Македонското знаме во холот на НАТО во Пентагон


Во холот на НАТО во Пентагон се одржа церемонија на откривање на македонското знаме кое по членството во НАТО им се придружи на 29-те знамиња на останатите земји членки на Алијансата. Знамето симболично го открија министерката Радмила Шекеринска и помошничката секретар за одбрана на САД, Лора Купер. Посочувајќи дека членството на Северна Македонија во НАТО […]

Вардар 1961 ги пушти во продажба билетите за дуелот со Мешков Брест


Билетите за првиот овосезонски натпревар на Вардар 1961 на домашен терен во Лигата на шампиони против белорускиот првак Мешков Брест од денеска се пуштени во продажба. Како што соопшти македонскиот првак, за натпреварот закажан за в среда со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во продажба се пуштени 1.800 влезници по цена од […]

Нови 1.455 заразени со корона вирус во Хрватска, починаа 12 лица


  Во послендите 24 часа забележани се 1.455 нови случаи со Ковид-19 во Хрватска, а брјот на активни случаи изнесува 8446. Меѓу нив 658 пациенти се на болничко лекување, а од нив на респиратор се 80 пациенти. Во последното деноноќие пошинаа 12 пациенти. Досега во Хрватска од Ковид-19 се заразиле 391.109, а починале 8.493 пациенти. […]

Пендаровски на изложба во Стоби: Да не се заборави наследството на Петар Хаџи Бошков (фото)


Претседателот Стево Пендаровски  ја посети изложбата на дела од реномираниот македонски скулптор Петар Хаџи Бошков, поставена во археолошкиот локалитет Стоби, а во рамки на проектот насловен „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“. Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на авторот, кои опфаќаат четиридецениски период од 1962 до 2004 година. Претседателот Пендаровски изрази […]

Скулптурите во Стоби на Хаџи Бошков ќе ги спојат двата света-античкиот со модерниот


Сите изложени дела авторот ги има зачувано во лична сопственост и ги оставил во наследство на неговото семејство. Овие репрезентативни дела, благодарение на неговиот син Игор Хаџи Бошков ќе бидат позајмени и директно од ателјето ќе бидат пренесени на локалитетот Стоби како спој на два света – античкиот со модерниот Денес, во 18 часот (вратите […]

Приведени уште две лица од вчерашниот протест во Мала Речица


Тетовската полиција денеска приведе уште две лица поради учество во вчерашниот настан во Мала Речица кога група луѓе се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ.  Со тоа досега пет лица се лишени од слобода. -Денес претпладне се лишени уште две лица В.А (роден 1988) и […]

Се зајакнуваат турстичките потенцијали на Крушево со адреналински парк


„Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“, проект што се имплементира во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност, кој е софинансиран од Европската Унија и Владата , со техничка помош од канцеларијата на Светска Банка во нашата земја, овозможува зајакнување на туристичките потенцијали на Крушево. Заменик-претседателот на Владата задолжен за […]

Запленети 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории во Скопје


Запленети се 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории во заедничка акција што ја спроведоа вчера на територијата на Скопје Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција. Предмет на акцијата, соопшти денеска Царинската уптава, беше контрола и заплена […]

ДЗС: Попишани вкупно 871 488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови


Вкупно 871 488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.236 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до […]

Стотици уапсени за време на протести против воведените мерки во Австралија


Австралија – Неколку полицајци се повредени, а стотици демонстранти беа уапсени денеска во вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, при жестоките судири за време на протестите против воведените ограничувања. Полицијата употреби бибер спреј и уапси повеќе од 200 лица во Мелбурн, откако неколку стотини граѓани ги прекршиле наредбите да останат дома и минаа низ кварт […]

Од Јована Филиповиќ до Тања Кокев: Заврши ЕXPO 30 – настан кој во фокусот ја прикажа македонската мода


Ветераните на модната сцена се измешаа со студентите по мода синоќа на втората и последна вечер на ЕXPO 30 во МСУ во Скопје кој во фокусот ја имаше македонската мода, заедно со промоција на диџејската домашна сцена и дегустација на македонски производи. Модниот настан, поддржан од Владата по повод 30 години независност, предизвика интерес и […]

Како го поминуваат времето вселенските туристи во услови на нулта гравитација (фото, видео)


Компјутерскиот инженер Крис Себроски (42) од првиот целосно цивилен екипаж за летање во орбитата околу Земјата влезе во историјата, бидејќи беше прикажан како свири укулеле во услови на нулта гравитација во капсулата на „Спејс икс“, со километри над површината на нашата планета. Our crew chatted from space with the patients of @StJude! Watch the event […]

Оживеа проектот топлификација на Битола, изградбата почнува во октомври


Од следниот месец ќе стартуваат активности на терен за проектот за топлификација на Битола, Новаци и Могила, најавуваат од АД Електрани на Северна Македонија. -После 40 години постоење на РЕК Битола и децениско размислување за реализирање топлификација, ние, од проект оставен во фиока и тргнат на страна, за само две години стигнавме до потпишување договор […]

Приведено лице поради кражба на графички картички и електрична енергија


Полициски службеници од ЕВР Карпош, ЕВР Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода Е. А. (39) од село Љубин, скопско, поради кражба на графички картички и електрична енергија. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ‘битмаин’ и […]

Креаторите на политики можеби ја потценуваат инфлацијата, предупредува висок претставник на ЕЦБ


Коментарите доаѓаат откако се централната банка ги постигна нејзините прогнози за инфлацијата Инфлацијата во еврозоната може да достигне повисоко ниво од она што Европската централна банка го очекува во моментов, предупредува членот на Управниот совет Мартинш Казакс, додавајќи ги предупредувањата дека креаторите на политиките можеби ги потценуваат трендовите на цените. Откако инфлацијата во еврозоната го […]

Да се дарува коскена срцевина, трансплантацијата за многу хематолошки болести единствен лек


Под слоганот „Дарителу, ти благодариме!“ годинава се одбележува Светскиот ден на дарување на коскена срцевина – во чест на сите оние кои спасиле живот дарувајќи коскена срцевина, а со цел подигнување на свеста на јавноста за важноста на дарување коскена срцевина и влијанието на трансплантацијата на матични клетки  врз животот на пациентите. На Универзитетската Клиниката […]

Меси од трансферот во ПСЖ ќе заработи 110 милиони евра


Франција– Вредноста на трансферот во ПСЖ на Лионел Меси, кој летово по две децении ги напушти редовите на Барселона, изнесува фантастични 110 милиони евра, објави денеска францускиот весник „Л Екип“. Изнесувајќи ги финансиските детали од тригодишниот договор, весникот наведе дека Меси ќе заработува 30 милиони евра по сезона, плус дополнителни 10 милиони евра за лојалност […]

Невреме во Тиват, причинета голема материјална штета


Црна Гора– Големо невреме со силен југозападен ветер, дожд и град со големина на орев, утрово го погоди црногорскиот крајбрежен град Тиват и неговата околина. Градот предизвикал голема материјална штета на автомобили, згради, овоштарници и маслинови градини, пишува весникот „Вијести“. Големото количество дожд што падна за многу кратко време предизвика и мали поплави на патиштата […]

Митреска: Мерките на централната банка избалансирани ‒ за поддршка на економијата и одржување на стабилноста


Сите показатели за стабилноста на девизниот курс и банкарскиот систем и натаму се поволни. Со тоа, мерките преземени од централната банка ги оценуваме како избалансирани, со поддршка за економијата и истовремено одржување на стабилноста,  оцени вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во излагање на панел-дискусија организирана од реномираната инвестициска банка „Вуд и компанија“. На дебатата […]

Земјотрес го погоди Лос Анџелес


САД– Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтерова скала го погоди синоќа јужниот дел на Калифорнија, соопшти американскиот Геолошки институт. Потресот бил почувствуван во реонот на Лос Анџелес и околните градови, вклучувајќи ги Карсон, Ломита и Торанс. Според извештајот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, нема информации за повредени лица или причинета материјална […]