Собранието едногласно ја усвои Резолуцијата за преговорите со Бугарија


Во сенка на собирот за инцијитаивата „Отворен Балкан“, пратениците во Собранието ја усвоија Резолуцијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ за одредување на црвените линии во разговорите со Бугарија. Резолуцијата беше донесена речиси едногласно – со 95 гласа „за“, со само еден воздржан и ниту еден глас против. Претходно беше усвоен амандманот поднесен од мнозинството со кој […]

По 60 години обновено училиштето во Заполжани


Училиштето „Пецо Даскалот“ во Заполжани е реновирано по 60 години, а во него, од септември, ќе учат 13 ученици. – Токму тука, 13 деца од оваа учебна година ќе можат да ја следат наставата во нови училишни клупи, со нов прибор, во нови простории комплетно реновирани, саниран кров, како и нови тоалети со воспоставување на […]

Улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари добива и атмосферска канализација


Во тек се градежните работи од третата фаза од реконструкција на улицата „Индира Ганди“ во должина од 811 метри. – Ова е и најлошиот инфраструктурен дел во општината, така што очекувам дека кога ќе ја завршиме, од улица „Гвадалахара“ до улица „Нов живот“, комплетно новата атмосферска канализација во општината, што досега ја немаше, и она […]

Ѓоковиќ експресно го совлада Нишикори за полуфинале на олимпискиот турнир


Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, се пласираше денеска во полуфиналето на олимпискиот турнир во Токио, откако го совлада домашниот тенисер Каи Нишикори со 6:2, 6:0. За пласман меѓу четири најдобри тенисери на Олимписките игри на Ѓоковиќ му беа потребни 70 минути. Ѓоковиќ, кој освои бронзен медал на Игрите во Пекинг во 2008 година, за […]

МЗ: Вчера се вакцинирале 14.230 граѓани, вкупно вакцинирани 506.033


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 506.033 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.770 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.230 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 878.290 дози вакцини, а […]

За Ким Мехмети Македонците се „Славомакедонци“, а Еди Рама „сликарот“


Писателот го омаловажува Еди Рама зaшто ја внесува Албанија во Отворен Балкан и се дружи со „словенските колеги“   Балкан Забележливо е дека албанскиот политички кампус во Македонија се однесува дистанцирано од регионалната иницијатива сега официјално наречена „Отворен Балкан“. И на вклучувањето на албанскиот премиер Еди Рама во овој проект. Рама денеска во Скопје запраша: […]

Шахпаска: Ги намалуваме критериумите за поголем број стечајци да добиваат месечен надомест од 9.242 денари


Постојат стечајци на кои им недостигаат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, образложувајќи го Предлог-законот за стечајци, на денешната собраниска Комисија за труд […]

Многу топло време со високи температури до 6 август, долж Повардарието над 42 степени


Под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Aктивирано e портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот изнесува 9. Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен, […]

Вучиќ: Земјите од Отворен Балкан ќе привлекуваат над 80 отсто од инвестициите во Западен Балкан


  Иницијативата Отворен Балкан ќе им овозможи на трите земји кои во неа учествуваат да привлекуваат над 80 отсто од странските инвестиции во Западен Балкан, рече на прес конференција српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој рече дека во изминатите три години Србија привлекла околу 60 отсто од странските инвестиции во регионот, и смета дека иницијативата Отворен […]

ЛГБТ стигна и на Триглав, заедно со Михаел Рот


Највисоката планина во Словенија не е само за достоинственици со хеликоптери – тоа е пораката од врвот Триглав од тим на социјалдемократите, вклучително и германскиот министер за европски прашања Михаел Рот. ЕУ „ЕУ е Унија на еднаквост и ЛГБТ зона на слобода. Секогаш. Насекаде“, напиша тој на Твитер, заблагодарувајќи им се на европратениците Тања Фајон […]

Нуредини: УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство


Нашата држава доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово. Имено, локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од  човекот во последните 100 години е призната за Светско […]

Се реактивираат мобилните тимови за борба против трговијата со луѓе


Во рамки на одбележувањето на 30 јули – Светскиот ден за борба против трговијата со луѓе, денеска Министерстввото за внатрешни работи, заедно со Министерството за труд и социјална политика и невладините организации, со поддршка на ИОМ, ги реактивираа мобилните тимови за идентификација на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе. Целта на мобилните тимови, […]

За Антикорупциска брзањето со Изборниот законик е политичка корупција


Класичен пример на политичка корупција – вака го оценува Антикорупциската комисија брзото носење на измените на Изборниот законик со потписите на четирите најголеми партии во Собранието. „Носењето на измените во Изборниот законик по ‘ултра’ скратена постапка се спротивни на мерките и активностите, што во рамките на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на […]

Средба Вучиќ – Панчев во Скопје


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Скопје, на маргините на својата агенда оствари средба со еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња Дарко Панчев. Вучиќ извести за средбата со поранешниот фудбалер на Вардар и Црвена ѕвезда на социјалните мрежи, објавувајќи заедничка фотографија на својот официјален Инстаграм […]

И фонтаната зад ТЦ „Бисер“ ќе стане градина


Почнуваат подготовките за реализација на основниот проект за хортикултурно и партерно уредување на просторот зад ТЦ „Бисер“. Проектот опфаќа поплочување на постојната површина со сосема нов и модерен дизајн, модерна урбана опрема, клупи за седење, фонтани за пиење вода, ново осветлување, а ќе бидат поставени и висечки жардиниери. Старата и нефункционална фонтана ќе се преуреди […]

Скопје колабира од високи температури


Зголемен е бројот на повици во Службата за Итна медицинска помош во Скопје, а екипите интервенираат дневно кај стотина случаи. Дневно има и од осум до десет колапси. Ова за МИА го изјави раководителката на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, Милица Бубало. Таа посочи дека граѓаните кои бараат помош не се […]

„Порше“ вложува 63 милиони евра во нова германска вселенска агенција


САД – Автомобилската компанија „Порше аутомобил холдинг СЕ“, која меѓу другото ја контролира и „Фолксваген групацијата“, е најновиот голем инвеститор којшто се стреми кон улога во вселенската трка, преку развој на ракети и на технологиите на иднината. Компанијата, која е во мнозинска сопственост на семејството Порше-Пих од 1931 година, најави инвестиција во германската „Исар аероспејс“ – […]

Нула минути чекање на граница и една работна дозвола – бара бизнис заедницата


„Нула минути на граница“, тоа е нашата цел, им порачаа денеска стопанствениците на политичките лидери Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ. На економскиот панел во рамки на Регионалниот економски форум, бизнис заедницата укажа и на потребата од воведување една работна дозвола. -Без нула минути не можеме да бидеме конкуреннти во ЕУ. Од друга страна, […]

Мини Шенген стана „Отворен Балкан“


  Иницијативата досега позната како „Мини Шенген“ се преименува во „Отворен Балкан“ (Open Balkan) откако денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Македонија Зоран Заев и на Албанија, Еди Рама, потпишаа еден договор и два меморандуми со кои ќе се овозможи слободен проток на луѓе стоки, услуги и капитал и ќе се елиминира […]