Василев: Доколку конекцијата на Бугарија со Грција беше готова, гасот ќе беше за 20 отсто поевтин, сега е 30 отсто поскап


Доколку гасната конекција меѓу Бугарија и Грција беше готова, природниот гас денеска ќе беше  20 отсто поевтин, место да е 30 отсто поскап, за БНТ искоментира поранешниот бугарски министер за финансии, Асен Василев, кој сега е еден од двајцата лидери на новата политичка формација „Промената продолжува“, јави дописникот на МИА од Софија. Бугарската регулаторна комисија […]

„Игри на проекции“ – самостојна изложба на минијатури и мал формат слики на Ивона Велковска


Самостојна изложба на минијатури и мал формат слики  „Игри на проекции“ на ликовната уметница Ивона Велковска ќе биде отворена вечер во Галерија  „КО-РА“ – нов салон сутерен во Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје. Ивона Велковска е родена 1975 во Мостар. Своето образовани го започнува во Сплит, а го продолжува на Факултетот за […]

Мик Џегер излегол на пиво во бар во Шарлот, но не бил препознаен од никого 


Вечер пред синоќешниот концерт на Ролинг Стоунс во Шарлот, Северна Каролина, фронтменот Мик Џегер излегол на пиво во бар без да биде забележан од гостите и сопствениците.  Рок легендата Џегер (78) го сподели својот поход по ноќниот живот на Шарлот во твит објавен синоќа.  „Излегов да прошетам во Шарлот, СК“, твитна Џегер, заедно со негова […]

Во периодот од 6 август до 30 септември, 21 отсто од хоспитализираните лица со Ковид-19 биле целосно вакцинирани


Вкупно 77 проценти, односно 27.298 граѓани од позитивните на Ковид-19 изминативе два месеци не биле вакцинирани. Заклучно со 30 септември, вкупно се вакцинирани 788.058 граѓани, ревакцинирани се 729.794. Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 412 нови позитивни случаи на Ковид -19, а вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата […]

Шилегов за програмата на Арсовска: Ветени се нешта што веќе се прават


Одговарајќи на новинарско прашање во врска со презентацијата на програмата на кандидатката Данела Арсовска, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов укажа дека од она што чул, ветени се и работи кои се во фаза на имплементација. „Секој има право да излегува со сопствена понуда. Од она што успеаја да ми кажат колегите – не можев да […]

Мицкоски сака Битола да биде како Виена


Караванот на ВМРО-ДПМНЕ со неговиот претседател денеска беше во Битола, Демир Хисар, Могила. Мицкоски во говорот во Битола порача дека патриотизам е да Македонија да биде напредна. Во исто време напредна да биде и Битола. И дека сака Битола да има стандард како Виена, а Македонија како Австрија. „Да градиме мостови на соработка со соседите, […]

СДСМ е убеден дека пак ќе победи во Гази Баба


Потпретседателот на СДС; Оливер Спасовски, вечерва изјави дека Гази Баба е позитивниот пример за работењето на СДСМ и на локално и на централно ниво. „Со СДСМ граѓаните се на сигурно, знаат дека проблемите кои со децении ги мачат се решаваат, дека општината и државата одат напред“, нагласи тој. Тој зборуваше и за сегашниот градоначалник Борис […]

Самитот во Словенија ќе биде за закрепнување на Западен Балкан, порача Шарл Мишел


Уште сега претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека за проширувањето нема да се зборува на 6 октомври во Брдо кај Крањ   Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија на 6 октомври „уште еднаш ќе укаже на стратешката важност на регионот за Унијата“, а клучните финансиски институции ќе презентираат како може да се помогне за […]

Заев во Градско: Градиме училишта и градинки, а не трошиме на камен и бронза


Лидерот на СДСМ денеска за време на посетата на Градско изјави дека денес не се трошат парите на граѓаните на камен и бронза, туку на градинки и училишта. „Периодот којшто беше зади нас не е период од 100 или 200 години. Паралели можеме да влечеме што се случи овие четири години и што се случи […]

Црна Гора е прва во Европа по трговија со дрога, по организиран криминал e четврта – по Русија, Србија и Украина


Според Глобалниот индекс за организиран криминал, Црна Гора е рангирана на прво место во Европа и на 14 место во светот кога станува збор за трговија со дрога, а четврта во Европа по криминал, по Русија, Србија и Украина и 45 -та во светот, јави РТЦГ. Кога станува збор за отпорот кон криминалот, како што […]

Грузиските власти го уапсија Саакашвили


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили денеска е уапсен откако по осум години се врати во својата татковина. Како што јави руската агенција ТАСС, апсењето на грузискиот опозиционер го потврди премиерот на Грузија Иракли Гарибашвили во пресрет на локалните избори. Саакашвили, кој ја предводеше револуцијата во Грузија во 2003 година, смета дека обвинувањата против него, кои […]

Кружна економија во модниот бизнис: 24.Моден викенд се сели во Битола и во Штип


Под слоганот „Beyond the Fields”, викендов, 24. Моден викенд, во организација на Света Богова-Јовановска,  им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK. Преку шоурум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори на тркалезна маса, NoWasteMK ќе истражува и дискутира на теми за одржливост, ќе сподели знаење […]

Андреј Ковачев го обвини Никола Димитров дека „безобразно лаже“


Откако вчера во говорот во Советот на Европа, македонскиот вицепремиер Никола Димитров ја критикуваше Бугарија дека го поттикнува антагонизмот меѓу двата народи и двете земји, европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев, го обвини дека бил лажливец. „Ниту една земја не може да ни каже или диктира кој е нашиот идентитет и нашиот јазик, кој јазик го […]

Две третини од Германците бараат оставка од Армин Лашет


Мнозинството Германци бараат оставка на Армин Лашет од претседателството на ЦДУ во анкетата на дифузерот АРД. Две третини од испитаниците се на ова мислење по историски лошиот изборен резултат за Унијата на федералните избори. Исто така, 60 проценти од поддржувачите на ЦДУ сметаат дека Лашет треба да поднесе оставка на својата функција. Само околу еден […]

Европејците и натаму со летно и зимско сметање на времето


Иако Европската комисија пред три години предложи да се укине сезонското поместување на стрелката на часовникот, земјите-членки се уште не се договорија за ова, и се чини дека нема да го направат тоа во догледна иднина, јавува Хина. – Во недела, на 31 октомври, ќе ја поместиме стрелката на часовникот, изјави денеска портпаролот на Еврокомисиијата […]

Македонија ќе уништи 13.000 дози вакцини донација од Бугарија


  Вкупно 13.000 дози вакцини „Фајзер“ против Ковид-19 кои Македонија ги доби од Бугарија ќе бидат уништени како медицински отпад, јавувa СДК.МК. Рокот на вакцините бил до 30 септември, а од вкупно 51.480 дози вакцини искористени биле 38.480 дози. Целиот извештај прочитајте го ТУКА.

Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје, приговори најдоцна до осми октомври


Резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицирале за сместување во капацитетите во Скопје се објавени. Како што информираат од Министерството за образование […]

Рама во средба со Борел зборувал за блокадата на Македонија


Албанскиот премиер Еди Рама за време на посетата на Абу Даби остварил средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеф Борел. На објава на Фејсбук, шефот на албанската влада наведува дека разговарал со Борел за самитот што следната недела ќе се одржи меѓу ЕУ и Западен Балкан, ситуацијата во регионот, како и „отворениот […]

Американската амбасадорка Брнз во посета на „Лајка“


Американската амбасадорка Кејт Брнз, придружувана од својот сопруг Лери Скот Гејџ, денеска беше во посета на ЈП „Лајка“. Директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска ја запозна амбасадорката со тековните активности и со долгорочната мисија на претпријатието кое се грижи за благосостојбата на бездомните кучиња на територија на град Скопје. Во рамки на посетата, Брнз ја […]

Регистрирани 412 новозаболени од ковид, починаа 12 лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: • Направени се 3.379 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 205, Куманово – 39, Кочани – 23, Кавадарци – 17, Битола и Велес – по 15, Штип – 14, Прилеп – 13, Охрид – […]