Економијата на САД се зголеми 6,5 отсто во вториот квартал, под очекувањата на аналитичарите


Американската економија забележа раст од 6,5 проценти на годишно ниво во вториот квартал од 2021 година, објави денеска Министерството за трговија. Тоа е мало забрзување на растот на бруто домашниот производ на САД во однос на 6,3 проценти во првиот квартал, но стапката е значително под прогнозата на аналитичарите, кои предвидуваа во просек експанзија од […]

Еве колку заработи АстраЗенека од продажбата на своите вакцини во вториот квартал


Компанијата АстраЗенека  (AstraZeneca) заработи приближно 900 милиони американски долари од продажба на нејзините вакцини против КОВИД-19 во вториот квартал, што е многу помалку од американскиот ривал „Фајзер“, кој инкасираше 7,8 милијарди долари од продажбата на неговата поскапа вакцина во истиот период, објави Фајненшл тајмс. (ФТ) . Англо-шведската фармацевтска група, исто така, во соопштението наведува дека […]

По долго одложување, рускиот научен модул стигна до Меѓународната вселенска станица


По речиси 15 години одложувања и технички застои, новиот руски научен модул наречен „Наука“ денеска успешно се спои со Меѓународната вселенска станица (МВС) во орбитата на Земјата, соопшти руската вселенска агенција „Роскосмос“. Сепак, потребни се уште неколку месеци работа со серија вселенски прошетки на екипажот со цел „Наука“ да може да се користи. Научниот модул полета со […]

По две години пауза повторно ИФАД „Стоби 2021“


Во археолошкиот локалитет „Стоби“ од 3 до 17 август, по две години пауза, ќе се одржи 18. по ред Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, на кој освен од земјава ќе има и по еден театарски ансамбл од Австрија и еден од Босна и Херцеговина во копродукција со македонски театар. Освен претстави ќе има и […]

Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци, поднесена кривична пријава


Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против А.Х.(65) од Тетовска Мала Речица и нејзиниот брат С.С.(56) од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.   Двајцата се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А.Х. му помагала на […]

Германците сѐ помалку работат од дома – се враќаат во канцеларија


Германците во сѐ поголем број се враќаат да работат од канцеларија и на другите работни места, а само четвртина продолжува барем делумно да работат од куќа, јави економскиот институт Ифо. По година и пол од пандемијата корона вирусот четвртина (25,5 отсто) Германците во јули се уште работат од дома, процени Ифо. Тое е нешто помалку […]

Загина возач на патот Ресен – село Царев двор


Во средата, во 17.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-село Царев Двор, после клучката за село Горно Дупени, патничко возило „опел фронтера“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од Ресен, излетало од коловозот. На местото на незгодата починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Собранието ги усвои измените и дополнувањето на Законот за државјанство


Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство. За измените и дополнувањето вкупно гласаа 89 пратеници, од кои 57 „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“. Со измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. […]

Американски дипломат во Мексико силувал 23 жени


Поранешен американски дипломат дрогирал, сексуално злоставувал и фотографирал вкупно 23 жени во текот на 14 години додека работел во американската амбасада во главниот град на Мексико, јави американското министерството за правосудство. Од таму соопштија дека 45-годишниот Брајан Џефри Рејмонд призна вина за наведените злосторства. Може да добие казна доживотен затвор. „Рејмонд го напушти Мексико по […]

УНЕСКО ја прифати апликацијата за градење капацитети на Заводот и музеј – Охрид


Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44. сесија, што се одржува во Фуџу (Народна Република Кина), денеска ја прифати апликацијата „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Rегион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот и музеј –Охрид“. Прифатениот проект за градење […]

Град Скопје ќе го награди со 300.000 денари теквондистот Дејан Георгиевски


На иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје. Георгиевски предмалку слета на […]

Објавена нова карта за состојбата со корона вирус во Европа, Грција во црвено


Европскиот центар за контрола на болести објави нова карта на Европската Унија во врска со состојбата со пандемијата, а на неа се гледа дека речиси цела Грција е во црвено, додека брегот на Хрватска е во портокалово. Континенталниот дел остана зелен, додека северниот дел на Франција, поголемиот дел на Италија се портокалови. Јужниот дел на […]

Заев: Целта е нула царини за стоките и услугите


„Оваа иницијатива менува тектонски сѐ во регионот“, изјави Вучиќ. Рама вели дека другите три земји кои уште не се приклучиле кон иницијативата само грбат време   Премиерот Зоран Заев денеска се заложи целокупната размена на стоки и на услуги помеѓу Македонија, Србија и Албанија да биде без било какви царини или дополнителни давачки, што ќе […]

Пожарникарите гасеа шумски пожар пред Гајре


Четворица пожарникари со само еден камион успеаја да изгаснат пожар на тешко пристапен терен во шумскиот предел над тетовско Гајре. Интервенцијата е извршена во периодот од 13 до 14 часот и 30 минути и на тој начин е спречно да стигне до првите објекти на селото. – За да се спречи ширење на овој пожар […]

ДИК има забелешки на извештајот на ДЗР, повторно ќе ја достави потребната документација


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ја одржа 11 седница на чиј дневен ред беа неколку точки, меѓу кои разгледување на барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател и член и заменик на Општинските изборни комисии (ОИК), случаен избор на претседател, заменик претседател и член и заменик на ОИК чии барања за изземање […]

МОК го награди Георгиевски со 10.000 евра и стипендија за олимпиското сребро


 Парична награда во износ од 10.000 евра и месечна стипендија во висина од 1.000 долари ќе му додели Македонскиот олимписки комитет (МОК) на теквондистот Дејан Георгиевски за освоениот сребрен медал на Игрите во Токио. – Олимпискиот комитет, кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на теквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително […]

Мицкоски ја менува препораката на ОБСЕ – било минимум 1 отсто за независни листи


Поголемите партии изгледа сфатија дека се најдоа во вителот на општото незадоволство од промените во Изборниот законик што сами си ги договорија, па сега бараат начини како да излезат од него. Но со политички фаули и – невистини. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска тврдеше дека во препораките на ОБСЕ/ОДИХР стоело дека за независните листи 1 отсто […]

Дочек на олимпиецот Георгиевски: Овој успех не е само за мене, туку за цела Македонија


Олимпиецот Дејан Георгиевски попладнево слета на скопскиот Аеродром каде беше дочекан од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и стотици навивачи, членови на неговото семејство, претставници на неговиот клуб „Бутел“. Во своето кусо обраќање медалистот истакна: „Благодарност до сите за поддршката. Чувството е одлично. Премногу сум уморен. Покана вечер да дојдете да […]

За шест месеци „Алкалоид“ има 121 ново вработување и 524 милиони денри инвестиции


„Алкалоид“ со инвестиции во износ од над 524 милиони денари, со 121 нови вработувања во земјата и со раст на консолидираниот профит од 14% во периодот јануари-јуни 2021 година Приходи од продажби  Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2021 година, продажбите достигнуваат 4.788.760.106 денари, што е за 1% повеќе во споредба со истиот […]

Нови 54 случаи со Ковид-19, најмногу во Скопје и во Тетово


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вВо последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 16, Тетово – 9, Битола и Дебар – по 6, Куманово – 5, Кочани – 3, Гостивар и Струмица – по 2, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово – по 1. Регистрирани […]