Во Германија, повеќето пациенти на интензивна нега се помлади од 60 години


Германија, на одделите на интензивна нега, има повеќе лица под 60 отколку над 60 години, што веројатно е резултат на фактот што вакцинираноста е пониска кај помладите, пишува агенцијата ДПА.

Во периодот од половината на август и почетокот на септември на интензивна нега се лекувале повеќе пациенти меѓу 18 и 59 години отколку над 60 години, според извештајот на Институтот „Риберт Кох“ издаден вчера.

Во Германија 83 отсто луѓе над 60 години во потполност се вакцинирани, додека со две дози вакцинирани се 67 отсто од оние на возраст меѓу 18 и 59 години.

Зголемување од 22 отсто во една недела

Повеќе од 1.400 пациенти заболени од Ковид-19 се наоѓаат на интензивна нега, што е зголемување од 22 осто во споредба со минатата недела, се нагласува во извештајот.

Најголем број пациенти на интензивна нега досега во Германија е забележан во текот на божичните празници лани – 5.760.

Повеќето пациенти во болниците со Ковид-19 се на возраст од 35 и 59 години, но ризикот од смрт и понатаму е најголем кај старите, се додава во извештајот.

Вакцинирани 62 осто од населението

Стапката на вакцинираност во Германија низ сите возрасни групи малку порасна во однос на минатата недела, односно од 61 на 62 отсто.

Разликата во вакцинираноста на различните возрасни групи произлегува од фактот дека лицата постари од 12 години добија препорака за вакцинирање дури кон средината во август и сега околу 24 отсто од оние на возраст од 12 до 17 години во потполност се вакцинирани.