Нови 526 случаи на коронавирус, пријавени 28 починати


Регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19 од направени 3.632 тестирања согласно податоците на Институтот за јавно здравје за последните 24 часа, оздравени се 830 пациенти, а пријавени се 28 починати, соопшти вечерва Министерството за здравство. Најмногу нови заразени има во Скопје – 245, по што следат Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и […]

Србија со 12-та промена на протоколот за лекување Ковид-19, денеска имаат 41 починат


  Во последните 24 часа во Србија забележани се 6.480 заразени, а починаа 41 заболени од Ковид-19. На респиратор се 191 пациент, Тестирани биле 21.454 граѓани. Ден порано имаше 7.201 заразени 39 починати. Србија во најновата 12-та верзија на протоколот за лекување на пациенти од корона вирус и официјално воведе биолошка терапија за тешки пациенти. […]

Законот за легализација на дивоградбите повторно ќе се гласа


Новиот закон за легализација на дивоградбите ќе се носи по локалните избори, а со него ќе бидат опфатени објектите, кои на диво се граделе до 1 јануари 2021 година, најави денеска Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Министерот не открива детали детали што има во законот, но откри дека од вчера е и доставен […]

Русија денеска има рекорден број починати со Ковид-19


  Русија денеска потврди 820 смртни случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, а тоа претставува рекорд, по највисокиот број досега забележан на 26 август. Вкупно новозаразени денеска во Русија има 21.438, а само во Москва се 3.445, што е најмногу во еден ден од 31 јули. Кремљ објави дека не размислува за нови затворања […]

Турски „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во ТИРЗ Скопје 1


Турската високотехнолошката компанија „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ 1 Скопје. Инвестицијата беше презентирана денеска на средбата на делегација на компанијата предводена од сопственикот Орхан Кахвеџи, со премиерот Зоран Заев и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Според инвестицискиот план и финансиските проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови […]

Новавакс побара одобрување од СЗО за нејзината вакцина против Ковид-19


САД – Американската компанија Новавакс и нејзиниот партнер индискиот Серум институт ја пријавија својата вакцина против Ковид-19 за итно одобрување од Светската здравствена организација. Барањето до СЗО обично е сигнал до националните регулатори дека вакцината е безбедна и ефикасна. Потребно е и одобрување од СЗО за извоз во земјите кои учествуваат во иницијативата за споделување на […]

Рио ја сака организацијата на клупскиот Мундијал


Бразил – Бразилскиот град Рио де Женеиро изрази интерес за организација на Светското фудбалско клупско првенство по откажувањето на Јапонија, која требаше да биде домаќин на натпреварувањето во декември. – Работиме на тоа. Тоа е желба на Рио, откако Јапонија се откажа. Би било навистина интересно натпреварувањето да го донесеме во Рио, изјави градоначалникот Едуардо Паес. Тој додаде […]

Во Липково откриени 52 илегални мигранти од африкански и азиски земји


 Во атарот на село Лојане, општина Липково, кај местото викано „Шорта“, изутрината околу 6:30 часот, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, биле откриени 52 илегални мигранти со потекло од африкански и азиски земји. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тие биле приведени […]

Русија почна подготовки за испраќање човек на Месечината


Русија – Русија почна со подготовки за испраќање човек на Месечината и веќе се издвоени средства за овој проект, се наведува во документот објавен од „Роскосмос“. „Роскосмос“ објави тендер за проучување на проблематични прашања за организација на летови со екипаж до Месечината, а на крајот од тој процес треба да се направат списоци со барања кои […]

Македонскиот дрес дел од светската кампања „Фудбал за мир“


Шпанија – „Црвено – жолтиот“ дрес на македонската фудбалска репрезентација е вклучен во светската кампања „Фудбал за мир“, која ја промовира влијателно меѓународно невладино движење со поддршка на Обединетите нации. Македонскиот дрес, заедно со дресовите на над 80 фудбалски репрезентации од целиот свет, е изложен на „Ванда Метрополитано“ стадионот на кој своите натпревари ги игра шпанскиот […]

(Видео) Првата дама Ѓоргиевска од Њујорк : Никој од нас не смее да биде нем сведок на насилство


Во изминатите три децении, Северна Македонија постигна значителен напредок во борбата против родово базираното насилство. Направени се значителни промени во законските рамки, има значително инвестирано во зајакнувањето на институциите, како и зголемување на јавната свест за родовото базирано насилство, изјави Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот. Ѓорѓиевска, денеска во Њујорк учествуваше на настанот по повод 30-годишнината […]

(ВИДЕО) Пендаровски преку ОН и прати порака на ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски нешто пред 18 часот по македонско време се  обрати на Генералното собрание на ОН. Во говорот тој се осврна на состојбата во и околу Авганистан, климатските промени и перспективите на младите. На домашен план тој го отвори проблемот со евроинтеграцијата на Македонија и регионот порачувајќи дека е крајно време да се постави […]

По бурните реакции битолското здружение на пензионери се откажа од делење ваучери по 1.000 денари


Откако настана вистинска мешаница и револт битолското здружение само два дена по најавата се откажа од ваучерите сѐ до завршувањето на локалните избори   Анета Блажевска БИТОЛА – Само два дена од најавата, битолското здружение на пензионери се откажа од намерата да дали ваучери од по 1.000 денари за дел од своите членови со минимални […]

(Видео) Кога Нејмар го брани Мбапе од голманот на Мец


Лидерот во француското првенство ПСЖ го победи Мец во драматична завршница на натпреварот што се одржа синоќа, но крајот на дуелот можеше за малку да излезе од контрола. Домаќинот остана без исклучениот капитен Дилан Брон, а последниот свиреж на судијата не го дочека ниту темпераментниот тренер на Мец, Антонети. Метежот настана кога во судиското продолжение […]

(Видео) Ги снимал облаците три часа за да направи фантастично видео од една минута


Облаци снимани од единствена перспектива изгледаат како морски бранови Светот е полн со природни убавини кои честопати остануваат незабележани бидејќи луѓето немаат време или им е тешко да ги видат од вистинската перспектива. Во видеото што го пренесуваме подолу, снимена е токму таква природна убавина, која може да се доживее само ако се вложи време […]

Данска ги поддржа САД во спорот со Франција за подморниците


Данска– Данска ги поддржа САД во спорот со Франција околу големиот одбранбен договор во индо-пацифичкиот регион. Премиерката Мете Фредериксен во интервју предупреди да не се претворат „конкретните предизвици, кои секогаш ќе постојат меѓу сојузниците, во нешто што не треба да бидат“. Франција остро реагираше на договорот меѓу САД, Велика Британија и Австралија. Како резултат на […]

Во Турција бебиња по грешка добиле вакцини против Ковид-19, место против хепатитис Б


Турција – Турското Министерство за здравство почна истрага за наводите на турски лекар за погрешно администрирани вакцини против Ковид-19 на бебиња во Турција, јави турската телевизија НТВ. Проф. Д -р Зафер Куругауол од Медицинскиот факултет во Измир за телевизијата изјави дека лекарите ненамерно вакцинирале деца под една година против коронавирус. Според него, имало случаи во […]

Отворени „Деновите на руски јазик и култура“, вечерва проекција на филмот „Црвениот призрак“


Со настап на гудачкиот квартет „Филхармонија“ составен од  македонските музичари Бојан Илковски, Бојан Талевски, Марија Михајловска, а предводен од првиот концерт-мајстор на Симфонискиот оркестар на Филхармонија, истакнатата виолинистка со руско потекло Ана Кондратенко, во пијано придружба на Марија Вршкова, синоќа, во Скопје свечено беа отворени Деновите на руски јазик и култура во Република Северна Македонија. […]

Технологија + луксуз : National Geographic ве води на патување низ светот со поларен брод


САД– Преку своите публикации, телевизиски канали и брендирани турнеи, National Geographic веќе долго време помага да се поврзат трагачите по авантури со скриените богатства на сите седум континенти. Сега, тоа ни дава уште една причина да започнеме да се пакуваме, со воведување крстарења на новиот поларен брод Lindblad Expeditions кој комбинира најсовремена технологија со луксузен […]

Градоначалникот на Лондон бара мизогинијата да се прогласи за злосторство од омраза


Лондонскиот градоначалник Садик Кан го оквалификува насилството врз жените и девојчињата како епидемија. – Меѓу минатогодишниот и годинешниот Меѓународен ден на жената, 180 жени се убиени од мажи низ нашата земја. Имаме епидемија кога станува збор за насилство врз жени и девојки, нагласи Кан. Тој додаде дека девојчиња биле принудени да го сменат начинот на […]