Мицкоски имал лесна сообраќајка во Прилеп
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал лесна сообраќајна незгода во Прилеп, каде денеска ги претставуваше партиските политики. Според информациите, непознато возило удрило странично во автомобилот во кој се превезувал Мицкоски, но освен малата материјална штета, за среќа, нема никакви други последици за патниците кои учествувале во незгодата.
После оваа непријатност Мицкоски ја продолжил агендата во Прилеп.