Државниот обвинител Јовески во посета на Касациониот суд во Турција​


Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во следните неколку дена ќе учествува на отворање на Судската година во Република Турција. Традиционалната прослава на која по покана од претседателот на Касациониот суд, Мехмед Акарча учествува делегацијата од македонското обвинителство, се одржува повеќе од 150 години во Турција. Годинава е во знак на отворање на […]

Заев на билатерални средби со дел од учесниците на Бледскиот стратешки форум


Премиерот Заев го започна учеството на Бледскиот стратешки форум посветен на иднината на Европа Претседател на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го започна учеството на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“. Премиерот Заев во Блед беше пречекан од претседателот на Владата на Република Словенија Јанез Јанша, […]

Сите кандидати за градоначалници на СДСМ


Со објавувањето на последните 18 кандидати за градоначалници СДСМ ја заокружи својата понуда за локалните избори. Останува партијата да го определи само уште кандидатот за Кочани. Владејачката партија верува дека со овие кандидати ќе може да победи на изборите, наведувајќи дека една третина од 69-те кандидати за градоначалници биле нови лица, а имало и млади […]

„Баленсијага“ ја дизајнираше новата колекција облека на Кање Вест во чест на новиот албум


САД– Американскиот рапер Кање Вест на својата интернет-страница објави колекција по повод објавувањето на албумот „Donda“. Со натпис на одредени парчиња облека, тој ја објави и својата следна кандидатура за претседател на Соединетите Американски Држави. Имено, новата колекција дизајнирана од модната куќа „Баленсијага“, содржи и маичка на која пишува „2024 година“, маица со фотографија од […]

Премиерлигашките екипи летово потрошија 1.1 милијарда фунти на трансфери


Англија– Англиските фудбалски клубови потрошија 1.1 милијарда фунти на трансфери во текот на летниот преоден рок, што е за 11 отсто помалку во споредба со минатото лето кога премиерлигашите издвоија 200 милиони фунти повеќе. Според податоците на ревизорската куќа „Дилојт“, тоа е најниска колективна потрошувачка од страна на екипите од Премиер лигата од 2015 година, а, […]

Мицотакис со Пахор и Јанша разговарал за европската перспектива на Балканот


Грција– Европската перспектива на балканските земји, како и претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан на 6 октомври, биле дел од темите за кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис разговарал вчера со неговиот словенечки колега Јанез Јанша и утрово со претседателот на Словенија Борут Пахор  на средбите на маргините на „Bled Strategic Forum 2021“, јави дописничката на МИА […]

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023


Швајцарија– Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги избра Полска и Шведска за домаќини на Светското првенство во 2023 година во машка конкуренција. Шведски домаќини на Мундијалот што ќе се игра од 11 до 29 јануари 2023 година се очекува да бидат Гетеборг, Малме, Стокхолм, Кристанштад и Јоншепинг, додека градовите домаќини во Полска ќе бидат одредени оваа есен. Финалето треба да се одржи во Стокхолм […]

Усвоен Кодекс на добри практики за финансиска едукација


Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со коешто раководи Народната банка, а во коешто членуваат претставници на сите финансиски регулатори – Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ),  Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), го усвои Кодексот на добри практики […]

(Видео) Првиот човек на Осама бин Ладен пристигна во Авганистан – му го опколија џипот и му ја банкнуваат раката


Блискиот сојузник на убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен, се врати во Авганистан. Амин ал-Хак дојде во својот дом 20 години по завршувањето на војната, само неколку часа откако американските војници ја завршија евакуацијата од уништената земја во рокот што го одреди претседателот eо Бајден. Амин ал-Хак во понеделникот се врати во авганистанската […]

И евроскептична Данска бара преговори со Македонија


Данскиот министер за надворешни работи, Јапе Кофид, на заедничка прес конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи, порача дека во процесот на евроинтеграција Македонија направила импресивни реформи и дека Данска е наш поддржувач во напорите да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ.  -Цврсто застануваме зад Северна Македонија  и ги поддржуваме реформите што ги презеде […]

Бесплатна настава по математика за сите третоодделенци


Учениците од трето одделение може да посетуваат бесплатна онлајн настава по математика, благодарение на хуманитарните активности на Лајонсите во Северна Македонија. „Лајонс клубот Охрид и образовниот центар ПИСИ, повторно, го спроведуваат проектот „МАТЕматика3МК“ како помош за децата и нивните семејства. Секој понеделник и среда, наставник ќе реализира предавање во времетраење од 30 минути, на која […]

Бугарија има вакцинирано само 20 отсто од населението


Вакцинирањето против Ковид-19 во Бугарија се одвива екстремно бавно и таа е далеку последна на листата на земјите на ЕУ по бројот на вакцинирани лица. Вчера Европската унија објави дека стигнала до една важна граница – 70 проценти целосно вакцинирани лица со две дози во сите земји-членки. Во бројки, тоа изнесува 276 милиони вакцинирани Европејци […]

Приведено лице во Скопје, барано со потерница


Полициски службеници од ЕВР Гази Баба-Отсек потраги, вчера во 18.20 часот на ул.„Валандовска“ во Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(58) од Скопје, кој се барал по потерница за издржување казна затвор од една година, соопштија од МВР. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

Бритни Спирс тврди дека татко ѝ се обидува да изнуди два милиони долари од неа


САД– Бритни Спирс тврди дека нејзиниот татко, Џејмс Спирс се обидува да добие два милиони долари од неа, пред да се повлече од посебниот надзор над неа. Според „Мирор“, пејачката го потврдила ова во новите правни документи. Имено, Бритни посочува дека нејзиниот татко претходно признал дека за него би било најдобро да се повлече како нејзин […]

Прашања кои го уништуваат првиот состанок – На овие две теми не треба да разговарате


Дали се подготвувате за првиот состанок? Исто како и на интервју за работа, постојат неколку грешки што можете да ги направите овде. Сузан Тромбети е експерт за врски и сопственик на ексклузивна услуга за пронаоѓање на идеален партнер. Еве ги нејзините два совети за разговор на првиот состанок. Избегнувајте две теми, и кога поставувате прашања […]

Ѓоковиќ со загубен сет го мина првото коло на УС Опен


САД – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен, совладувајќи го на стартот Данецот Холгер Руме со 6-1, 6-7,6-2, 6-1. Првата пречка на грен-слем турнирот во Њујорк најдобриот светски тенисер ја мина за два часа и 15 минути. Ѓоковиќ нема загубено во прво коло на грен-слем турнирите уште 2006 година и настапот на Австралија Опен. Негов следен противник […]

Пенелопе Круз прошета во Венеција во костим на Шанел и спортска маичка


Италија– Пенелопе Круз му дава кежуал шмек на класичниот костим на Шанел искомбиниран со едноставна маичка. Актерката пристигна во Венеција  за Филмскиот фестивал кој се отвара вечерва и ќе трае до 7 септември. Шпионскиот филм „Мрежа за оси“ во кој што глуми е во трката за „Златниот лав“ заедно со уште 20 филмови. Во Венеција […]

УНИЦЕФ на сите ученици, наставници и училиштен кадар им посакува безбедна и успешна училишна година


Првиот училиштен ден е возбудлив ден за учениците. Возбудата се должи на отпочнувањето нова фаза во нивните животи, фаза во која откриваат нови знаења и вештини, но и сопствените бескрајни можности. Училиштето не е само зграда. Тоа е место за учење, место во кое децата стекнуваат независност, се прилагодуваат на нова рутина и развиваат значајни релации со наставниците […]

Македонските одбојкари вечерва против Финска го отвораат ЕП


Полска – Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 18 часот против кодомаќинот Финска во Тампере го започнува својот настап на Европското првенство. Во своето второ учество на континенталните собири, „црвено – жолтите“ по втор пат во премиерниот натпревар ќе играат против финските одбојкари, кои на ЕП 2019 во неизвесен дуел победија со 3:1. – (Финска) не е […]