Целодневен Skopje Vinyl Convention во МКЦ


Денес, со почеток од 13 часот во МКЦ ќе започне петтиот по ред „Skopje Vinyl Convention“, во организација на Funky Fresh. Како што велат оранизаторите, настанот е инспириран од и посветен на сите колекционери и љубители на винили. Има примарна цел да ги сплоти сите љубители и колекционери, а воедно и да им даде простор […]

Кина испрати 38 авиони над одбранбената зона на Тајван


Тајван денеска остро ја критикуваше Кина, чии воени авиони, по повод одбележувањето на националниот празник, влегоа во одбранбената зона на тој остров. Тајван постојано се жали од почетокот на годината за постојано влегување на кинеските воздухопловни сили во воздушниот простор на островот. Тајвански борбени авиони полетаа вчера откако во два наврати 38 кинески авиони влегоа […]

Трамп бара судот да му го врати Твитер налогот


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од судот да му го врати неговиот налог на Твитер во обидот да издејствува укинување на трајната забрана за користење на оваа социјална платформа. Трамп (75) вчера поднесе прелиминарна тужба против Интернет гигантот, барајќи брзо враќање на неговиот налог. Тој тврди дека Твитер го откажал неговиот профил, што имал […]

Потпишани анекси на Договорот со УСАИД за зголемување грант компонентата на 3,5 милиони долари


САД даваат значајна поддршка на македонската Влада во спроведување на активностите насочени кон економски раст и стабилност и зајакнување на демократските практики и институции. Потврда за тоа се двата потпишани амандмана на Договорот за грант за партнерство за развој со што дополнителната сумa за оваа година е во висина од 3,5 милиони американски долари. Анексите […]

Пуџдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија


Поранешниот претседател на шпанскиот регион Каталонија, Карлес Пуџдемон, побара од европскиот судски систем да му го врати имунитетот како европратеник, за да не биде екстрадиран во Шпанија, изјави неговиот адвокат. Барањето е испратено до Општиот суд на ЕУ, кој претходно во јули го одби неговото прво барање. По Карлес Пуџдемон (58), кој во 2019 година […]

Црн биланс – во САД од Ковид-19 починале 700.000 лица, колку што има население во Вашингтон


САД ја надминаа бројката од 700.000 лица кои од почетокот на пандемијата умреа од последиците на Ковид-19, соопшти вчера Универзитетот Џон Хопкинс, посочувајќи дека е тоа еквивалент на населението во главниот град Вашингтон. Француските медиуми пишуваат дека овој црн биланс потсетува дека се уште секој ден стотици Американци умираат од коронавирус, и покрај кампањата за […]

Утре се одржува Скопскиот маратон, еве кои улици ќе бидат затворени за сообраќај


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека утре поради одржување на спортската манифестација – „Скопски маратон 2021“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. – Маратонот ќе започне во 08.00 часот, со следната […]

Голема потера по „кумот“ на Коза Ностра на Сицилија, Матео Месина Денаро


Околу 150 припадници на италијанските специјални сили на Сицилија го бараат шефот на мафијата во бегство, Матео Месина Денаро. Од вчера изутрина на островот се претресени десетици куќи што им припаѓаат на блиски соработници на мафијата. Месина Денаро се смета за „кум“ на Коза Ностра во Сицилија, една од најголемите мафијашки организации во Италија. Тој […]

Нови 27 случаи на заразени со делта сојот во Нов Зеланд, во Оукленд протести против седумнеделното „заклучување“


Претставници на здравствените власти од Нов Зеланд денеска соопштија за 27 нови случаи на многу заразната делта варијанта на коронавирусот во Оукланд, во кој  граѓаните излегоа на улиците протестирајќи против речиси двомесечното затворање на најголемиот град во земјата. Британските медиуми јавуваат дека 1,7 милиона жители на Окленд во понеделникот ја чекаат владината одлука дали ќе […]

Мобилен интернет користат речиси 1,4 милиони претплатници, покажува извештајот на АЕК


Во вториот квартал годинава бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесувал 1.867.694, а биле реализирани 1.523.126.310 минути разговор. Резиденцијални при пејд претплатници се 725.868, а пост пејд 892.456. Дел од вкупната бројка се и 249.370 деловни постпејд претплатници. Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации, во второто тримесечие годинава бројот на претплатници на пристап […]

Анкета: Поддршката за Бајден за еден месец е опадната од 54 на 50 проценти, во јули била 59 отсто


Последните сондирања на јавното мнение во САД покажуваат дека имиџот на американскиот претседател Џо Бајден претрпува значителни последици поради кризите што избија во последните недели, пренесува агенцијата Анадолија. Резултатите од анкетата, спроведена од Асошиетед прес (АП) и истражувачкиот центар НОРЦ, покажаа дека поддршката за Бајден за еден месец е опадната од 54 на 50 проценти, […]

Зошто многу Германци поддржаа партии кои немаа шанси да освојат пратеничко место?


Во неделата во Германија стотици илјади гласови беа дадени за партии од периферијата, што немаат шанси да влезат во парламентот. Според социолозите, ова се должи на замор од етаблираните партии и зголемениот индивидуализам во општеството. Помалите партии, кои вообичаено се надвор од центарот на вниманието за време на германските федерални избори, овој пат имаа подобри […]

Истражување: Две третини од девојките се соочуваат со сексуално вознемирување на социјалните мрежи


Многу млади девојки преку социјалните мрежи на интернет добиваат пораки што претставуваат сексуално вознемирување, а за тоа тие повеќе се доверуваат на семејството отколку на институциите. Ова го покажува истражувањето „Онлајн вознемирување на социјалните медиуми“ спроведено од Центарот за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово, кои го пренесуваат и искуството на младите лица од женски пол […]

Саакашвили почнал штрајк со глад во притвор


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој беше уапсен вчера попладне при влегуивање во земјата, почна штрајк со глад и побара да се сретне со украинскиот конзул, јави грузискиот правобранител Нино Ломџарија. -Кога го посетив, тој беше на лекар и на медицински прегледи. Подоцна ни беше дозволено да разговараме во затворската ќелија. Тој ни кажа дека […]

Вечерва премиера на „Дух“ на Народниот театар во Охрид


Народниот театар од Охрид вечерва премиерно ќе ја изведе претставата „Дух“, работена според текст на Дејан Дуковски, а во режисерска поставка на Сашо Миленковски. Претставата „Дух“ е потрага по одговор на прашањето за тоа што се случува со обичниот човек кога ќе се помине прагот на толеранцијата…од разно,разни криминални структури. Човек тогаш оди по пат […]

Вакцината против Ковид-19 ќе биде задолжителна за сите ученици во Калифорнија


Сите ученици во Калифорнија кои сакаат да посетуваат настава во државни или приватни училишта ќе мора да бидат вакцинирани, соопшти вчера гувернерот на оваа американска сојузна држава Гевин Њусом. Одлуката се однесува на шест милиони ученици и студенти во Калифорнија, која е најнаселената држава во САД. Оваа обврска за задолжителна вакцинација нема да стапи на […]

ПичПрич на тема „Љубовни писма“ вечер во Куршумли ан


ПичПрич, иницијативата за промовирање на женската усна историја, денеска ќе ја одржи својата традиционална гала вечер каде што ќе се раскажува за еден од најстарите и најтрадиционалните начини на додворување – љубовните писма. -Овогодинешната тема на ПичПрич галата ќе го стави во фокус овој вид на комуникација, како и формите што ги добива низ дигиталната […]

„Органска трпеза“ – по четврти пат Меѓународен саем на органски и традиционални производи во Куманово


Комората на органски производители и здружението „Живот“ Куманово по четврти пат го организираа Меѓународниот саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ во Куманово. Своите производи на отворено во Куманово ги изложија 134 излагачи од државата, Србија, Бугарија, Црна Гора, Косово, БиХ, Унгарија, Албанија и други држави. Пипер, домати, бадеми, слатка, зимница, вина, сокови, млечни […]

ГЕРБ номинира жена – полковник за кандидат за потпретседател, била пи-ар кога командант бил Румен Радев


Полковник Невена Митева се очекува да биде кандидат за потпретседател на проф. Анастас Герџиков на претседателските избори во Бугаријха, закажани за 14 ноември. Претседателскиот кандидат поддржан од ГЕРБ ќе се соочи со актуелниот бугарски претседател, Румен Радев, најверојатно во друштво на жена од вооружените сили, објавија локалните медиуми. Како што јави дописникот на МИА од […]

Промоција на самоводечка, велосипедска прошетка „Скриените музеи во Скопје“


Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“ денеска ќе промовира самоводечка, велосипедска прошетка Скриените музеи во Скопје со аудио напатствија за движење до повидливи културни локалитети во Скопје и околината. Ќе има две различни рути, една во централното градско подрачје, а друга во периферијата на Скопје. Настанот е дел од проектот „Скриените музеи на Скопје“, реализиран од […]