Во Хрватска регистрирани 3.585 нови случаи на Ковид-19, починале 25 лица


Во Хрватска во саботата се регистрирани 3.585 новозаразени лица од корона вирус, а починале 25 лица, јавија хрватските медиуми.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 17.319 лица. Од нив, 1.033 пациенти се во болница, од кои 128 се на респиратор. Бројот на лица во самоизолација е 27.714. Инаку, во Хрватска до денес се тестирани вкупно 3.026.033 лица, од кои 11.193 во последните 24 часа.