Русија денеска има рекорден број починати со Ковид-19


 

Русија денеска потврди 820 смртни случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, а тоа претставува рекорд, по највисокиот број досега забележан на 26 август.

Вкупно новозаразени денеска во Русија има 21.438, а само во Москва се 3.445, што е најмногу во еден ден од 31 јули.

Кремљ објави дека не размислува за нови затворања или други забрани, а владата и регионалните власти ја селдат ситуацијата.

Во средата, како што објави агенцијата за заштита на потрошувачи, 36 региони оваа недела имале зголемен број зарази со корона вирус.

Додаваат дека корона вирусот побрзос е шири во региони каде луѓето се помалку вакцнирани.

Русија со повеќе од 144 милиони жители, досега вакцинираше 40 милиони.

Од почетокот на пандемијата досега од корона вирус заболеле 7.354.995 луѓе.

Од Ковид-19 починаа 201.445, додека пак Сојузната статистичка агенција располага со податоци за 365.000 мртви од април 2020 до јули 2021 година.