Србија со 12-та промена на протоколот за лекување Ковид-19, денеска имаат 41 починат


 

Во последните 24 часа во Србија забележани се 6.480 заразени, а починаа 41 заболени од Ковид-19.

На респиратор се 191 пациент,

Тестирани биле 21.454 граѓани.

Ден порано имаше 7.201 заразени 39 починати.

Србија во најновата 12-та верзија на протоколот за лекување на пациенти од корона вирус и официјално воведе биолошка терапија за тешки пациенти.

Освен тоцилизумаб, кој како таков се најде во протоколот, но без назнака како биолошка терапија, сега се додадени и лековите барицитиниб и сарилумаб.

Оваа нова терапија, велат лекарите, се користи кај хоспитализирани пациенти со тешка клиничка слика.