СДСМ е убеден дека пак ќе победи во Гази Баба
Потпретседателот на СДС; Оливер Спасовски, вечерва изјави дека Гази Баба е позитивниот пример за работењето на СДСМ и на локално и на централно ниво. „Со СДСМ граѓаните се на сигурно, знаат дека проблемите кои со децении ги мачат се решаваат, дека општината и државата одат напред“, нагласи тој. Тој зборуваше и за сегашниот градоначалник Борис Георгиевски, кој се натпреварува за втор мандат.
„Борче го знам многу добро и знам колку се бори и колку притиска во Владата за добивање на средства за секој проект, на секој повик кој е распишан. Така се бори човек кој и го посакува најдоброто на својата општина.
И затоа решаваме децениските проблеми кој ги има оваа општина. Се реконструираше патот Јурумлери–Долно Лисиче-Драчево, патот Хиподром–Илинден во првата фаза. Изградивме нов локален пат од Страчинци до Виниче, нов локален пат од школото во Булачани до викенд населбата, а во првата фаза се реконструираше и патот Раштак – Бутел“, рече Спасовски.