Противпожарни возила од Бугарија ќе ги гасат пожарите во пехчевско


 Помошта која што беше најавена од Бугарија од пет противпожарни возила пристигна на критичното подрачје зафатено со пожар кај маалото Пасјак во село Нов Истевник. Во разговорот со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и останатите надлежни,  одлучено е четири возила да одат кон Пехчево бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се […]

Aлбански државјанин подметнaл шумски пожар во Гостиварско


Полициски службеници од Полициското одделение Галате денеска во 15:10 часот го лишија од слобода Л.А. (32) од Република Албанија, кој илегално престојувал во државата, поради основано сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране. Тој ќе биде задржан за понатамошна постапка. Како што информираат од МВР, едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане […]

Роденденско видео: Како изгледа домот на Меган и Хари во Монтесито?


САД- Меган Маркл оваа година не го слави приватно својот 40 -ти роденден. Војвотката од Сасекс најави нова програма, 40×40, на непрофитниот сајт на двојката , на Арчевел, насочен кон менторство. Актерката Мелиса Мекарти ѝ се придружи на Меган (заедно со жонглирањето на принцот Хари, кој направи изненадување во последен момент) за да ја објави […]

Активни 10 пожари, повлечени хеликоптерите од Пехчевско


Поради исклучително високите температури, веднаш по пристигнувањето на петте хеликоптери на местото на големиот шумски пожар во Пехчевско, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување, информира в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Ангелов на својот фејсбук профил напиша дека хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на […]

Затворен патот Делчево-Пехчево, сообраќајот преку алтернативни патишта


Поради пожарите што го зафатија регионот на Пехчево и Делчево со кои се опфатени пехчевските села Мачево, Робово и Умлена од полицијата попладнево информираа дека регионалниот пат Делчево – Пехчево е забранет за сообраќај. Како што соопштија, сообраќајот се одвива преку алтернативните патни правци Пехчево – Смојмирово – Бигла – Делчево и обратно. Забраната ќе […]

ОИ: Француските кошаркарки преку Шпанија во полуфинале


Франција ја совлада попладнево Шпанија со 67:64 и обезбеди пласман во полуфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир во женска конкуренција. Во победничкиот тим најдобар ефект имаа Марин Жоанес со 18 и Габи Вилијамс со 11 поени. Противник на Франција во полуфиналето в петок ќе биде домаќинот Јапонија, додека истиот ден во првото полуфинале на програмата ќе […]

Над 220 заболени и еден починат од Ковид-19 во Косово во изминатите 24 часа


Во Косово изминатите 24 часа се извршени 3.160 тестирања со методот РТ-ПЦР, од кои како заразени резултирале 221 лице, што е највисока бројка на новозаболени од Ковид-19 уште од крајот на април годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Минатото деноноќие е регистриран и еден смртен случај како последица на Ковид-19, така што вкупната бројка […]

ЕУ испраќа авиони, хеликоптери и пожарникари во Македонија, Албанија, Италија и во Грција


  Европската комисија денеска објави дека испратила авиони, хеликоптери и противпожарни екипи во Италија, Грција, Албанија и во Северна Македонија за да им помогнат на тие земји да ги изгаснат шумските пожари. Двајца противпожарни авиони од Франција беа испратени во погодените области во Италија, се вели во соопштението на ЕК. Други два противпожарни авиона од […]

Нормализиран железничкиот сообраќај, машиновозачите го прекинаа бојкотот


Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 14.30 часот е нормализиран. Машинскиот персонал во Железници на РСМ – Транспорт по денешната средба со менаџерскиот тим на претпријатието го прекина бојкотот на работата и е исплатен вториот дел од платата за јуни годинава, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машиновозачите и помошниот персонал. Димовски […]

Груби: Од предвидените административци 92 проценти се распределени на новите работни места


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање истакна дека 92 проценти од сите административци предвидени со програмата за распределба К5, се веќе на новите работни места по институции, вклучително и оние административци кои беа спорни во Државниот пазарен инспекторат. – Од минатата недела веќе сите […]

Белград му прави лоша „услуга“ на Новак Ѓоковиќ


Градските власти го издаваат под закуп големиот спортски центар по услови кои може да ги исполни само фирмата на семејството на Новак Ѓоковиќ   Тендерот за закуп на големиот спортски центар во Белград бил така подготвен за да може да го добие само една фирма – онаа на семејството светскиот тенисер број 1 Новак Ѓоковиќ, […]

(Видео) Пожарот во Пасјак, Делчевско, зафати дел од куќите, населението евакуирано


По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пајсак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на […]

Колку се исплатливи субвенциите што им се даваат на странските инвеститори? Еве како е во Србија


Економистите велат дека целата приказна треба да се гледа од аголот на секоја инвестиција, бидејќи има и добри и лоши примери   Од 2016 до 2020 година, државата субвенционираше повеќе од 80 проекти и им даде на компаниите повеќе од 230 милиони евра. На овој начин се планирало вработување на околу 35.000 луѓе, а секое […]

Ријана сега е милијардерка, вели Форбс


Форбс денес соопшти дека поп-ѕвездата станала „најбогатата музичарка во светот и втора по Опра Винфри како најбогата забавувачка“ САД- Ријана сега е милијардерка, објави Форбс. Ријана – која стана голема славна личност преку нејзината музика, актерската и модната кариера ,  – сега вреди 1,7 милијарди долари, проценува Форбс. Форбс денес соопшти дека станала „најбогатата музичарка […]

Ни добрите кадри не можат да ги преживеат партиските суети


Владата на денешната седница ја разреши Ана Петровска од функцијата в.д. директорка на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и на нејзино место го именува Сретен Стојковски, исто така за в.д. Одлуката е донесена без дебата на седницата со која претседавал првиот вицепремиер, Артан Груби. Причините за разрешувањето на Петровска сѐ уште не се објавени, […]

(Видео) Камбаните бијат за тревога во Пехчево, пожарот се поблиску до градот


Голем пожар се шири во близина на градот Пехчево. На неколку пати бијат камбаните од градската црква за тревога на жителите, сведочат граѓани.  Локален жител на социјалните мрежи сподели фотографии на кои се гледа дека пожарот кој моментално беснее во Пехчево и побара помош од граѓаните и надлежните. „Моментално се случува ова во близина на […]

Градоначалникот на Бутел волонтираше во „Лајка“


Топлиот бран кој што ја зафати нашата држава, но и регионот, има несомнено големо влијание врз сите животни. Јавното претпријатие за благосостојба на животните скитници Лајка во овие жешки денови уште еднаш апелира граѓаните да внимаваат на своите миленици, особено кучињата. Во овој период, грижата и заштитата од топлото време е важно за превенција од […]

Бројот на заразени со корона вирусот во Србија во пораст, денес 487 позитивни


Во последните 24 часа, тестирани се 10.710 лица за корона вирус во Србија, од кои 487 се позитивни, додека, за жал, две лица починаа, јавија српските медиуми. Има и седум пациенти на апарати за дишење. Вчера од вкупно 11.076 тестирани 424 беа позитивни, додека пет лица починаа. Девет лица беа на апарати за дишење. Во текот […]

Злато за Де Грас на трката на 200 метри


Канаѓанецот Андре Де Грас е победник на спринтерската трка на 200 метри на Олимписките игри во Токио. Тој беше пред сите со време од 19,62 секунди, што е и негов личен рекорд. Среброто го освои Американецот Кенет Беднарек со 19,68, а бронзата му припадна на Американецот Ноа Лајс. За потсетување, Де грас во трката на […]

Прва жртва на пожарите во Косово


Едно лице загина во пожар во Ново Село, на околу 50 километри од Приштина, како последица од густиот чад, соопшти косовската полиција. Станува збор за маж, кој најверојатно влегол во штала која била зафатена од пожарот и се задушил. Жртвата била пренесена в болница без знаци на живот. Портпаролот на Агенцијата за управување со вонредни […]