Ријана сега е милијардерка, вели Форбс


Форбс денес соопшти дека поп-ѕвездата станала „најбогатата музичарка во светот и втора по Опра Винфри како најбогата забавувачка“

САД- Ријана сега е милијардерка, објави Форбс.

Ријана – која стана голема славна личност преку нејзината музика, актерската и модната кариера ,  – сега вреди 1,7 милијарди долари, проценува Форбс.

Форбс денес соопшти дека станала „најбогатата музичарка во светот и втора по Опра Винфри како најбогата забавувачка“.

Беше забележано дека поголемиот дел од нејзиното богатство потекнува од не-музички потфати, водени главно од нејзините брендови како Fenty Beauty и Savage x Fenty.

Ријана, позната по своите песни како „Umbrella”, “Only Girl (In the World),” и “Work” е една од најпродаваните музички уметници на сите времиња. Има девет Греми награди, 13 американски музички награди и 12 музички награди Билборд.

Но, во последно време таа го сврте вниманието од музиката и стана моќна во полето на убавината.

Fenty Beauty, која Ријана ја има во заедничко вложување 50-50 со францускиот луксузен конгломерат LVMH, започна во 2017 година и беше инстант хит, бидејќи во првата календарска година брендот донесе повеќе од 550 милиони американски долари годишен приход, според Форбс.

Savage x Fenty, започна со работа во 2018 година и е заедничко вложување со TechStyle Fashion Group (Ријана има 30% сопственички удел, според Форбс), собра финансиски средства од 115 милиони американски долари претходно оваа година, со што вредноста на брендот достигна над 1 милијарда долари. Планот е да се искористи финансирањето за отворање продавници Savage x Fenty. (Инсајдер)