Во Црна Гора заразени со корона се 638 ученици и 131 наставници
Во образовните институции во Црна Гора со корона вирус се заразени 638 ученици и 131 наставници и професори, што се прилично големи бројки за оваа мала држава.
Веб-страницата „Ковид-19 и образование“ објави дека во основните училишта се заразени 333 ученици, во средните училишта 291, а во предучилишните установи четиринаесет.
Најголем број заразени наставници е забележан во основните училишта, каде се регистрирани 77 заразени наставници, 36 во средни училишта и 18 во предучилишни установи.
Во самоизолација се 1.517 ученици и 146 наставници, од кои 1.037 ученици и 78 наставници од основните училишта. Од средните училишта во самоизолација се 403 ученици и 44 професори, а од предучилишните установи 77 ученици и 24 наставници.