Ковид центарот во Тетово имал надзорни камери


    Снимките од надгледните камери поставени во ковид центарот што изгоре во Тетово се предадени на Обвинителството, соопшти координаторот на ковид центарот, Гезим Нуредини. Како што додаде тој, во центарот имало апарати за гаснење пожар. „Надзорни камери има, од страничната и од предната страна и материјалите се доставени на јавен обвинител“, рече Нуредини. Сѐ […]

Брунбауер: Северна Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ


Време е Брисел да ја покани Северна Македонија на преговарачка маса. Меѓутоа, дали тоа ќе биде допуштено од еден сосед кој веќе 100 години се измачува со македонската фантомска болка или ќе го блокира процесот, прашува професорот Волф Брунбауер. Северна Македонија слави 30 години независност. Во изминатите годините, општеството и политиката постигнаа исклучителни работи, иако […]

Во Германија, повеќето пациенти на интензивна нега се помлади од 60 години


Германија, на одделите на интензивна нега, има повеќе лица под 60 отколку над 60 години, што веројатно е резултат на фактот што вакцинираноста е пониска кај помладите, пишува агенцијата ДПА. Во периодот од половината на август и почетокот на септември на интензивна нега се лекувале повеќе пациенти меѓу 18 и 59 години отколку над 60 […]

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за некрофилство


Додека е државата во тага, ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната, непристрасна, објективна и ефикасна истрага за пожарот во модуларната болница во Тетово, која ќе даде одговори за се, порача денес со соопштение владеечката СДСМ. „Предизборна политизација на трагедијата е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да покрие тоа што нема понуда и знае дека и следи […]

Полскиот Парламент гласаше против законот за реформи во медиумите


 Горниот дом на полскиот Парламент, Сенатот, во кој мнозинството е опозиција, денеска гласаше против законот за медиумски реформи, што според критичарите е со цел замолчување на американскиот информативен антивладин канал. Сенатот го отфрли прегледот на законот со 53 гласови, додека 37 беа „за“, а тројца беа воздржани. Со реформите би се зајакнале забраните за компании […]

Тинејџерско финале на УС Опен


Во финалето на последниот Грен-слем турнир сезонава, УС Опен; ќе играат 19-годишната Канаѓанка Лејла Фернандез и 18-годишната Британка Ема Радукану. Фернандез во полуфиналето ја совлада втората носителка Арина Сабаленка од Белорусија со 7-6, 4-6, 6-4, додека Радукану ја порази Гркинката Марија Сакари со 6-1, 6-4. Финалето, кое е на програмата в сабота, ќе биде прво […]

Наредните 10 дена сообраќајот на патот Прилеп – Ленишки мост по една коловозна лента


ЈП „Македонијапат“ информира дека од денеска во наредните 10 дена сгобраќајот на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки мост ќе се одвива наизменично по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот ќе се одвива по една лента поради изведување градежни работи, односно асфалтирање, соопштуваат од ЈП „Македонијапат“. 

Данска од денеска ги укинува сите мерки


Данска од денеска ги укинува преостанатите мерки воведени за да се спречи ширењето на корона вирусот, што е потег кој се објаснува со високата имунизација на населението. Луѓето повеќе нема да мораат да покажуваат ковид-потврда на која се гледа дека се вакцинирани, дека преболеле ковид или имаат негативн тест, дури ни на големи настани, како […]

Меси постигна три гола и го собори јужноамериканскиот рекорд на Пеле


Фудбалската репрезентација на Бразил ја забележа осмата победа во серија во јужноамериканските мундијалски квалификации совладувајќи го синоќа Перу со 2-0, но вечерта ја одбележа аргентинскиот капитен Лионел Меси, кој стана најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал во Јужна Америка. Аргентина во натпревар од 9. коло пред 25.000 гледачи на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, […]

Газпром: Изградбата на Северен поток 2 заврши утрово


Изградбата на гасоводот Северен поток 2 утрово во целост е завршена, соопшти руската компанија Газпром. – На оперативниот состанок на Газпром утрово, претседателот на управниот одбор, Алексеј Милер соопшти дека во 8:45 часот по московско време, изградбата на гасоводот Северен поток 2 е целосно завршена, соопшти руската компанија „Газпром“. Претходно, беше објавено дека операторот на проектот ја […]

„Фејсбук“ и „Реј-бан“ претставија паметни очила: фотографираат, снимаат, пуштаат музика…


Компанијата Фејсбук ги пушти во продажба новите паметни очила „Реј-бан сторис“ (Ray-Ban Stories). Тие се развиени во соработка со „Есилорлуксотик“ и „Реј-бан“, соопшти нивната официјална интернет-страница. Паметните очила овозможуваат фотографирање и снимање видеа, споделување датотеки, слушање музика и повици. Цената е 299 долари и достапни се во 20 различни дизајни. Засега можат да се купат […]

Грција ги прати на принуден неплатен одмор лекарите што не се вакцинираат


 Решенија за принуден, неплатен одмор досега добиле 5.305 невакцинирани вработени во здравството во Грција, соопшти алтернативната министерка за здравство Мина Гага, јави дописничката на МИА од Атина. -Во болниците лекарите се 2,1 отсто, односно 447 од вкупно 21.000, од медицинските сестра се 2.700 од вкупно 40.000, а од административниот персонал се 879 од вкупно 11.960 […]

Европското движење бара повеќе вработувања во здравството


Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, кои ги изгубија своите блиски во пожарот на Модуларниот ковид-центар во Тетово. Тагата е уште поголема, бидејќи овие луѓе беа болни, изнемоштени со голема надеж да бидат излекувани. Поминаа 20 месеци од пандемијата. Се чинеше дека беа апсолвирани сите безбедносни ризици, беа правени анализи и беа носени препораки. Верувавме дека […]

Централен регистар со продолжено работно време за поднесување пријави за локалните избори


Централен регистар, односно регионалните регистрациони канцеларии в недела, понеделник, вторник и во среда ќе работат со дежурства и продолжено работно време поради роковите за поднесување на пријави за претстојните локални избори. Како што информираат од Централен регистар, во недела на 12 септември ќе работат од  8 до 16 часот, а во понеделник на 13 септември, […]

Ново рочиште за случајот „Плацеви на Водно“


 Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“, во кое првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за […]

Боатенг осуден за насилство над својата сопруга


Германскиот фудбалер и играч на Лион Жером Боатенг осуден е на казна од 1.800.000 евра поради насилство над сопругата. Физичкиот напад над жената, со која има две деца, се случил во 2018 година во текот на одморот на Малдивите. Максимална казна за ова дело е пет години затвор. Судот во Минхен го осуди некогашниот репрезентативец […]

Седум грчки региони во црвената зона со дополнителни рестрикции


Полициски час од еден часот по полноќ до 6 часот наутро и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден се воведуваат во уште два региони во Грција, а се продолжуваат во уште пет области, јави дописничката на МИА од Атина. Од рано утрово, половина од полуостровот Пелопонез е во црвената зона, […]

Формирани осминафиналните парови на ЕП во одбојка


Без поголеми изненадувања заврши групната фаза на Европското одбојкарско првенство со што се познати сите осминафинални пресметки. Франција како првопласирана во групата Д во осминафиналето ќе игра против Чешка, додека Бугарија како третопласирана обезбеди дуел против Германија. Италија го освои првото место во групата Б и во осминафиналето ја чека дуел против Летонија, додека Србија ќе игра против Турција. Преостанатите осминафинални парови ги сочинуваат Хрватска – Словенија, […]

Австриец една година ја криел мртвата мајка поради пензијата


 Жител на Австрија повеќе од една година го чувал „мумифицираното“ тело на мајка му во својот дом, за да ѝ ја зема пензијата, наведуваат полициските извештаи. Се верува дека 89-годишната жена, која страдала од деменција, починала уште во јуни минатата година. Нејзиниот 66-годишен син го сместил нејзиното тело во подрумот од нивниот дом, користејќи мраз […]

Д-р Беќаровски: Присуство на цивили во Ковид центар е свесно загрозување на јавното здравје


Откако во јавноста излегоа информации дека во ковид-центарот во Тетово освен од медицински персонал, дел од болните биле придружувани од нивни роднини, не стивнуваат реакциите поради опасноста ова да предизвика поголемо ширење на заразата. „Континуираното присуство на цивилни невработени лица внатре во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје. За вакво злодело казната не може […]