарската историска комисија, Ванчо Ѓорѓиев, објаснета […]

Хрватите од денеска може да патуваат во САД без визи


Од денеска на хрватските граѓани им е овозможено да патуваат во САД без виза, објави американската амбасада во Загреб. Таа одлука на Електронскиот систем за овластување за патување (ЕСТА) се однесува на хрватските граѓани кои заминуваат во САД во туристички или деловен аранжман, не подолго од 90 дена, објави „Јутарњи лист“. Членството на Хрватска во […]

Трагедија во Брчко, шест лица загинаа во пожар во станбен објект, спасени се четири деца


Шест лица загинаа и неколку други се повредени во пожар во станбен објект во Брчко. Повредените се пренесени во болницата Брчко каде им била укажана лекарска помош. Локални медиуми јавија дека при интервенцијата пожарникарите спасиле четири деца на првиот кат од објектот. Пожарот се случил утринава околу седум часот. Засега нема информации за причината за […]

Како Париз го реализира планот за „100% велосипедистички“ град


Француската престолнина драматично ја проширува својата мрежа на одвоени велосипедски патеки и повеќе од тројно ги зголемува местата за паркирање велосипеди како дел од огромната нова инвестиција   Оваа недела, Париз објави голема надградба на својата велосипедска инфраструктура што би можела да го направи еден од најголемите градови во светот за велосипедистите. Од сега до […]

Извршниот директор во ММФ Хилберс: Централната банка дејствуваше соодветно за време на кризата


„Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за време на корона-кризата со мерки за поддршка, што придонесе за одржување на целокупната стабилност“ – истакна Пол Хилберс, извршен директор во Меѓународниот монетарен фонд за Конституенцата во којашто членува нашата земја. Тој додаде дека „тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е внимателно […]

ФТ: Лондон може да користи специјална единица од финансиски експерти против свои противници


Велика Британија може да користи специјална единица на Министерството за одбрана, формирана од финансиски експерти и поранешни вработени во Лондонско сити, против Русија, Кина и Иран, пишува британскиот весник Фајненшел тајмс. Според изданието, доверливата експертска група и помага на британската војска да ги подобри своите вештини за „економска војна“ и да ја заштити земјата од […]

Развојна банка на годишното собрание на Бернската унија: Краткорочното осигурување се враќа во фокусот на компаниите


Претставници на Развојна банка на Северна Македонија земаа учество на Годишното собрание на меѓународната унија на кредитни и инвестициски осигурители – Бернска унија, во организација на Унгарската кредитно извозна агенција, EXIM Унгарија. На годишното собрание присуствуваа повеќе од 160 претставници од осигурители од 52 земји, членки на Бернската унија, соопштија од Развојната банка. На годишното […]

Пендаровски по повод 23 Октомври: Да ги надминеме предизвиците на нашето време, да си ја сакаме и чуваме државата


Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во која наведува дека датумот на основањето на македонската револуционерна организација е пресвртната точка од која започна долгиот и макотрпен пат за создавање на независна македонска држава. – Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна […]

Северна Македонија бележи напредок во сферата на надворешните односи, оцени ЕК


Северна Македонија е умерено подготвена во областа на надворешните односи и постигна одреден напредок во текот на минатата година, констатира Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава за 2021 година. – Северна Македонија ја продолжи својата добра соработка со ЕУ, вклучително и во рамките на Светската трговска организација (СТО). Беше имплементиран Дополнителниот протокол 5 […]

Пентагон соопшти колку американски војници починале од Ковид-19


Бројот на американски војници кои починале од компликации предизвикани од Ковид-19 достигна 70, пишува американскиот весник Милитари тајмс. Изданието нагласува дека во последните денови во вооружените сили на САД, како и во целата земја, постои тенденција да се намали смртноста од последиците од инфекцијата со коронавирус по нејзиниот нагло зголемување во крајот на јули, по […]

Кина донесе закон со кој сака да ја намали зависноста на младите од онлајн игри


Кина го усвои законот за образование сокој се демонстрира поодлучна позиција на државата во борбата против зависност на млaдите од онлајн игри, кои се сметаат за форма на „духовен опиум“, но и обид да се застане на патот на „слепо“ обожување познати личности на интернет. Кинескиот парламент минатата недела потврди дека ќе разгледа закон со […]