Кина почнува со вакцинирање на деца од три години и повеќе против Ковид-19


Кина – Малите деца од тригодишна возраст и повеќе во Кина ќе почнат да ја примаат вакцината против Ковид-19, каде 76 отсто од населението е целосно вакцинирано, а властите применуваат политика на нулта толеранција кон жариштата на инфекција.   Така, Кина ќе стане една од ретките земји во светот што почнаа да вакцинираат толку мали деца […]

Мајкрософт: Во САД моментално се извршуваат обемни хакерски напади од Русија


САД– Мајкрософт на својот блог објави дека рускиот ентитет кој стоеше зад минатогодишните големите хакерски напади на фирмата „Солар виндс“ поврзана со приватни компании и државни агенции, моментално изведува цел бран напади на компјутерските системи на САД, и оти засегнати се стотици компании и организации. Мајкрософт во соопштение синоќа посочи дека нападите, вршени од руската хакерска група […]

Вселенскиот патријарх Вартоломеј пуштен од болница, ја продолжува 12-дневната посета на САД


САД – Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој вчера беше хоспитализиран во главниот град на САД, денеска е испишан од болницата. 81-годишниот духовник е подготвен да ја продолжи посетата, соопшти прес-службата на Американската архиепископија на Вселенската патријаршија. „Среќни сме да објавиме дека нашиот духовен отец, Неговата Светост, штотуку е отпуштен од болницата. Тој се чувствува добро и е […]

Заокружен твининг проектот за развој на цивилното воздухопловство


Преземени се активности за усогласување на домашното законодовство со прописите на Европската унија  во областа на воздухопловството и унапредени се оперативните и техничките капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство, преку твининг лајт проектот „Поддршка за учество во ЕЗВО-Европска заедничка воздухопловна област“, што беше заокружен денеска со онлајн конференција. Целта на проектот, финансиран од ЕУ, што […]

Нови 135 случаи со Ковид-19, 11 починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.514 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 91, Куманово – 14, Кавадарци – 7, Струга – 4, Прилеп – 3, Битола, Струмица, Свети Николе, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Штип, Кочани, Гевгелија, Виница, Валандово […]

Глазгов домаќин на Самитот за климата 


Поттикнување на глобалните климатски амбиции на КОП 26 е примарна цел на двонеделниот Самит за климата, што ќе се одржи од 31 октомври до 12 ноември во Глазгов, под претседателство на  Обединетото Кралство. Како што соопшти денеска Британската амбасада, претставувајќи ја програмата на Самитот, на собирот се предвидени речиси 50 настани организирани, кои ќе ги покажат активностите и […]

Вклучен и вториот блок на РЕК Битола, граѓаните не треба да стравуваат од рестрикции


Владата соопшти дека во насока на обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем, од денеска во функција е ставен и вториот блок на РЕК Битола, што значи дека комбинатот работи со двата блока како што беше предвидено. Од Владата потенцираат дека граѓаните нема потреба да стравуваат бидејќи количините на електрична енергија за нив се обезбедени во целост […]

На Кипар потврдени два случаи на варијантата Делта плус


Кипар – Два случаи на Делта плус, новата варијанта на Ковид-19 се потврдени на Кипар, по анализите на позитивните случаи за периодот септември- октомври, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека од 279 анализирани примероци, кај сите била потврдена варијантата Делта, а при дополнителна анализа биле откриени случаите […]

Вакцината против коронавирусот на Модерна предизвикува силен имунолошки одговор кај деца од шест до 11 години


САД– Компанијата Модерна денеска објави позитивни резултати од својата вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од шест до 11 години, кои наскоро ќе ги достави до регулаторните тела во светот за одобрување. Клиничките испитувања спроведени на повеќе од 4.700 деца на таа возраст покажуваат „робустен“ имунолошки одговор во однос на антителата, „поволен безбедносен профил“ и […]

Петрушевски до Димитриевски: Здодеа со театрите, но ќе те истрпиме уште неколку дена


Луѓето на Димитриевски продолжуваат со ширење лажни вести, провокации, закани и уцени, порача Момир Петрушевски, кандидат за советник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдобро за мојата општина“. Тој денес обвини дека лично бил вербално нападнат и провоциран од тимот на Максим Димитриевски пред неговиот дом и во присуство на сопругата и внучето, а не […]

Колку вредат пасошите на земјите од регионот (инфографика)


Индексот за пасоши на Хенли (The Henley Passport Index) нуди рангирање на сите пасоши во светот според бројот на дестинации за патување со нив без виза. Индексот и неговата содржина се засноваат на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), дополнети од тим од Henley & Partners. Индексот комбинира 199 различни пасоши и 227 […]

Мурал со дела од Владо Малески насликан на фасадата на Центарот за култура во Струга


Уметникот Горан Ристовски наслика мурал со мотиви од творештвото на истакнатиот писател и општествено – политички работник, Владо Малески на фасадата од јужната страна на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. На површина од 13 метри должина и седум метри висина, композицијата, како што појасни авторот, е составена од познатиот „струшки вез“ симболизирајќи на […]

Фејсбук им дозволувал на политичари да ги прекршат правилата за објавување содржини


Раководството на Фејсбук се мешало во работата на социјалната мрежа, давајќи им на политичари привилегирана позиција при објавување, и покрај сопствените правила, пишува „Фајненшл тајмс“ цитирајќи извадоци од истрагата на „Фејсбук Пејперс“ (Facebook Papers) спроведена врз основа на сведочењето на Френсис Хоган, поранешен вработена во компанијата. Според весникот, раководството на Фејсбук се вмешало во работата на социјалната мрежа, дозволувајќи […]

Обвинителството ги проверува наводите на ВМРО-ДПМНЕ за полициски закани на денот на изборите


Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави, како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите, велат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Во однос на информациите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека полицајци, началници и функционери во Прилеп се организирале за да заплашуваат политички […]

Речиси 6.000 новозаразени во Србија, починаа 62


  Во Србија денеска се регистрирани 5.908 новозаболени со Ковид-19, додека од последиците на оваа болест починаа уште 62 пациенти. На респиратор се 274 пациенти. Вчера беа регистрирани 5.773 новозаболени, а починати беа 61 пациент. Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 6.179.407 примероци, а вирусот е потврден кај 1.104.117. Поради вакавата загрижувачка состојба […]

Беса ги повика нивните гласачи да ги поддржат кандидатите на Алијансата


Двата коалициски партнери во Владата се разделија пред вториот круг на локалните избори – Беса денеска ги повика граѓаните што гласале за неа да гласаат за кандидатите на Алијанса за Албанците. Но побара и гласачите на АА/А да гласаат за кандидатите на Беса. Партијата има големи шанси за успех во Тетово и Желино. „Анализирајќи ги […]

Илиевски: Максим Димитриевски остварил само 2.000 метри гасификација наместо 25.000


Кандидатот за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски, најави итна и целосна гасификација на сите индустриски зони во Куманово, како и помош од локалната самоуправа во изградбата на критичната инфраструктура за сите индустриски зони ако биде избран во вториот круг за градоначалник. -Владата предводена од СДСМ само за развој на оваа индустриска зона Новини која е […]

Во Црна Гора заразени со корона се 638 ученици и 131 наставници


Во образовните институции во Црна Гора со корона вирус се заразени 638 ученици и 131 наставници и професори, што се прилично големи бројки за оваа мала држава. Веб-страницата „Ковид-19 и образование“ објави дека во основните училишта се заразени 333 ученици, во средните училишта 291, а во предучилишните установи четиринаесет. Најголем број заразени наставници е забележан […]

СДСМ возврати: Членови на ВМРО-ДПМНЕ се заканувале со насилства и убиства


  СДСМ возврати на нападите од ВМРО-ДПМНЕ со напад. Според оценката на Славјанка Петровска, пратеничка од СДСМ, оваа партија воопшто не е поместена ниту милиметар од  режимската и насилничка матрица и по првиот круг продолжила таму каде што застанала во 2016 година – со закани за насилство кон граѓаните.   „Сосем малку им требаше да […]

Во Тетовско за девет месеци 124 странски државјанки приведени за нелегален престој


За девет месеци откриени се 124 странски државјанки кои нелегално престојувале и работеле пред се во угостителски објекти во тетовскиот регион. Жените се претежно од  соседни земји, но и од подалечни држави. Откриени се во редовните активности што ги презема СВР Тетово за откривање и законско санкционирање на странски државјани, односно државјанки кои непријавено престојуваат […]