Булаев: Изведени масовни кибер напади врз рускиот систем за гласање


Врз рускиот електронски систем за далечинско гласање, како и врз Интернет страницата на руската Централна изборна комисија извршени се голем број масовни кибер напади, но тие  не влијаеја врз нивната оперативност, изјави денеска заменикот претседател на руската Централна изборна комисија (ЦИК), Николај Булаев. -Извршени се голем број напади, и на софтверскиот и на хардверскиот дел […]

Осумдневен притвор за петмината приведени за нападите врз полицајците во тетовска Мала Речица


Судија во претходна постапка на Основен суд Тетово денеска им определи мерка притвор во траење од осум дена на петмината приведени кои по вчерашниот протест во Тетово во Мала Речица физички нападнале полициски службеници, информираат од СВР Тетово. – По одредување на мерката притвор петмината се однесени во КПУ Затвор Скопје, соопшти порпатолот Марјан Јосифоски. […]

Есента носи поголем ризик, вакцините се единствен начин нормално да функционираме, вели Филипче


Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет и да бидеме заштитени. Ризикот да се добие Ковид-19 е многу висок. Сега, со есенските месеци, ризик факторите дополнително ќе се зголемуваат, луѓето повторно ќе бидат во затворени простории, затоа, апелирам граѓаните да ја сфатат оваа работа […]

Османи формира работна група за приклучување на Северна Македонија кон програмата на САД за укинување на визите


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информира дека формирал работна група во рамки на Министерството, што има за задача да работи на приклучувањето на Република Северна Македонија кон Visa Waiver Програмата на САД.   – Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на […]

Завршени градежните зафати врз катедралата Нотр-Дам, за некој месец почнува реставрацијата


Завршени се сите градежни работи за зајакнување на катедралата Нотр-Дам во Париз, што овозможува да почне и делот за реставрацијата на катедралата, две години откако пожарот го уништи поткровјето и предизвика кулата да падне низ сводот, соопштија денеска официјални претставници. Кратко по пожарот во април 2019 година, претседателот Емануел Макрон рече дека катедралата, која датира […]

Русија: Над 2.000 поплаки за нерегуларности на првиот ден од изборите за Думата


 Вториот ден од парламентарните избори во Русија веќе се засенети од обвинувањата за измама од страна на опозициските активисти. Во недела, по затворањето на избирачките места, се очекува Русија да избере нова Дума во следните пет години во која ќе има 450 пратеници, како и неколку нови регионални и градски администрации. На првиот ден од […]

Утре ќе биде затворен за сообраќај центарот на Скопје


Утре во Скопје, утре од 18 до 23 часот ќе има изменет сообраќаен режим поради манифестацијата „Вело Фиеста“ во организација на Град Скопје. Тоа значи дека на дел од улицата „Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со улицата „Даме Груев“ до крстосницата со улицата „11 Октомври“, сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на […]

Шилегов почна да ги руши галиите, за ВМРО-ДПМНЕ тоа е предизборен маркетинг


Првата од трите галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата !!! Скопје, една поинаква приказна!, напиша денеска на Фејсбук скопскиот градоначалник Петре Шилегов и сподели фотографии од уривањето. Од друга страна, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ова е „чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов. Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе […]

Бесими: Како до забрзување на растот по Ковид – пораки од Финансискиот форум – СЕФФ 2021


Министерот за финансии, Фатмир Бесими, преку колумна е осврна на неодамна одржаниот Финансиски форум – СЕФФ 2021 кој во фокусот го имаше економското заздравување и забрзување на растот по Ковид. Колумната ја пренесуваме во целост:  Министерството за финансии на почетокот на овој месец ја организираше Првата годишна конференција на тема „Економско закрепнување и раст по […]

Талибанците го укинаа Министерството за жени и воведоа ново за спречување на пороци


Талибанците воведоа „Министерство за спречување пороци и промовирање доблести“ на местото на досегашното Министерство за жени, а промената има за цел да го наметне ригидното толкување на исламот. Потегот на талибанците е последен во серијата што го прикажува нивното враќање на  политиката на строго ограничување на правата на жените и нивно исклучување од јавниот живот, […]

ДУИ ќе собира гласови со референдуми


Сите градоначалници се должни да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани. Ова е првото ветување за локалните избори кој денеска го претстави Агим Нухиу од Демократската унија за интеграција, како еден од петте столба на изборната програма, вклучувањето на граѓаните во донесувањето на одлуки. „Како партија на […]

Србија регистрира 6.745 новозаразени со корона вирус, починаа 35 пациенти


  Состојбата во соседна Србија со корона вирусот е загрижувачка. Имено, денеска регистрираа 6.745 новозаболени од Ковид-19, а починаа дури 35 пациенти од последиците на Ковид-19. На респиратор се 177 пацинети. Лекарите секојдневно апелираат граѓаните да се вакцинираат и дека тоа е единствениот начин да се заштитат себеси и околината. Освен тоа, сега и најмладите […]

Бугарија ќе биде домаќин на 30. Генерално собрание на АБНА-СЕ


Триесеттото Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции – Југоисточна Европа (АБНА-СЕ)  ќе се одржи во Бугарија во 2022 година, одлучија едногласно денеска членовите на асоцијацијата во главниот град на Косово, Приштина. Од следната година Бугарската телеграфска агенција (БТА) ќе го преземе претседавањето со АБНА-СЕ. Генералниот директор на БТА, Кирил Валчев, предложи темата да […]

Турската заедница се заканува: Нема да го признаеме пописот ако сме под 7 отсто


Турската заедница, нема да признае бројка помалку од 7% по завршуваше на пописот и објавувањето на резултатите, кажа во денешното издание на емисијата Стадион, посветена на пописот, Емин Хусрев од координативното тело за попис на Турците. „Според анализите направени во март годинава и кои што се базираат на сознанија од терен, анализи, анкети направени од […]

ШК Алкалоид подготвен за Европскиот Клупски Куп во Струга


Најсилното екипно шаховско натпреварување, Европскиот Клупски Куп, по едногодишна пауза, оваа година се одржува од 17 до 24 септември, при тоа, повторно после 2015 ќе бидена “наш терен” во Струга. Во 2016 година ШК Алкалоид го освои Европскиот Клупски Куп и ја понесе титулата Европски Шампион!Европското клупско злато беше освоено во годината кога клубот одбележа […]

Лебот не треба да поскапи пред јануари 2022 година


Асоцијацијата на земјоделци на Македонија не се согласува и остро реагира на најавата за зголемување на цената на лебот и на белите печива. Како што вели претседателот на Асоцијацијата, Перо Стојкоски нереално е барањето на млинарите да се зголеми цената на лебот при откупена пченица по 10,5 денари за килограм и со домашни потреби доволни […]

Поради сообраќајка блокиран регионалниот пат А3 на влезот кај Делчево


Во прекин e сообраќајот на регионалниот пат А3 на влезот кај Делчево, како што информираат од полицијата, поради сообраќајка во која учествувале два автомобила со делчевски регистерски таблички и мини-бус кој превезувал патници. Во тек е увид на крстосницата каде се случила сообраќајката. Според очевидци, се случил судир на возилата со мини-бусот. За среќа, како […]

Во Словенија 1.248 новозаразени, двајца починати – повторно протести


Во СЛовенија во последните 24 часа потврдени се 1.248 новозаразени со корона вирусот, со два смртни случаи, а народот продолжува да го изразува своето незадоволство со прошитените противпандемиски мерки преку протести. Пред зградата на парламентот во саботата наутро на протест повтронос е собраа повеќе десетици противници на ослучите за задолжителни ковид-потврди, откако во четвртокот навечер […]

Двајца технички министри се нови тркачи на бугарските избори


 Двајцата поранешни времени министри на Бугарија, Кирил Петков и Асен Василев, утре ќе ги претстават своите планови за учество на претстојните парламентарни избори на 14 ноември. Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата поранешни министри заедно со нивните поддржувачи ќе им ги претстават на медиумите во неформален амбиент, нивните планови за тоа како […]

Двајца Кубанци протерани од државава поради илегално преминување границата


 На двајца Кубанци денеска им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години поради непоседување на патни исправи и илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи. – Утринава во 02:45 часот кај с.Егри, битолско, полициски службеници […]