Скарлет Јохансон го тужи „Дизни“ за стрим на „Црна вдовица“


САД– Глумицата Скарлет Јохансон поднесе тужба до Врховниот суд во Лос Анџелес против „Дизни“ за прекршување на договорот, откако компанијата го прикажа филмот „Црна вдовица“ на својата стрим-платформа „Дизни плус“ скоро во истовреме кога започна тој да се прикажува во кината, пренесуваат светските медиуми. Во тужбата се наведува дека Јохансон се договорила со компанијата дека […]

Плажа


ЛЕЈЛА САБИТ Совршено место за несовршено тело и незгоден карактер. Повеќе ни ги открива мааните отколку доблестите. Освен изгледот, топ-формата, и културата на однесување и манирите. Плажата не тера да се доведеме во ред или да го потенцираме нередот. Да внимаваме на ставата или да се препуштиме на хедонизмот. Да се дотераме или стилски да […]

Лондон ќе инвестира стотици милиони фунти за стимулирање одење пеш или со велосипед


Англија – Британската влада ќе инвестира 338 милиони фунти за промовирање на одење пеш и изградба на нови велосипедски патеки. Целта е зголемената пандемиска употреба на велосипеди како превозно средство да остане трајна, како дел од напорите за намалени штетни гасови. Со инвестицијата, што претставува зголемување на буџетот за 30 проценти за активно патување, возењето велосипед […]

Леди Гага гламурозна во трејлерот на најочекуваниот филм на годината „House Of Gucci“ (видео)


САД– Изгледа на Леди Гага, и се смешка награда за улогата како дама од високото друштво Патризија Реџани во претстојниот филм House Of Gucci, кој пристигнува во кината на 24 ноември. Поп-ѕвездата во улога на актерка се појави во нов светкав трејлер, звук следен од „Heart Of Glass“ на Блонди, заедно со нејзиниот партнер во филмот […]

Бајден наложи строги правила за вакцинација за федералните службеници


САД– Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави воведување нови анти-ковид барања, насочени кон зајакнување на стапката на вакцинација за милиони федерални работници и изведувачи, откако изрази загриженост поради големиот број смртни случаи меѓу невакцинираните. Милиони федерални службеници во САД ќе треба да потврдат дека се вакцинирани против коронавирус или ќе треба да носат маски, да […]

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Алесандро Фантони во пијано придружба на маестро Џорџо Мартано


Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на тенорот Алесандро Фантони, во пијано придружба на маестро Џорџо Мартано. Алесандро Фантони е роден во Џенова, студирал на Академијата за опера при операта во Цирих, Швајцарија, а се усовршувал со Роберто Сервиле. Дебитирал покрај него како Габриеле Адорно во „Симоне Боканегра“ и Исмаеле во „Набуко“ […]

Османи домаќин на косовската министерка за надворешни работи и дијаспора Гервала Шварц


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово, Доника Гервала Шварц. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите меѓу двајцата министри се очекува да бидат прашања значајни за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, за подготовките на планираната заедничка […]

АХВ ќе промовира кампањи за значењето на означувањето на храната


Со промоција на две кампањи за подигнување на јавната свест за значењето на означувањето на храната, со фокус на здравствените тврдења и за подобрување на пасивниот надзор над болеста беснило, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го одбележува завршувањето на проектот „Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и […]

Во НУБ дигитална изложба по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески


Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески ќе ја постави дигитална изложба со мултимедијални содржини, насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ на  нејзината и на веб-страницата на Дигиталната библиотека на РСМ – www.nubsk.edu.mk и www.dlib.mk. Изложбата содржи селектиран […]

Мурали на Блаже Конески и Стале Попов среде Прилеп


Во Прилеп осамна муралот во чест на лингвистот и кодификатор на македонскиот јазик Блаже Конески, што беше поздравено од страна на прилепчани, но и пошироко во државата. Ова е второ дело со идејно решение и изведба на познатите прилепски академски ликовни уметници: Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго, по муралот во чест на писателот, […]

„Отворен Балкан“ – една економија, без царини, без задржувања на границите и со сто проценти слободна трговија


Доколку работите одат со предвидениот тек земјава во 2023 година практично нема да има граници со Албанија и Србија. Ова го предвидува иницијативата „Отворен Балкан“ што вчера во Скопје ја потпиша премиерот Зоран Заев со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ во присуство на повеќе од 350 претставници од бизнис секторот од […]

Во Италија активни над 200 пожари


Италија – Италијанските области продолжуваат да се борат со голем број шумски пожари, јави ДПА. Од различни региони се примени 234 барања за помош со цистерни авиони во борбата против пожарите. Активни пожари има во Калабрија, на островот Сицилија и на островот Сардинија. Повеќето од нив започнале поради небрежност или биле предизвикани намерно. Сега има 240 […]

Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува, најмногу активни случаи во Скопје и Тетово, надлежните апелираат на масовно вакцинирање


Во пораст е бројот на заболени од Ковид-19 во државава. Податоците што ги објави вчера Институтот за јавно здравје за претходното деноноќие покажуваат дека при направени 3.764 тестирања се регистрирани 54 нови случаи со Ковид-19, 12 оздравени и нема починати пациенти. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројот […]

Сончево и натпросечно топло со температура до 43 степени


Времето денеска ќе биде  сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 35 до 43 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер од […]

Мицкоски имал лесна сообраќајка во Прилеп


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал лесна сообраќајна незгода во Прилеп, каде денеска ги претставуваше партиските политики. Според информациите, непознато возило удрило странично во автомобилот во кој се превезувал Мицкоски, но освен малата материјална штета, за среќа, нема никакви други последици за патниците кои учествувале во незгодата. После оваа непријатност Мицкоски ја продолжил агендата во […]

Препорака од ЕУ: Не одете на Лефкада, Закинтос и 11 други грчки острови


Грчките острови во јужното Егејско Море се означени со темно црвена боја на картата на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) Ковид-19 во четвртокот по зголемувањето на инфекциите, што значи дека не се препорачуваат патувања, освен оние што се неопходни. Групата од 13 острови ги вклучува најпопуларните грчки дестинации за странски туристи […]

Тројца загинати во шумските пожари на југот на Турција


  Три лица загинаа во шумските пожари во близина на туристичките места на југот на Турција, а десетици села се евакуирани, јавија турските медиуми. Пожарите во шумите на Манавгат, Аланија, Адана, Мерсин, Бодрум и Мармарис, во близина на туристичките места во јужна Турција, брзо се проширија во населените места поради силните ветрови. Турскиот министер за […]

Георгиевски од скопскиот плоштад: Ветивме медал, донесовме сребро, верувам дека следниот ќе биде златен


Македонскиот спортски херој, освојувач на сребрен медал од Олимпијадата во Токио во таеквондо +80 килограми, Дејан Георгиевски вечерва им се обрати на своите поддржувачи на скопскиот плоштад кои дојдоа да го поздрават го поздрават големиот успех. – Немам зборови со кои можам да го опишам чувството. Мојот тренер Дарко Костовски, од трибините ми даваше дополнителна […]

Свечена седница на Комитетот за односи меѓу заедниците по повод одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот рамковен договор


Тогашните политички претставници со безрезервна поддршка и охрабрување од нашите меѓународните стратешки партнери и досега многу пати докажани пријатели, храбро, мудро и со далекувидна визија помогнаа во постигнувањето примирје со отворен и непосреден политички дијалог во убавиот Охрид, град во кој што се постави новата структура за нашата меѓуетничка кохезија со воспоставување на новите правила […]

Пекинг регистрира прв случај на коронавирус по шест месеци


Пекинг го забележа првиот случај на коронавирус за речиси шест месеци или првиот случај по 179 дена, јави Си-Ен-Ен. Веднаш по првиот, пријавен е уште еден. Станува збор за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде се пријавени неколку случаи на инфекција на Делта сојот. Сите контакти на заразената двојка се […]