Пендаровски разговараше со израелскиот претседател Херцог


Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и до граѓаните на Република Северна Македонија, изразил претседателот на Израел, Исак Херцог во телефонски разговор со шефот на државата Стево Пендаровски.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор Херцог воедно упатил честитки до Пендаровски и до граѓаните на Република Северна Македонија по повод 8 Септември – Денот на независноста, констатирајќи дека земјава од независноста до денес помина тежок пат.

– Како традиционално пријателска земја, Израел ќе продолжи да ги унапредува билатералните односи и да ја поддржува Република Северна Македонија, посочил претседателот Исак Херцог во телефонскиот разговор.