Џек Николсон боледува од тешка деменција


Познатиот холивудски глумец Џек Николсон (84) се повлече од јавноста во 2010 година, но публиката се надеваше дека ќе го види повторно на филм. Сепак, за жал, како што пишуваат светските медиуми, неговата здравствена состојба е многу лоша. Џек (84) последен пат беше виден во јавност пред околу една година. Гласините со години говорат, а […]

Веб-страниците на Државниот завод за статистика се под постојани напади


Пописните активности на терен течат, не се прекинати, а се спроведуваат со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во најкраток можен рок и час поскоро процесот да продолжи со висок интензитет како и до сега, информираат денеска од Државниот завод за статистика. За помалите технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови […]

Пендаровски разговараше со израелскиот претседател Херцог


Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и до граѓаните на Република Северна Македонија, изразил претседателот на Израел, Исак Херцог во телефонски разговор со шефот на државата Стево Пендаровски. Како што соопшти кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор Херцог воедно упатил честитки до Пендаровски и до граѓаните на Република Северна Македонија по повод 8 […]

Германски експерти ќе помогнат во истрагата за пожарот во Тетово


Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) деновиве пристигнуваат во Северна Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово.   -Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за […]

Полска ја плаши ЕУ со излегување


Ришард Терлецки, водечка фигура во владеечката Партија за право и правда (ПиС), кој во исто време е главен партиски камшик и заменик -претседател на полскиот парламент, создаде неочекувана криза кога на конференција во Карпач рече дека ЕУ „треба да биде она што е прифатливо за нас “и дека„ акоработите се одвиваат како што се чини […]

Електронскиот попис во Бугарија никако да профункционира


Претседателот на Националниот институт за статистика (НСИ) на Бугарија, Сергеј Цветарски, е повикан пред Парламентарната комисија за дигитализација и информатичка технологија во Парламентот за да даде  објаснувања за проблемите со електронскиот попис на населението. Пописот требаше да започне на 7 септември, но веќе трет ден граѓаните не можат да се пријават на специјално креираната страница […]

Лос Анџелес: Задолжителна вакцинација на 630.000 ученици


Учениците во Лос Анџелес на возраст над 12 години мора да бидат вакцинирани против корона вирусот пред да се вратат на училиште следната година по зимскиот распуст. Управниот одбор на Обединетата училишна област во Лос Анџелес вчера изгласа дека се очекува да се вакцинираат речиси сите 630.000 ученици. Оние кои се занимаваат со спорт и […]

Зголемен бројот на одобренија за градење


Во јули 2021 година се издадени 446 одобренија за градење што е за 57 отсто повеќе во однос на јули лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите е 9 952 602 000 денари или 97 проценти повеќе. Се планира изградба на 1 945 станови, со вкупна корисна површина од 153 184 метри […]

Ергофобија – нерационален страв од работа


Ергофобија е нерационален или неоснован страв од работа или од одговорност. Може да се однесува и на стравот од неуспех на работа и неможноста да се работи заедно со други луѓе. Оваа фобија лесно се препознава со промените во телото за време на работа, а се третира и со психотерапија. Што е ергофобија? Овој страв […]

Чешкиот премиер ќе добие тужба од сопствениот син


Помладиот Андреј Бабиќ – син на чешкиот премиер Андреј Бабиќ – вели дека е „решен да поднесе кривична пријава“ против неговиот татко. „Направени се злосторства против мене. Татко ми треба да одговара за она што се осмели да ми го направи “, рече Бабиќ помладиот за весникот Деник. Помладиот Бабиќ го обвинува својот татко дека […]

Пожарот во тетовскиот Ковид центар не е причина за смртта на реанимираната пациентка


Во пожарот во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово, починати се 12 ковид пациенти, двајца посетители и девојката што пред избувнувањето на пожарот, била реанимирана од медицинска екипа. Сепак, пожарот не е причина за смртта на оваа девојка.  Како што денеска соопшти Основното јавно обвинителство од Тетово, дејствијата кои ги преземаат петтемина обвинители за […]

Завршена обдукцијата и идентификацијата на настраданите во пожарот во Тетово


На Институтот за судска медицина завршена е обдукцијата на телата  донесени од Тетово, по пожарот што во вторникот ја изгоре модуларната болница во која се лекуваа болни од Ковид-19. – Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело […]

Разговори во Собранието за Деловникот во рамки на „Жан Моне“ процесот


Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, европратеникот Илхан Ќучук и неговите колеги Андреас Шидер и Марион Валсман денеска во Собранието во рамки на процесот „Жан Моне“, имаат средби со претседателот на Парламентот Талат Џафери, како и со координаторите на пратеничките групи. Во фокусот на разговорите, според информациите на МИА, е Деловникот за работа на […]

„Бионтек“ сака да произведува вакцина за деца постари од пет години


Германската компанија „Бионтек“ ќе поднесе барање за одобрување на вакцина против корона вирусот, која ја развивале заедно со амерканскиот фармацевтски гигант „Фајзер“, а е наменета за деца од 5 до 11 години, рече извршната директорка Озлем Туречи. „Во текот на неделата ќе ги предадеме резултатите од своето истражување за деца од 5 до 11 години […]

Одбраната бара укинување на притворот за Камчев или замена со куќен притвор


Со изведување на материјални докази од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Плацеви на Водно“. Јавната обвинителка Лиле Стефанова, почна со презентирање нотарски заверки на документи и потврди за плаќања од извршени купопродажби. На почетокот на денешното рочиште, одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, истакна предлог за укинување на мерката […]

Зеленски: Војна меѓу Украина и Русија би било погрешно сценарио


Украинскиот претседател Володимир Зеленски не ја исклучува можноста за целосна војна со Русија, но смета дека тоа би била најголемата грешка. За време на учеството на форумот во Киев, Зеленски, на прашањето дали мисли дека е можна целосна војна меѓу неговата земја и Русија, даде потврден одговор, пренесе агенцијата ТАСС. Во таа прилика, тој нагласи дека […]

„Изи џет“ одбил понуда за преземање од „Визер“


Британската нискобуџетна авиокомпанија „Изи џет“ („EasyJet“) објави дека ја одбила понудата за преземање и дека средствата во износ од 1,7 милијарди долари, кои и се потребни за да ја зајакне својата позиција на европскиот воздухопловен пазар, ќе се соберат со продажба на акции со првенствено право на купување. Компанијата не објави кога добила понуда за […]

(Фото) Малку поинаква воена парада на Северна Кореја


Воената парада во Северна Кореја не помина како и обично, а Ким Јонг Ун донесе две важни одлуки. Две работи недостасуваа на воената парада во Северна Кореја, па многу експерти тврдат дека ова се всушност двете најважни пораки од овој настан. Северна Кореја ја прослави 73 -годишнината од своето постоење со ноќна воена парада. Воената […]

Штипската изборна комисија се уште не примила ниту една кандидатура за градоначалник и за советници


Ниту една кандидатура за градоначалник или за советници досега не е доставена до Општинската изборна комисија во Штип, информира за МИА, Виктор Вацев,  претседател на ОИК-Штип. Рокот за доставување на кандидатури истекува утре на полноќ. Очекува во текот на денешниот или утре до полноќ партиите и коалициите да ги достават кандидатурите за градоначалници и за […]

Најголемата штета исплатена за осигурен имот, осигуреник наплатил 200.000 евра


Од петте највисоки исплатени поединечни штети во првите шест месеци годинава две се за осигурување имот со вкупна вредност од 335.000 евра, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). За покритие од задолжителната автоодговорност најголемата исплатена сума е 173.000 евра, за покритие од зелен картон компанија исплатила 101.000 евра, а 80.000 евра наплатил осигуреник за […]