Во источниот дел на Медитеранот исчезнаа 70 мигранти


 Вкупно 70 мигранти, кои пред четири дена со брод тргнаа од либискиот брег кон Европа, исчезнаа во источниот дел на Средоземното Море. „Мигрантите неколку пати испратија пораки до Аларм фон“, објави на Твитер невладината организација, во која работат волонтери кои примаат телефонски повици од мигранти во неволја. Организацијата наведе дека последниот контакт со мигрантите бил […]

Заев: Земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за арпата


Премиерот Зоран Заев денеска најави дека од КОВИД-програмата,  проектирана во јуни, земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за оризовата арпа. Со тоа, како што нагласи Заев, ќе им се излезе во пресрет на барањата на производителите за надминување на пониските откупни цени поради пандемијата. Заев присуствуваше на завршните настани од манифестацијата „Денови на кочанскиот […]

Наши ученици освоија медали на третата Балканска олимпијада по физика


На третата Балканска олимпијада по физика, што се одржа од 24 септември до 2 октомври, сите ученици кои ја претставуваа нашата држава добија медали. Сребрен медал добија учениците Јан Стојановски – втора година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје и Мајкл Георгиевски – трета година во гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци.   Бронзени медали добија […]

Во Бугарија до 1 октомври преку Интернет попишани околу 4,9 милиони граѓани


Во Бугарија, до 1 октомври, 4.886.506 граѓани се попишани преку Интернет, соопшти Националниот статистички институт на Бугарија. Според дописникот на МИА од Софија, ова е 70,65 отсто од населението во Бугарија. Бројот на живеалишта е 2.769.895. За периодот од 18 септември, 2.481.544 лица се попишани преку попишувачи. Во 18 општини, населението на пописот во Бугарија […]

Во Старата чаршија луѓето си подаваат рака кога е потребно


Градоначалникот Шилегов ја посети Старата скопска чаршија, каде одржа неколку средби со занаетчиите кои работат во овој дел на градот. „Уште во 2018-та година, заедно со чаршискиот еснаф и пазарџиите од Бит Пазар системски започнавме со расчистување на дивите продавачи по бул. Крсте Мисирков. Заедно со Скопски Пазар им овозможивме иницијално бесплатни тезги на пазарот, а […]

Димитров до Захариева: Нема ниту еден приговор за дискриминација по бугарска етничка основа


Тешко ми е да разберам дали ваквите обвинувања – бидејќи ги слушам многу често јавно од бугарските политичари, се дел од домашниот контекст или се резултат на меур во кој навистина верувате, и рече вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на пратеничката Екатерина Захариева која обвини дека во земјава има дискриминација по бугарска етничка основа. […]

Шилегов: Институциите да го расчистат случајот со извидничкиот камп


Градот Скопје секоја година финансира илјадници различни програми. Не можеме ние да ги предвидуваме сите дејствија кои што ќе ги прави корисник. Ова што е направено за жал е скандалозно и јас ги повикувам институциите најбрзо што е можно да го расчистат тој случај, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов одговарајќи на прашањето поврзано […]

Проф. д-р Грозданова: Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор


Вакцините за заштита од Ковид-19 и по појава на Делта сојот обезбедуваат висока заштита од вирусот, ја намалуваат потребата од хоспитализација и компликации од болеста, a нивната комбинирана употреба може да создаде поширок имунолошки одговор, истакна проф. д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација во неделната онлајн дискусија организирана во Лекарска комора на РСМ. Проф. […]

Дипломатот Миле Миленкоски бара да му се суди во Македонија


Уапсениот македонски дипломат Миле Миленкоски, кој е во екстрадикционен притвор во Врање, Србија, вели дека во доставените докази од Ерменија „нема ништо што би укажувало на вина, ниту пак може да има“ и верува дека „РСМ е правна држава и, оттаму, верувам дека надлежните (во Македонија) ќе покренат брза постапка, со оглед на фактот дека […]

Тешко повредена малолетничка во Скопје откако во неа удрил автомобил


На улицата „Владимир Полежановски“ во Скопје патничко моторно возило „хундаи“ со скопски регистарски ознаки, вчера удрило во малолетничка, при што се здобила со тешки телесни повреди. Како што соопштија денеска од МВР, со патничкото моторно возило управувал Д.М.(37) од Скопје, а малолетничката била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на лице место извршила екипа […]

Гвардиола: Поради Клоп станав подобар тренер


Тренерот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола, со комплименти зборуваше за неговиот колега на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, спроти утрешната меѓусебна пресметка во Премиер лигата. Гвардиола наведе дека ривалството со Клоп позитивно влијаело врз неговиот тренерски развој. – Можеби не уште од првата година, но откако сум тука Ливерпул секогаш беше околу […]

СИРИЗА поставува два услови за да го гласа Договорот за воена соработка меѓу Грција и Франција


Договорот за стратешко партнерство за одбранбена и безбедносна соработка меѓу Грција и Франција што во вторникот во Париз го потпишаа двете земји, веќе е доставен во грчкиот Парламент, а од СИРИЗА поставуваат два услови, односно корекција на два од членовите за да го поддржат договорот, јави дописничката на МИА од Атина. За СИРИЗА проблематични делот […]

До вторник сончево, од среда повторно дожд и заладување


УХМР соопшти дека до вторник времето ќе биде претежно сончево со студени утра и пораст на дневната температура, а од среда следува период на претежно облачно и посвежо време со локални врнежи од дожд. Утре утринските температури ќе се движат од нула до девет степени, а дневните од 17 до 25. Во Скопје ќе биде […]

Незгоден знак од зодијакот од кој сите се плашат


Неговиот владетел Марс го охрабрува да продолжи напред насилно и да ги сруши сите пречки. Не можете да го натерате овој знак да се откаже од она што тој го замислил така лесно, така што тие можат да бидат прилично непријатни во остварувањето на нивните намери. Тие се енергични и прават многу работи со ревност […]

Арсовска: Потребни ни се системски решенија – да го заштитиме Водно со закон


Заштита на Водно со закон и конечно решавање на проблемот со појавување на нови градби на парк шумата е едно од решенијата во програмата на независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска. Таа денеска на прес конференција потенцираше дека Водно стана место каде наместо дрвја, почнаа да растат згради. „Бевме сведоци како граѓаните […]

Дигитализацијата ја обликува иднината на работните места, им порача Ангеловска-Бежоска на студентите на Економски факултет


Новите технологии создаваат нови работни места и потреба за нови квалификации и вештини. Важно е во текот на студиите, младите професионалци да се стекнат со вештини коишто ќе им овозможат побрзо вклучување на пазарот на работна сила по нивното завршување. Ова на студентите од прва година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ […]

Модните компании го враќаат производството поблиску до дома


Модните брендови го сменија начинот на работење во пандемијата со Ковид -19, напуштајќи ги глобалните синџири на снабдување и евтините производствени центри во Азија, можеби на подолго време, а нивната нова производствена локација е Медитеранот, пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. Италијанскиот Бенетон веќе го проширува производството во Хрватска, Србија, Турција, Тунис и Египет и планира […]

Црвенковска: Ќе ни требаат уште 630 судии за да бидеме ефикасни


Судскиот совет ќе одреди три суда во кои ќе се спроведува Методологијата со индикатори за утврдување сложеност на предмети. Планот е по една година Методологијата да се спроведува во сите судови, од страна на сите судии. Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, во интервју за МИА појаснува зошто е важна Методологијата, како и дека преку […]

Шилегов денес во се среќава со занаетчиите во Старата чаршија


Денес, кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, ќе ја посети Старата скопска чаршија, каде ќе одржи неколку средби со занаетчиите кои работат во овој дел на градот. Скопје е создаден и одржуван во живот со векови благодарение на својот еснаф, на луѓето кои отсекогаш твореле и тргувале во старата чаршија – на фурнаџиите, берберите, часовничарите, […]

Барселона во загуба од 481 милиони евра


Каталонскиот фудбалски гигант Барселона ја заврши финансиската година 2020-2021 година со дефицит од 481 милиони евра, објави клубот. Оперативните приходи на каталонскиот клуб изнесуваат 631 милиони, што е значително под 828 милиони, колку што беше предвидено во буџетот, кој исто така вклучуваше нето добивка од еден милион евра, а не загуба од 481 милиони евра. […]